Дали некогаш сте сакале да се сетите на нешто, а не сте можеле?

Дискусија во 'Психологија' започната од den-i-nokj, 18 март 2010.

  1. den-i-nokj

    den-i-nokj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Da ve prasam , dali ve se slucilo da vi se motaat trista filmovi vo glava i da sakate da se setite na neso a da ne mozete , nesto od detstvoto na primer. Da mislite deka ste napravile nekoja greska ali neso so ne e definirano :). Moze smesno zvuci ova ali na primer da ne vi teknuva dali ste se muvale ili nedaj boze neso povekje se nekoj od 6-7 oddelenie ili samo se izmislotini so od tolku mislenje pa glava boli.
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.128
    Пол:
    Женски
    Вака,не ми се вртеле триста филмови во глава,тие филмови се всушност нашите мисли кои се наши но и кои се непоканети,односно се појавуваат од нигде,кои не сте ги мислеле,нити па ви текнало.Човек на некои работи од детството неможе да се сети,затоа што кога е дете,значи децата се несвесни,немаат мисли,чисти се,затоа и најчесто се случува во тинејџерскиот период да веруваат секому или да потпаднуваат под туѓи влијанија.Најчесто се сеќаваме на некои поединечни работи во детсвото кои што ни оставиле некаков впечаток или оставиле трага некаква.Јас се сеќавам на некои работи, а на некои не,дури понекогаш ми се случува да сретнувам луѓе првпат во мојот живот,но не првпат,туку јас сум ги сретнала во детсвото и и да речам повторно ги сретнувам на мои 21/22 години и обично знаат да ми кажат или пак некои од моја фамилија,да ми кажат како „ зарем не се сеќаваш на овие луѓе “ тоа ми се случило.Тие филмови што ни се вртат во глава,немаат врска со реалноста,нашиот живот,може и да не се сеќаваме ако сме биле пијани,па сакаш на некој начин да избришеш некого од својот живот,а после тоа да ти доаѓа информација во глава дека тој човек го знаеш од негде.Грешки секој прави во животот,мали или големи,нема недефинирани грешки,затоа што не си свесен кога ја правиш грешката и зато мислиш дека има недефинирани грешки.Секоја мисла во нашиот мозок доаѓа како информација од нашето минато или пак како што кажав се појавува од нигде,има влијание ако ја прифатиш,ако не нема.
     
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.339
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено во моментот да не ми текнува на нешто
    на пример пред некој ден
    не ми текнуваше едно име на еден портал на кој што немам одамна појдено.
    Не ми се мотаат триста филмови во глава , ама многу мисли да! Знам како помала имав илјадници прашања , но сега гледам дека со тек на време полека полека си го наоѓам одговорот на нив.
    Од кога бев многу мала не се сеќавам на сите работи , но има некои кои што ми оставиле голем впечаток и ги имам врежано во меморија и се сеќавам на нив многу јасно.
     
  4. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    136
    постојано ми се случува ова. А најлошо е што ќе се сетам кога нема потреба.
    порано ми се случуваше од алкохол цели дупки во паметов имав.
    знам еднаш отидов во продавница и се укочив во моментот не знаев по што тргнав да купам, а луѓе позади мене чекаат па мораше да се јавувам дома за да ми кажат :$
    на сите ни се случуваат вакви работи ништо страшно :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Да,а најмногу на испит. :rofl:
     
    На Bitter-Sweet, franca и ohoho им се допаѓа ова.
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    :D :D :D Мене на матурата ми се случи
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Ехееее колку пати...
    Во моментот и да сакам нема да ми текне. Ќе ми текне подоцна, кога воопшто нема да мислам.
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.804
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случило безброј пати. НАлет се, кога веќе не ми треба нештото тогаш ми текнува :!: :D И мислам дека е нормално понекогаш да ти се блокира мозокот. :?: А на испит тоа веќе извежбано ми е да заборавам :lol:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.356
    Не. :( и ќе кажам дека сум тажна, затоа што имам неверојатно паметење, како слон, плус и делумно фотографско помнење, мозокот ми е преполн се' и сешто, ми се чини никогаш не се прави reset.

    Понекогаш ќе полудам, паметам такви ситници, работи, детаљи кои другите не ги ни забележале, а да не зборувам за тоа што ми се има случено. Се' ми е врежано во меморија, никогаш не сум заборавила ништо, ниту на испит, ниту никаде. Ужас, ужас... Не е некоја посебно добра работа инаку.
     
