Дали некогаш сте сакале да се сетите на нешто, а не сте можеле?

Дискусија во 'Психологија' започната од den-i-nokj, 18 март 2010.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    16.478
    Пол:
    Женски
    Интересно, но претпоставувам колку е тешко кога сакаш да заборавиш на некои непријатни и болни случки, мислам дека на лошите работи сите се сеќаваме без да сакаме а добрите работи ги забораваме, барем кај мене е така. За испити ми било различно, она што ме интересира не го заборавам, но некои работи што ми било напорно да ги учам зашто не ми биле интересни на испит, ги заборавав.
    А ми се случува во одреден момент да зборувам а истовремено да мислам на нешто друго и да заборавам на ова првово и после се мачам да ми текне а не ми текнува и не само што е непријатно туку почнувам да се нервирам и оптеретувам со тоа, ги прашувам сите за што зборував, што кажав последно и не можам да се откажам до кога не ми текне, макар и задоцнето.
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.464
    Ми се има случено и тоа најчесто во најобичен муабет кога некој ќе ме прекине и после заборавам што сакав да кажам, но потоа упорно се обидувам да се сетам се додека конечно не се сетам. Инаку имам многу добра меморија, исто како и Трендафилка и Сефора, памтам дури и најситни детали, дати само колку памтам - знам на тој и тој ден таа и таа година што ми се случило ( овде за во мојов живот зборувам :) ), кој како бил облечен, што рекол, кај сме биле, ова кај стоело и како било наместено, па веднаш забележувам ако е преместено и еден куп други работи. Кога ќе правам муабет со некого и ќе спомнам нешто на што се сеќавам на пр. од кога сум имала 5 години, ним им е чудно и ми велат: како можиш толку да памтиш/ не ти е мака да памтиш толку многу работи/што се замараш со ситници? А тука не станува збор ниту за мака ниту за замарање ниту пак за ситници, туку едноставно сами си се врежуваат работиве во мозоков и колку без врска тоа би изгледало, мене ми е ок и дури си се гордеам со оваа способнст ( зашто не секој ја поседува) затоа што на тој начин многу работи, случки кои биле дел од мојот живот ми се „снимиле“ во главава и си имам доста спомени дури и од раното детство.
     
  3. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    370
    да понекогаш на пример за некое име на некој како го знам а никако да ми излезе на површина да го кажам. и ми се има случено на улица срекавам некоја личност и се поздравуваме јас ја познавам од некаде и мн време се мислам од каде и може дури после два дена да ми текне од кај ја знам ова личност.
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.490
    Даааа, често :) Не обрнувам внимание на ликови и имиња кои попатно ги сретнувам и после кој беше, од каде го знам? Минатата недела видов една девојка во чекална во Систина и еве уште се мачам :rofl:
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.602
    Допаѓања:
    86.833
    Пол:
    Женски

    Истиот проблем го имам и знам колку е буквално одвратно, особено кога ги паметиш и муабетите на другите околу тебе, кога ги кажале, како биле облечени, се од збор до збор, детаљ до детаљ, а пак тие си ги менуваат од време на време :D . И објасни се :) Дури и во автобус да влезам луѓето околу мене што седеле ги помнам, кој каде се качил се симнал, кој со кого зборувал, што зборувал и кога ги среќавам на друго место на тоа ми текнува :lol: ужас, како да имам потреба баш од тоа. Работев во весник и имав диктафон нормално го снимав секој разговор, интервју, изјава :lol: ама никогаш не го употребив тој диктафон да ги преслушам ми беше само за некое делче, што не сум го чула ради тоа што некој баш тогаш ме турнал или прашал нешто. И исто имам и јас фотографска меморија, па на факултет кога одев, немав потреба од премногу учење, за мене беше читање книги... пред испит мислам дека ништо не знам внатре влегувам ме прашува професорот, мене во глава ми се појавува страницата, на која што се сите тие работи и сеедно ми беше си седам си вртам во глава книгата хахаха всушност, тоа ми е единственото добро нешто за што ми послужило памтењето. А, трагичното кај мене е пак што колку што такви работи помнам, толку заборавам на обични работи како клучеви, телефон и слични ситници, кои не ги сметам за дел од себе. Па, или излегувам од дома со клучот оставен од надворешна страна на вратата или го барам насекаде бидејќи не знам каде сум го ставила... дури има нешта што со намера да ги ставам на сигурно место, како „ќе ми текне на нив“, на пример пари :lol: и сосем заборавам на нив. Случајно си ги наоѓам, кога озбилно сум тотално шворц па пребарувам на секаде по џебови, бидејќи знам дека нешто сум оставила некаде :rofl: Но, тоа ми е поради другата карактеристика спротивна на оваа помнењето, трапавост, замисленост, летање у облаци дур одиш по улица и сл. хахха
    Но, колку што ја мразам оваа карактеристика со помнењето (и ова со клучеви, чуда и врагови), толку и ми е страв дека еден ден ќе почнам да заборавам. Дури некогаш ако веднаш не се сетам на нешто ме фаќа паника дека ме фатила веќе склероза, ама нееее јок, нема шанси. Си доаѓа тоа одма штом почнам да осеќам како ми тупти срцето.
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    Многу пати ми се има случени и од такт се вадам пошто неможе да ми текне,многу ме нервира,мислам мислам и никако не текнува :@
    Зошто се случува незнам иако имам добра меморија..може превише непотребни информации имам складирано :lol:
     
  7. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Имам слаба концентрација и затоа заборавам работи и после ми треба кратко време додека да се сетам. Исто така ми треба доста повеќе време да научам нешто, а ништо не е гаранција дека за во иднина нема да го заборавам истото. Знам дека доколку се потрудам повеќе, ќе го решам тоа, но до сега го немам доволно направено.

