Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте посакале да сте машко?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 4 јуни 2010.

?

Дали некогаш сте посакале да сте машко?

  1. Да

    310 глас(а)
    83,1%
  2. Не

    63 глас(а)
    16,9%
  1. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.145
    Супер ми е вака бре, не би сакала ко машко да се родам :shake: :lol:

    Мада, има некои случаи кога ми прелетува тоа низ глава :!: . Пример, кога имам добиено, тогаш обавезително ја пцујам Ева и тоа дека со рати крваво ќе му исплаќа на дедо Боже :( :rofl: , кога се депилирам, и така ѕверски ми ги корнат влакната ;( , кога ќе ми излезе прерамка од градникот |( итн .....

    Али сепак, убаво ми е што сум женско. Можам кога сакам да си плачам, да се мазам, да се шминкам, да се дотерувам, и најбитно ...... јас имам гради :!: :rofl: :rofl:
     
  2. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Не некогаш туку секогаш :D
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Да кога имам менструација, кога бившиот ми го скрши срцето и кога се нервирам што да облечам, а каснам :D
     
  4. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Многу пати сум посакала да сум машко.Машкото е како гостин во куќата,додека женското мора да ги извршува сите обврски.Сите нервози се на женското а машкото боли го уво за се.Зато на овој свет само да си МАЖ.
     
  5. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Ехехеееееее, колку пати тоа ми иде на ум, посебно кога треба да се депилирам или кога имам менструација :D
     
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    да секогаш кога ќе ми речат, да правам нешто, што можи и друг да го направи само заради тоа што сум женско.и сите болки , што треба да ги трпам, само оти сум женско, од типот, депилација, кубење врѓи пмс, раѓање деца, претрпување на најголемиот срам, генеколошки преглед итн итн...
     
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Да, скоро секогаш кога ќе ми се примоча а сум надвор некаде.
    Најубаво да си го извадиш мочалото и да свршиш работа стоечки. А пипи не ми спомињајте, гадно ми е да го замислам :)
     
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Порано почесто ми доаѓаше помислата дека сакам да сум машко.Откако размислив сфатив дека најдобрата комбинација е да размислуваш како машко, а да имаш женско тело :rock:
     
    На Lolo5, slobodka и Queen-Nefertiti им се допаѓа ова.
  9. Queen-Nefertiti

    Queen-Nefertiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    46
    Сакаммммммм ама нема јбг :rofl:

    Позз до сите што посакале барем еден ден да бидат машки
    чисто за да се осетат предностите и слабостите

    Еве една песна со поздравот
    малку турбо-фолк
    :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=D3BB4X5WNGI
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Да безброј пати.
     
  11. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Секој пат кога ќе ми дојде!
     
  12. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Секој ден, минута, секунда. ;(
     
  13. EleonoraGomez

    EleonoraGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    3
    Колку е убаво да бидеш машко...Ни мора да трошиш многу пари за облека,ни да плаќаш за фризури и шминка...А исто така и во WC идеш сам,без твоите другари :D
     
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Мнооооогу пати, и сега посакувам да сум машкооооо!
     
  15. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    О повеќе пати, ама во последно време и нешто си размислувам, па денеска и нема некоја поголема разлика меѓу мажите и жените за среќа или на жалост кој како си го сфаќа тоа
     
  16. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    да :) повеќе пати.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Само кога ќе ми дојде теткава од Америка :rofl: што значи скоро често :rofl: маки се тоа, менуваш триста расположенија во секунда :worried: |( исто како да си во климакс :D :worried:
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.090
    Пол:
    Женски
    Да, го посакувам тоа кога ќе ми текне дека треба да раѓам деца :sweat: :tmi:
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Па нема некоја разлика,освен меѓу нозете,не? :^) :D Ма да денес и тоа се средува.
    Шала на страна,многу стана лесно да си машко.Ниту треба да си каваљер,ниту глава на семејството,ни дома повеќе пари да носиш...Сето тоа го може и жената. :D Ах какви времиња дојдоа.. 8)
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Не дека немало моменти кога сум си рекла зошто не сум машко па на нив се им е полесно, но тоа ми траело секогаш две секунди. Уживам што сум женско, ма жената навистина е прекрасно суштество! И повторно да се родам повторно би сакала да сум женско. :)

    Колку вреди жената?

    -Кога Бог ја создавал жената на шестиот ден, дошол еден ангел и Го прашал: Зошто трошиш толку многу време на неа?

    -Бог му одговорил: Ги виде ли ти сите спецификации што ги поставив за ја создадам според нив? Мора да знае да пере, ама да не биде од пластика, да има повеќе од 200 подвижни зглобови, секоја диета треба да биде ефикасна и треба да има прегратка за најмалку 4 деца..., но во исто време треба да има бакнеж со кој ќе може да излечи од повредено колено па се до скршено срце... и сето ова ќе треба да го прави само со 2 раце.

    -Ангелот се зачудил на сите тие спецификации и рекол: Се само со 2 раце? ... Невозможно! И ова е само стандарден модел? Тоа е многу работа за еден ден... почекај до утре па заврши ја.

    -Бог се воспротивил: Толку блиску сум да го завршам ова битие, кое му е толку драго на моето срце. Кога ќе се разболе, сама се изборува да оздрави и може да работи 18 часа дневно.

    -Ангелот се приближил и ја допрел жената. Боже си ја направил толку мека.

    -Да, мека е, рече Бог, но ја направив да има и сила. Нема да веруваш што се може да направи и да издржи.

    -Ангелот праша: Може ли да мисли?

    -Не само што може да мисли, туку може да соработува и да прави договори, одговори Бог.

    -Ангелот видел нешто што му го привлекло вниманието и го допрел лицето на жената: Боже изгледа дека моделов има еден пропуст. Ти реков да не ставаш толку многу работи на неа.

    -Не е тоа никаков пропуст, одговори Бог. Тоа е солза.

    -Тогаш ангелот прашал: Па зошто е тоа?

    -Бог одговори: Солзата е нејзиниот начин да се изрази, да ја изрази нејзината тага, нејзината љубов, нејзината осаменост и нејзината болка.

    -Ова оставило силен впечаток врз ангелот: Ти си гениј Боже, на се си мислел. Жената навистина е прекрасно суштество!

    Тоа е вистина! Жената има сила, на која може да и се восхитува. Поднесува тешкотија, тага, но знае за среќа, љубов и свое мислење. Тие се смеат кога сакаат да вриснат. Жените пеат кога сакаат да плачат. Плачат кога се среќни и се смешкаат кога се нервозни. Се борат за она во што веруваат. Тие се против неправдата. Не прифаќаат "НЕ" за одговор, ако има друго подобро решение. Даваат се од себе за своето семејство. Ја придружуваат својата пријателка на лекар, кога таа се плаши да отиде. И жените љубат без граница... Тие плачат кога нивните деца ќе доживеат нешто ново во животот и се радуваат на добрината на своите пријатели. Тие се радуваат кога ќе слушнат за некое раѓање или венчавка. Срцето им се крши кога ќе слушнат за смртта на некоја драга личност. Тагуваат за изгубените, сакани личности, но силни се и кога повеќе нема за што да се борат. Жените знаат дека со една прегратка или бакнеж, можат да излечат скршено срце.

    Но има една маана кај нив: Жените не знаат колку вредат.

    Жени бидете жени, такви какви што сте. Навистина Бог знаел што да вложи во нас и тоа што го вложил е единствено, незаменливо и скапоцено.
     
    На Lolo5 и moonlight-girl.55 им се допаѓа ова.