  10. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.367
    Допаѓања:
    3.240
    Леле колку пати ми се случило :lol: колку сум се мачела, а никако да ми текне :lol:
     
  11. glammur

    glammur Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    19
    Уф, често ми се случува ова. Посебно на тестови и тогаш ептен се нервирам. Или на пример кога раскажувам нешто или сакам нешто да кажам и некој ќе ме прекине и ќе ми каже „ај кажи што сакаше да кажеш“ и ја таква :?: не знам што сум сакала да кажам и не можам да се сетам и после пола саат ќе ми текне. Инаку памтам некои работи и колку и да сакам да ги избришам од меморијата не можам и кога на нешто ќе помислам, сакам да не мислам на тоа, ама пак ќе се навратам на истото.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    10.736
    Пол:
    Женски
    Често ми се случува ова. Кога разговарам со другарки или со дечко ми и сакам да им кажам нешто, се обидувам да се сетам што сакам да им кажам, ама неможам. Дури после некое време ми текнува што сум сакала да им кажам.
     
  13. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.109
    хахахаха исто и мене :$
    Најчесто кога ќе ме прекине во муабет и ај после сети се :devil:
     
  14. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    77
    Да да .. многу се нервирам така.
    Значи дома се ке смислам како да кажам, милиоон филмчиња ми се мотаат низ глава, и после одеднаш ги заборавам.
    Така ми се случува кога ќе зборам со другарки, братучедки.
    Иии дури подоцна ќе ми текне што сум требала да кажам, али касно е веќе! :)
     
  15. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    218
    Зошто не е добро? Камо и јас да можам да не заборавам,поготово на испит :) А стварно ме интересира зошто велиш дека не е добро тоа што имаш добро памтење? :^)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.356
    Не знам, понекогаш мислам дека ќе ме доведе до лудило. Сериозно не заборавам работи, ама воопшто. Стојам пред книжарница да речеме, секоја можна книга што ќе ја видам, прочитана или не, месеци подоцна паметам каде сум ја видела, која до која стоеле, кој е авторот...
    Од една страна е убаво, јас некаде споменав дека немам паднато ниту еден испит (не се фалам воопшто), туку посочувам само дека се што ми е прочитано веќе не излегува од мене. Ми доаѓаат чудни работи на памет, зборуваме за некој настан пред 5 години да речеме, а јас паметам кој како бил облечен, што точно сме кажале или направиле.
    За некои работи во животот и те како сакам да си има ресет копче. ;)
    Колку корисни, толку и некорисни информации имам во главата, за тоа делумно ја обвинувам и фотографската меморија.
    Се плашам дека на стари години нервно ќе попуштам и од толку паметење, ќе станам жива склеротична. :(
     
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.001
    ми се случило да се сеќавам но не докрај, како под јазикот да ми е... и после веке од кога нема да ми треба од некаде ке ми текне :D
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.452
    Same goes here.
    На моменти мислам дека сум луда па верувам тоа го помислиле и тие околу мене. Самите тие не паметат, важно мене ми се врежало во меморија дека на шести април 2009 носеле зелени чорапи. -.-

    Во последно време меморијава почнува да ме изневерува малку, но се враќам полека полека пак старата јас.
    Дечко ми ме викаше слон, нешто неверојатно убаво. :D
    Дали да плачам, дали да се смејам на ова? :^)
     
  19. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.330
    Јас слично како Трендафилка, премногу детали помнам, од кога сум била дури и премала се сеќавам на некои работи, кога ке ги кажам дома ми се чудат. Памтам се што ке ми остави впечаток, и до толку визуелизирам што некогаш нешто што сум си замислила го памтам дури и како што ми е замислено, реченици цели од а до ш ги памтам од филмови пред којзнае колку време што сум ги гледала, бројки на сите им ги знам броевите, мислам дека ми вире мозоков од броеви, кога купувам алишта во секоја продавница како да сликам кое каде е, можам да се вратам после и за една секунда да најдам се. Е сега ми се има случено не знам колку е нормално, многу пати на сабалје кога ке станам не помнам дали сум на факултет, зошто ми звони алармот, кај треба да одам, тотално изгубена едно 10-15 минути на ништо не ми текнува, значи тотално немам врска што треба да направам. Не знам дали е ова за загрижување :worried: го мачи некој нешто слично?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.734
    Допаѓања:
    34.054
    Јас сакам нешто да кажам, а потоа во следната секунда го заборавам. Празно ми останува, па ми треба време да се сетам. Не ми текнуваше чичко ми како се вика. Јес да не зборат со татко ми, ама сепак бре го знам човекот, сме биле некогаш блиски. И толку се изнервирав што му се јавив на татко ми во ниедно време... Јас не памтам. Се си запишувам. АКо не запишам нема ни да ми текне.