Темава моментално е репрезент на тоа што е целокупниот форум со години. На ова се сведовме, да. Ете зошто веќе бирам кои членови кои ги читам, а кои ги прескокнувам. Каква токсичност, страшно.
Мислам дека сум помлада од тебе, но тоа не го оспорува фактот дека можеби имам познавање од животот во повеќе области. Така да, никој не изигрува жртва, ниту па ги навредив останатите. Пред да цитирате, убаво би било да се прочитате отстрана.
Тоа не е познавање на област, туку став кон нешто. Мислам, која област е таа?!?! И да, навреда стои во постот, навреда стои и тука, како не нарече уствари, хм, будали. А тој став вродува негодувања од друга страна, за кои ти, на некој начин должиш појаснување, затоа што предизвикуваш негативна реакција и повредување на нечиви чувства. Последната реченица, и за тебе важи истото. Грдо изгледа и звучи токму од една млада и прогресивна личност, како што се идентификуваш. Туку, изгледа јас сум стара и појма немам, треба да родам, за да имам за што да живеам, ќе идам да проверам дали ми се наоѓа цијанид по дома.
@buba4e89 и @Peperutce1115 ако имате нешто да си докажете сторете го тоа во лични пораки. Јавно веќе навистина нема поента да се докажувате. @eliesaab мислам дека треба да читаш поубаво што се пишува. Пак ќе ве замолам потрепливо да дискутирате, точно дека некаде ќе се сложиме, некаде нема, не значи тоа дека ако во една тема не сме се сложиле треба тоа да си го памтиме и да се контраме намерно по сите теми од инат само. Сме дошле на форумов да си го кажеме мислењето, па барем тоа да го сториме смирено за да нè прочитаат другите.
Немам на што да ти вратам на пораки, ништо не си ме прашала колку што видов. Погоре едно мислење ти врати, отишло со другите, а беше цитирано пак подоле.
Уште едно недоразбирање и недочитување. Напишав дека ништо не си ме прашала во порака за да ти одговорам, едноставно немаш нешто прашано во порака за да ти вратам.
Кога се нема аргументи кон упатена конструктивна критика ќе се пише само нешто безврска од два збора колку да не е без ич тоа е тоа. Драма queen левел максимум, ќе плачеме како мали деца оти рандум акаунт ме цитирал на форум . Уште во полиција фали да пријави . Ако веќе се вклучувате во дискусија со мислење, треба да бидете свесни дека со вашето мислење ќе предизвикате реакции, а со тоа што пишувате мислење треба да сте спремни на дискусија, а не јас така само си пишувам низ темите, мене не ме интересира кој што пишал, така си ја отворив темата и си пишав wtf. Ако не сакате да бидете цитирани на темите , едноставно е не пишувајте.
Пак почнавте да забегувате. Веќе ви пишав и ве замолив да се држите до темата и да бидете конструктивни. Ќе ве банирам понатаму.
@RainBow на такви коментари треба да реагирате, едно е некој да напише - јас без дете не гледам смисла на мојот живот, друго е да имплицираш дека ничиј живот не е вреден без деца/дополни што сакаш. Осетлива тема е и нема потреба такви мислења да се допуштаат.
Избришани се мислењата. И ти реплицираш постојано, а веќе и доаѓаш до бан. Ова е форум, ако напишеш мислење нормално дека секој може да те цитира, што не значи дека веднаш скока, те напаѓа или нешто друго, едноставно изразува мислење. Ако не сакаш да дискутираш понатаму не мораш, но мислењата кои не се во однос на темата се оф-топик. „Групава“ не е моја, ниту пак членкиве тука, секоја си има свој засебен став и мислење кое си го изнесува. Затоа, доколку сакаш да продолжиш да пишуваш на овој форум те молам направи го тоа во склоп на правилата и препораките и сметај дека секој може да те цитира и да реплицира контра од твоето мислење, односно да не се согласи со тебе. Толку од мене што се однесува на ова, сметам дека веќе и повеќе од доволно објаснив.
Ќе излезе дека те манијачам ама чисто случајно е. Ако смета дека нечиј живот не е вреден без деца има право да си напише. Колку и да е ограничено нејзиното мислење, нејзино си е. Ти можеш да дискутираш со неа ама не може да и забраниш да пишува. Оток сте веќе со ова - осетливи теми. Ако ти е осетливо изгаси форум и читај си романи.
Како не бе, случајно Не ми е мене осетливо. Ама некои работи не им е место да останат напишани, не само во таа тема. Дури и тоа да го мисли, може да го образложи, објасни, а не на секој цитат да навредува, па и "будали" да нарекува луѓе.
Сега што ти смета, будали, она за децата или како да дискутира? Или се'? Твој проблем. И ти сметаш некаму па те толерираат