    Од друга страна, тоа што го кажав се однесува на работи кои не ме интересираат доволно и заради тоа не се грижам дали ќе ги запомнам или не, но таквата незаинтересираност ме доведува во ситуации и кога е потребно нешто да запомнам, јас тоа да не го направам. Вер (т) увам дека во блиска иднина ќе бидам многу повеќе сконцентрирана отколку до сега и целиот тој проблем (доколку веќе го сметаме за таков) ќе исчезне. Чао на расеаноста! :lol: :P
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.764
    Same here :D
    Мразам што меморизирам како слон! Детали, ситуации, муабети, особено лица. Памтам пред се визуелно и многу пати се случило да се карам со луѓе кои обично не памeтат што имале за ручек, не пак што кажале - и работава е мојот збор против нивниот. Само со таа разлика што јас сум проклето сигурна дека моето е точно, затоа што - едноставно се сеќавам. Ама ајде докажи им :) Ми иде да им кажам - земи си бе од мозочево и провери! Така е и точка. Ама ај...со годините научив да прогледувам низ прсти, кој ќе се кара.
    Плус со такви луѓе кои милуваат да си ги обојат малку прикаските, па потоа нормално не се сеќаваат што рекле, нема смисол да се докажува човек.

    Исто дури мислам дека складирам некоја енциклопедија во главата, и многу е на терет. Памтам што, како, каде со каква боја и мразам кога памтењето е малку подзасушено и не може да ми текне на нешто конкретно туку само маргинално, тогаш се заинаетувам и трагам додека не ми текне на целото, нешто. На пример зборувам за некој филм, и ќе ми текне на глумците, на приказната, годината кога сум го гледала, и нема да ми текне - што јас знам, на режисерот. И тогаш си велам - ау златен Гугл ко те створио, лек си за мојот делумичен заборав :)

    Така да се случува ете да не ми е комплетно сеќавањето и тоа е единствениот момент кога се нервирам. Си велам што не заборавам мајкому се, кога веќе, вака само делче некое останува како спомен и токму она избришаното ми го ремети она коа сеуште е пополнето :devil:

    И да Фирлес - јас имам дури расеани моменти кои мислам дека се последица на тоа што многу работи, често непотребни, складирам во главава. Тргнувам да ја чистам спалната, ќе најдам нешто, ќе однесам во купатило, таму го наоѓам филџанот од кафето со кое сум си правела пилинг, го носам во кујна и стигнувајќи во кујната си велам - чекај а што правев јас уствари? :^)
    Всушност, не знам дали е ова расеаност заради генијалност или сум едноставно, жена - ама ај во име на скокоткањето на сопственото его, да речеме дека сум генијалец :D (yeah right)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.602
    Допаѓања:
    86.833
    Пол:
    Женски

    Штом и ти го имаш истото мое објаснување за расеаноста, ќе да е така :rofl: генијалните умови само имаат меморија за се друго, но не и за оној обичниот живот. хахахах
     
    На Phyramide и Sephora им се допаѓа ова.
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98

    хахахахахахахаха лудилооооо ме изнасмеа :rofl: да на испит и мене мнооогу често ми се случувало блокада :D
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.736
    да да ехехе колку пати...
    а највеке сакав да се сетам на настан од пред неколку години(не баш мил)ама очиглено дека ни потсвеста не ми дозволува да се сетам на тој настан(точно како се случил) па и не можам да се сетам, без разлика колку и да се мачам :!: подобро е што не се секавам,изгледа :^)
     
  12. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    515
    Пол:
    Женски
    Па да посебно ако дејството на коешто сакам да се сетам се случило под дејство на алкохол, е тогаш се измачувам со денови и никако да ми текне! :^) :D

    Заборавам ситни работи, како на пример, го отварам сјајот за уста, капачето го ставам на биро и одам во дневна и потоа за жива глава не ми текнува кај е, ја барам цела дневна, и одам во мојата соба го гледам на биро! :worried: И слични вакви ствари, или пак кога играме брза географија, играме на пр на буквата Д а знам се на неа, и у тој момент ми се блокира мозокот, и ништо не ми текнува да напишам. :devil: Инаку други големи работи не заборавам. И јас како Пирамидка и донекаде трендафилка(не толку многу) памтам и некои непотребни ситници. Ама овие маливе ми се проблем. :tmi: :lol:
     
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.016
    Да. На колквиуми и испити. И нормално секогаш ми текнува кога ќе се заврши.

