Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте посакале да сте машко?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 4 јуни 2010.

?

Дали некогаш сте посакале да сте машко?

  1. Да

    310 глас(а)
    83,1%
  2. Не

    63 глас(а)
    16,9%
  1. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Родена сум со таков дух ... од секад сум сакала да сум машко во врска со се и сешто , денес иако сум поголема ама знам да си се облечам у дрес и широко и да фурам ко машко
    Си се љубам ваква со ваков дух :inlove:
     
  3. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    некогаш?! ја само си посакувам да сум машко да се одморам од месечни циклуси и депилации и ред други глупости..:devil:
    http://www.youtube.com/watch?v=AWpsOqh8q0M&ob=av2e :angel:
     
    На barby му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Да... и после ќе поминам покрај Бата или Графити..или ќе видам Лобутанки на нет. И неќум инстантно НЕЌУМ.
     
  5. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Некогаш не туку секогаш :D омилена желба ми е да сум машко!
     
  6. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.501
    Пол:
    Женски
    не! супер ми е вака не би имала причина да сакам да сум машко
     
  7. barbiche

    barbiche Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    120
    Колку пати само сум посакала .. Си велев ех да бев машко ке ги смував сите јаки девојки..
    Сега кога ке размислам , да бев машко ке си најдев една девојка , ке и ги симнев ѕвездите, ке направев да се чувствува една, единствена..
    А вака како чупе сеуште го барам вистинскио. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    НЕ НИКОГАШ
     
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Да.

    Кога ќе си го видам целулитот или кога ќе застанам пред плакар и се чудам што да облечам. :^)

    Исто и кога се замарам со некои дебилни работи, на пример одам на роденден и бојата на украсната ќесичка мора да одговара со бојата на поклончето макар тоа да значело дека цело Скопје треба да го превртам за да најдам иста нијанса. |(

    Кога солзи ми течат поради неибежните депилации, кога не можам да станам од кревет поради месечниот циклус.

    ..Катастрофа.
     
    На Lolo5 и barbiche им се допаѓа ова.
  10. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум посакала ама само поради тешките моменти кои жената ги доживува како менструации,раѓања,и чуда! Иначе сакам да сум жена и мило ми е што сум!! ;)
     
  11. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.450
    Сум посакала многу, многу пати, ама убаво ми е и вака. Штом не можам да сменам се тешам сама :?: :D :D :D :D
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    сум посакала и тоа милион пати
    пред некој ден читав на нет едно Мк списание пишуваше дека во Германија за 30 000 евра се прави операција од машко-женско (незнам кој будала би отишол освен можда гејовите)
     
  13. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Неколку пати кога сум имала ептеееееен болни менструации :D
     
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Ехе да беше само еднаш :D . Секогаш кога ќе имам болна или обилна менструација за еднаш бар во месецот да не трпам нето такво. Кога ќе бидам излезена надвор и ќе ми се оди во веце, машките полесно се снаоѓаат ние треба да најдеме веце ако не дури дома кога ќе дојдеш ќе си трпиш. Да ги видам чуствата спрема љубената, што и како навистина машките чуствуваат спрема онаа која ја сакаат. Да видам како е да се биде со нивен полов орган. Да видам шти мислат за било која ситуација. И има и други причини зашто сум посакувала да бидам машко (макар некогаш и на еден ден). Но сепак поубаво ми е како женско, мада мислам дека повеќе во животот би се снашла како машко (бар јас). :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    ДА!Многу пати.............
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Да, сум посакала.

    - Најмногу сум посакала, кога сум се нашла во ситуација сама да треба да одам некаде доцна во ноќта, ми фуфка бе, те гледаат манијаци со лиги в уста и со светнати очи, како женско да немаат видено. И тогаш што си мислам: Ех, како не бев машко :sweat:

    - Друга работа што ми се допаѓа кај машките е тоа што мислам дека имаат поцврсти и поубави пријателства. Нормално дека и кај нив постои љубомора, завидливост итн.ама не колку кај нас женските.
    Многу повеќе се дружат, многу поголеми друштва имаат, и многу повеќе си помагаат откако ние.

    -Има моменти кога посакувам да сум машко и при менструација и депилација :lol:
    Зошто толку нас да не боли, а нив не? Зошто кај мажите влакната да се секси и мажествени, а кај женските да се грозни? :devil:
    Ама не ми е толку битно ова, ретки се тие моменти, јас сум храбра жеснка :D
     
    На Lolo5 и Rosewood им се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Последните неколку месеци да! Ама тоа оти многу го читам Мураками :D

    Чат пат другаркит околу мене стварно ми се како кокошки и малце ми се смешни нивните ставови и проблемчиња и кога гледам дека не прифаќаат помош бегам со мојот најдобар другар. Ама финтата е тоа што и тој ме смета за кокошка :D

    Па би сакала да сум машко и да свирам гитара, да се сакам силно со некоја девојка и да донесувам многу во мојот стан. :D
    Сигурно би била некој скриен уметник што се лечи спиејќи со многу девојки. Ама тоа можеби оти ја читам Љубов во време на колера :)

    Шо знам... некогаш е убаво да си маж :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Мхм, само од една причина..
    [​IMG]
    Инаку не. :)
     
    На Lolo5 и gothchick им се допаѓа ова.
  19. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    не убаво ми е вака.
     
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Да. Сум сакала, сакам и ќе сакам!