1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте сакале да се сетите на нешто, а не сте можеле?

Дискусија во 'Психологија' започната од den-i-nokj, 18 март 2010.

  1. FoxyCat

    FoxyCat Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали на некој му се има случено да заборави на некој настан од минатото, односно да знае што му се случило до одреден период и поради преголем стрес да заборави и да измислува најлоши сценарија за да го надополни? Иако во себе длабоко знаеш дека не е така, сепак му "додаваш" работи од кои се плашиш, дали е сето тоа од стрес или штознам... Неможе до вчера да си свесен за се и да знаеш се и преку ноќ како мозочен да си добил... Btw недела ипол пред да ми се случи тоа ми почина многу блиска личност, можеби ми се насобра се, и мозоков не ми работи како порано... Се чувствувам сама, како само јас на светов да имам ваков проблем, ве молам ако има некој со слично или исто искуство нека пише... До пред 2 3 недели можев и да го контролирам ова, да се изборам и да сфатам дека не се вистина работите што сум гиизмислила, но сега некако како да немам сили, како да неможам дс се изборам но во никој случај не сакам да се откажам... Инаку како што пишав и вчера на истава тема, се што додавам на настаните ми започнува со ШТО АКО...
    За истово правевме муабет со @Dashing:), но во друга тема, затоа го постирав и овдр можеби ќе добијам уште одговори...