    Али тоа е нормално дека во тие моменти си под стрес и напнат и доаѓа до блокада во мозокот па колку и да знаеш нешто во тие моменти никако не ни текнува. А од кога ќе заврши испитот се опушташ, ти поминува напнатоста и стресот и нормално тогаш се сеќаваш на се ама нажалост кога не ти треба, поминал возот. :rofl:
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    15.564
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, се случува на секого, колку и да мислиме дека навистина се` паметиме, сигурно е дека постои нешто кое сме го заборавиле, но јасно, ние не го знаеме тоа.
    Во постовите препознав неколку вида на амнезија. (Ке ги ставам во спојлери да не зафаќа постов многу место)
    Темпорарна.
    Обично настанува поради стрес и преокупираност со едно нешто (јасно, нештото на кое подоцна пробуваме да се сетиме) при што доаѓа до целосна блокада на мемориските центри во мозокот и трае одреден период додека центрите да се опуштат. Трагичното е што пустите центри се опуштаат кога веќе не ни е потребно да се сетиме на тоа нешто. :rock:

    Детска.
    Недоволната развиеност на детскиот мозок е главната причина за овој вид амнезија. Во раните години, детето не е толку свесно и заинтересирано за она што се случува околу него, не е доволно способно да го преиспитува она што му се случило, ниту пак комуникацијата и вокабуларот му се на ниво за да би можело да се искаже. Затоа се` пропаѓа во вода. Од таму потекнуваат нејасните и неповрзани слики врежани длабоко во меморијата за кои незнаеме дали се случиле или не и немаме речиси никакво објаснување за нив.

    Психогенична или репресивна.
    Една од потешките видови. Последица на немил настан кој е врежан во нашата долготрајна меморија а сепак не можеме да се сетиме на него поради стравот кој автоматски создава одбрамбен механизам и прави да не можеме да се сетиме на нештото (или барем не целосно), а сме сигурни дека се случило тоа нешто и било лошо. Тешка е од аспект што не измачува што би можело да биде тоа на кое не можеме да се сетиме.

    Лакунарна.
    Ова е воглавно и видот на амнезија за кој станува збор во темава. Губење меморија за некој посебен/специфичен настан. Тука станува збор за сеќавање на било кој настан, но во средината на настанот се појавува празнина, дупка т.е. определен временски период на кој не се сеќаваме. Доколку не станува збор за настан од детството, единствени логично размислување кое дале психолозите е дека во моментот на случувањето на настанот, амигдалата (еден од центрите одговорни за складирање на емотивните мемории) била на некој начин исклучена или преокупирана за да би регистрирала. Од друга страна хипокампусот ни укажува дека тоа нешто постоело и се случило, но сепак, не ни е доволно да се сетиме на истото.

    Иако и јас како некои девојки што спомнале, имам фотографска меморија, (и моментално во 5 сабајле пред очи ми е 67та страна од историјата за 6то одделение, кај лекцијата за Климент и Наум и нивните црковни преводи :?: ) сум имала вакви моменти на амнезија. Некогаш ми е смешно што не ми текнува за работи кои ги знам како своето име, но сето тоа ми е нормално. :)
     
    На infinity му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    222
    Често ми се случува, и тоа за битни работи и многу ме нервира тоа :@
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    Многу нормална ствар. Секој ден ми се дешава, дека по природа сум вејче на ветрот заборавам што сум сакала да кажам во моментот, а за некоја дешавка исто така. Инаку имам добро развиена меморија и памтам работи што ми се случувале како дете, кога сум киснела надвор.. и кога ќе раскажам некоја дешалица дури и на некој што бил со мене во тоа време ме гледаат онака бледо. Во последно време заборавам битни муабети. Значи ќе се расприкажам све тоа, и после ќе си отидам дома и знам дека сум муабетела ама не ми текнува што ми кажал/а и слично. Е тоа и веќе ме нервира.
     
  17. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    се секавам дека сум разговарала со некоја личност ,го памтам разговорот ,личноста е обично некоја непозната личност,можно е да е продавачка или сл но немам појма која е каде се случувало тоа итн а многу пати ми се слуцува да сретнам некоја особа имам чуство дека ја познавам многу време но во моментот не можам да се сетам и после тоа размислувам понекогаш се трудам да се сетам која е но не можам,сто мислите проблем или обична заборавеност? :worried:
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    748
    да а во поледно време се почесто :$ :$ :$ :envy: :envy: :envy: :envy:
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    883
    Да,но ретко
     
  20. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    15.564
    Пол:
    Женски
    Ај пак јас. Како психолог некој ке звучам, ама ме влече областа, и може тебе или било кому ке ви се најде ова. :D
    Во првото станува збор за симптоми на ADHD т.е. хиперкинетичко хм...пореметување (на некој начин), каде што мемориските центри не ги регистрираат и складираат понебитните настани во долготрајната меморија. Затоа во мозокот ни останува бледа слика дека нешто се случило, но бидејќи било не толку битно, неможеме да се сетиме во целост.
    Второто ми изгледа како чисто Дежа Ву. Сите сме го искусиле тоа. Никаков проблем не се ни двете. :lol: