Па кога почнаа да стануваат измазнети без ниедно влакно на себе и искварцани од солариум (нормално дека машко треба да се грижи за себе и да се средува, ама па не до толку... изгледа како многу од нас што сакаат да бидат мажи, многу и од нив сакаат да бидат жени ... ) не ме чуди и тоа да почнат да го "средуваат"... море фала Богу си имам еден исклучок покрај мене, само од ден на ден тие исклучоци се потешко се наоѓаат. Да, сакав порано да бидам машко, нели тие важеа за попривилегирани, ама после еден муабет со една другарка што ми рече ние женските сите сме сакале да бидеме мажи ама да си маж било потешко требало да храниш фамилија, да се грижиш за истата и тогаш подразмислив малку ама нешто друго ми текна: какво хранење фамилија какво носење пари дома кога денес истото и жените го прават, секој себеси се храни со свои пари а познавам и жени што не знаат ни јајце да спржат а мажите им готват дома со прегачата значи нема повеќе привилегиран пол, сите сме еднакви, епа кога сме сите еднакви што ќе ни е да бидеме мажи т.е да сакаме да бидеме нешто што не сме , е сега да беше се исто како пред 10 години друго ќе зборував ама тоа е времињата се такви...
Да! Посакувам да сум машко поради многу причини. Тие не раѓаат, иако стануваат родители и учествуваат во тој процес. Тие немаат ПМС Тие немаат менструација, па за да ги кине стомакот Тие немаат толку трошење на време за спремање Тие не пеглаат,перат,чистат,мијат садови итн. Лесно им е кога ке видиш, но не и многу. Они се тие кои што се темел на семејството Како и да е горда сум што сум женско, би се сменила за машко само на еден ден, на ништо повеќе
Да секако, кога сум имала добиено а баш тогаш сум била на одмор. Понекогаш и од љубопитност, чисто да видам како е. Сепак горда сум што сум женско.
Па можеби порано, сега веќе освен меѓу нозете и не правам некоја разлика меѓу мажи и жени. Ако бев машко ќе требаше секој ден да се бричам, да се депилирам целосно, дури и гради, грб(АУЧ), ќе се дотерував приближно временски исто како девојчињата-може и повеќе, единствено немаше секој месец еден-два дена да ми поминуваа во лежење и клукање со кетонал/вентор/аналгин х2/кафетин менструал и немаше да раѓам и дојам. Што знам, во денешно време некако скоро исто ми се фаќа кој пол сум
Сум посакала да сум машко онака чисто од љубопитност, давидам како е да имаш машки памет и се остало.
Што ќе ти машки памет.. Е јас пред некој ден и реков на мајка ми, еј мамо што ти текна девојче да ме родиш, за секој месец СТОМАКОВ да ме боли?!
Ехееееее колку имам мислено на ова тема.Дури и изглед и име и све си имам замислено Не морат да депилирет нозе,раце.Можат да си дозволат и она брадана само шо требит да ја бричет да си ја остает да им пораснит.Ние недај Боже да излезиме со мустаци Плус не добивет секој месец
Охооо, многу пати. Ама само на неколку дена. Им се воодушевувам колку им е полесно отколку на нас женските. Нит добиваат па цела недела да се во аут, нит мораат секоја недела да се депилираат на цело тело, нит се замараат за некоја типка - сакаш, нејкеш, нема тупење глава ( едино ретки исклучоци ), многу е полесно од оваа гледна точка. Посебно сакам да видам на кој начин размислуваат, колкава е разликата помеѓу машко и женско пријателство, и вечното прашање - оргазам. Но, никогаш не би ја менувала мојата женска природа. Шминкање, облекување, штикли, трачеви, кафиња, мазење, па има ли нешто поубаво?
Убаво е да бидеш машко на еден ден..но само на еден ден..не им е лесно и на нив мора да признаеме а девојки?? поред нас и они сакаат да станат девојки би сакала на еден ден да бидам машко да одморам од се без проблеми, без никој да ми рече памет во глава ЖЕНСКО СИ! охх божее .. кога подобро ќе размислам поубаво е да си од женска природа имаш повише привилегии
Секојпат пред излегување некаде, пред одење на свадби и сл. свечености... Што да носам, дали ми е исперено и испеглано, дали фустанот одговара со чевлите, а имам ли ташна што ќе оди со нив, нокти, накит, фризура-сама или на фризер? Ми се скинале хулахопките, од новите чевли ми се јавува плускавец и одвај одам... А тој се тушира, бричи, облекува кошула и панталони, и неговото е завршено...
Некогаш! И двата пола имаат свои поволности дефинитивноо!! Но,убаво ми е вака...некогаш ги сакам женственоста,сексапилот кој го имаме....но во оние денови од месецот...тогаш би сакала да сум машко!
Сакам, но само за еден ден, или пробно онака, немам некоја посебна желба да бидам машко, убаво ми е вака, немам ни болна менструација, за раѓање уште ми е рано да мислам, па ако сакаш можеш и да не раѓаш, а мажите денес... кога ќе ги загледаш поголемиот дел, или феминизирани, или тешки сељаци, или силеџии, или папучари, ретко некој погоден
уживам во тоа што сум женско и уживам во благодетите кои ми ги носи овој пол... но имало животни ситуации во кои на машките им е полесно, па им завидувам тогаш
Понекогаш им завидувам...... и имам желба да сум машко али тоа е ... па у секој случај ние сме подобри