Незнам дали е нормално ама многу често мислам на тоа како е да си машко.. На мајка ми и кажале дека има машко дете па се спремале на машко и на крај оп женскоо Ту како не ги слушав докторите Ама па коа ке видиш добро е и вака
Не! Ние сме дефиниција за убавина девојки Колку е убаво женското тело.. гради, газе, струкче.... А машко голо? па уште да има само боксерици и чорапи на него, и се разбира најголем дел од лепотата е во влакнестите подкривени према надвор нозе милина! Едино што трпиме болка додека се депилираме, пораѓаме, чупаме, добиваме... Додуша кога ќе размислам два пати, денес толку многу машки подржуваат мазно машко тело, и средени веѓи... па и не сме така различни ахх..и за малку ќе заборавев, како би ви било доколку додека трчате нешто ви се мава од нозе? ужас.
Во многу ситуации сум посакала да сум машко и тоа од многу причини а не од една или две,да не се нервирам дали косата ми е средена дали е права или некаде се извикала,да не стискам заби при депилациа,да не сум во дилема 5,6 дена да не ми е протекло да не трпам болки при менстуација, и ред други работи и најбитното нешто поради кое сакам да сум машко е кога некој ќе ми згази на нерв и ми се мота низ глава: Ех што не сум машко па да му удрам два,три бокса
да , сум посакала многу пати, ама кога ке размислам дека ЖЕНА претставува (сензуалност, сексуалност, и женственост пред се ) нешто што припадниците на посилниот пол може да сонуваат и неможат без жена колку и да се обидува СЕ ГОРДЕАМ што сум жена
Да, ама кога и ќе подразмислам мааааалку подобро, сепак не. Не би ми било некое посебно искуство, па затоа би посакала машко да биде барем еден ден женче, посебно за време на циклус и тоа прв или втор ден - по можност најболниот. Па да го пекнат јајници, половини и цел абдоменален дел, па да види дали после ќе плука и пцуе по мајки, тетки, стрини, и остали женски битија!
Па да кога ќе размислам нив полесно им е за повеќето работи....исто изгледаат и преку ден и кога ќе станат од спиење, косата иста, не се секираат дали им е добра формата, дали им се извиткала/исправила, не треба да се шминкаат, да се депилираат и чупаат, немаат менструација и најважно не треба да раѓаат...уфф само заради раѓањето со машко би се заменила иако ми е ептен рано, барем десет години треба да поминат
Да многупати сум посакала да сум машко, пример кога се депилирам, кога ќе ги ипијам лековите за циклус и кога ќе ми дојде, и кога стомакот ме боли ужано, сум посакала да сум машко и кога срцето ми било скршено секогаш велев арно им е на машкиве не им е гајле за ништо ќе скршат нечие срце и не се замараат
Не. Ниту кога имам добиено, ниту на депилација. Женско сум и убаво ми е и покрај болката која ја претрпувам понекогаш. Вакви работи ми се сосема занемарливи. Но, сум помислила во друг контекст. И покрај сета таа рамноправност меѓу мажот и жената можам да кажам дека на мажот му е полесно да успее во поле на работа. Не сакате да верувате можеби, но така е. Жената секогаш треба повеќе да се докажува а некогаш заради стереотипите губи предност и тоа во денешницава е непобитен факт. Не велам дека не може да успее, се разбира дека може но не е исто за жал.
da da da...многу често сакам и посакувам да сум машко.... и сакам да сум машко и да бев ке поше поубав зивотов мој!...
Лага е ако одречам дека 100 пати сум си ја рекла реченицава како што е насловена темава, ама искрено не сум ја посакала, туку во нервоза ја кажувам. Секој пат кога ќе застанам пред плакар и се туфкам што да искомбинирам, секој пат кога се депилирам, секој пат кога правам план што се ми е потребно од облека,чевли,чанта,аксесорис, секој пат кога морам да ја горам косата и да и ставам јајца и што ти не, секој пат кога неможам раат да се избањам во 10 дневниот годишен одмор, кога мислам какви нокти и фризура да пробам, секој пат кога се спремам 4часа и каснам на крајот!!!! Ама сепак си го сакам својот пол и сум среќна што сум женско, и покрај сите „маки“.