Користам, ама мноооогу ретко.. дали 2-3 пати сум пишала. Ама стварно, за некои работи, некој/а на 20 е мал/а за да знае како изгледа да си во брак 16 години, со дете, и свекрви, и мајки и пи*ке си материне. И јас не знаев на 20.. и убо е да не знајш.. секое време треба да си го изгустираш како шо му е редот. Сеа.. потценувачки муабети ко: Ти не знајш, ќе го тепам детево оти не е умно- и мене ми се безобразлук... ама некогаш, навистина има поента тоа: Мал/а си, не знаеш.
Точно е дека ние немајките не знаеме некои работи,ама некои членки отидоа предалеку со коментари како да не знаеме ништо.Не е во ред ни она „ќе видиш кога ќе родиш“ кое го спомнуваат. А,модератор се фаќа да збори за нешто кое не е оф топик.
И како тука да ви помогнат модератори? Да забранат реченици од типот -мала си уште, ќе видиш кога ќе дојдеш во таква ситуација и слично?
А па тебе не ти пречи се во последно време. Овој не бил јавна фаца што сме го коментирале,само тоа ти се коментари таму, сега па ти пречи оти на некој нешто му пречи и си пишал мислење. Ептен сакаш да контролираш кој што да пишува олади малку.
А знаете што мене ме нервира? Кога некоја членка ќе каже како имала секс и дека се плаши од бременост.Кога очигледно во таа ситуација колку и да е тешко има шанси да остане бремена некои од членовите ќе и кажат дека некои овде со години се труделе да останат бремени па не им успеало.Па сега како таа од еднаш ќе остане бремена.Хелоуууу да може да остане бремена.И тоа е тотално погрешен одговор.Сечие тело е различно и точка.
Ничие тело не е до толку различно за да може да се остане бремена со свршување на маестрото на задникот, на лустерот или завесата. Поентата ми е, никогаш немало коментари со потсмев према сериозни ситуации, туку кон овие кои врска немаат од сексот како чин, а сепак го практикуваат и после оф леле
Не ми се допаѓа тоа што нов член зачленет пред 4 мин. може да отвара тема и 99.8% таква тема постои. Најчесто прашува Дали сум трудна оти пред еден саат дечко и што носел кондом и свршил на уво, а после 2мин се допрел до нејзиниoт стомак, па да не се лизнало?? Тресам глупости ама ств е така. Да може кога ќе се логира прв пат со букви од по 20цм да им пишува да читаат правила на форум и за секое посебно да штиклира дека е прочитано, може некој стварно ќе прочита што пишува... I will be so thankful
Ех де па и ти тука кој сака шо сака си праи. И темана за провинцијалки шо се мажат у Скопје ја затворија, случајно некоја да не ги тужи у Стразбур. Може некоја и се препознала. Цензура си е тоа, да си ја скратиш работата на модерирање, бриши темите и ајт.
Ако се плашат од Стразбур, треба 'Абортус' да ја избришат. Ми се смачи за таа тема да се објаснувам со секој.
Ме нервира тоа што се поставуваат апсурдни прашања во врска со бременост...на пример...ми сврши во уста..можно е да сум бремена? Се клецаат како зајци, а ги мрзи прво да прочитаат нешто.
Мене ме нервира што се наоѓа обавезно по некој паметен ко тебе. Форум е, некогаш се исплашени и ќе прашаат. На форумов има правило да не се поставуваш ко модератор спрема другите членови и да посочуваш кое прашање е соодветно кое не. Треба да одмориш малку од темата Дали сум бремена, пошо те читам дека на секоја втора и реплицираш како е глупа зошто поставува такво прашање. Не е твоја брига дали ќе се клецаат ко зајци пошо не си дојдена на форум да вреѓаш.
Упорно забораваш дека е форум. Кој кај сака ќе коментира. Дома ти можеш да поставуваш правила, на форумов не. И јас ќе коментирам кај сакам и девојките во темата за бременост. Се дури се културни тебе да не те засега воопшто.