Дали опстануваат врските по жица?

Дискусија во 'Врски' започната од Lisa18, 26 март 2010.

  1. Lisa18

    Lisa18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Pa veke sum vo vrska 8 meseci najdolgata vrska vo koja nekogas sum bila. Se mi e super vo vrskata i recisi i da ne sum imala problem. Iako znam deka se trudam skroro dva pati poveke od mojot decko za da uspeeme (bidejki toj si e taka malku mrzeliv :? ) sepak ne mi e zal...se do onoj moment koga ke se potsem deka uste edna godina i doaga vreme za na fakultet.... Toj planira da zamine nadvor od drzavava isto i jas no ja se plasam dali ke uspeam.....ili ke moram da se vratam nazad... Zatoa sakav da ve prasam dali vredi i ponatamu da go davam maksimumot od sebe ili ne i dali mislite deka opstanuvaat vrskite po zica : :? :? :?
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  2. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    1.266
    Бидејќи сега за сега како што велиш ти е убаво тогаш уживај во врската и користи го максимумот од неа, не се замарај со што би било кога би било, има време понатаму работите сами ке си дојдат на свое место, па и врските преку жица успеваат ако се сака, не се секирај уште сега
     
  3. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    работите со тек на време може да се изменат како на подобро така и на полошо сепак немора да стравуваш толку што ќе биде понатаму нормално е да се плашиш ако дадеш се од себе потоа да биде тоа залудно но тоа немора да биде така секогаш пробај сето ова време да стекнеш доверба бидејќи за љубовта преку жица потребно е пред да си верувате многу и да имате доверба еден во друг што секако за овие месеци сигурно ја имате но да не се загуби и не многу често а и такви врски успеваат кога се работи за студирање и е многу поразлично од она класично одржување на врска од различни градови или сл. сепак тука се работи и за вашата иднина да не се случи покасно да се каете дека не сте успеале во животот заради таа личност и дека и тоа што сте решиле целосно да му се посветите него било залудно сега незнам како вие врската послободна или вие сфатена за сериозно е тогаш веќе за да успее таквата врска мора да давате максимум и по крај тоа што треба да се разделите на одредено време мој совет е не се оптеретувајте премногу со иднината бидејќи не знаете што може да се случи понатаму уживајте во она сто ви го пружи животот некои моменти немаат реприза :)
     
  4. Lisa18

    Lisa18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Фала женски во некои моменти кога сум стварно исцрпена ваква поддршка навистина ми е добредојдена. И ова некои моменти немаат реприза нависитна си во право :up:
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.085
    Пол:
    Женски
    Се оптоваруваш со непотребни работи и не уживаш во она што го имаш... драга моја, немој да мислиш и да се замараш со тоа што ќе биде утре... уште повеќе затоа што велиш дека ти е убаво, уживај и искористи ја секоја шанса што ти ја дава животот токму сега. А што ќе биде утре, никој не знае. Дали вреди да вложуваш во врската, само ти си знаеш. Ама мислам дека секоја врска вреди, без разлика каква е. Со тоа што мислиш што би било утре, само ќе придонесеш за побрз распад на врската, и не можеш да се опуштиш и да уживаш во она што го имаш.
    Единственото што го имаме е овде и сега, па зошто да размислуваш за она што ќе биде утре? Минатото било, поминало, а утре... утре може и да не се раздени (може малку фаталистички го кажав ова, ама факт е дека никој не знае што ќе биде утре). Затоа, уживај во секој миг, а кога ќе дојде време за факултетот, тогаш ќе му ја мислиш. Поздрав!
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Значи двајцата ќе одите на факултет надвор од земјата, ако добро сватив. Дали се работи за иста земја и дали можеби планирате да живеете заедно? Не знам зошто твоето заминување на факултет во странство однапред го осудуваш на пропаст.Ти недостига самодоверба.Не вели дека нема да успееш, гледај оптимистички на работите.
     
  7. Lisa18

    Lisa18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Da da planirame i ponatamu da studirame i ziveeme zaedno samo jas mnogu se plasam od toa kako ke se snajdam so noviot jazik iako sega postojano ucam i posetuvam kursevi sepak ne go vladeam dovolno dobro za da slusam predavanja na fakultet..ili barem jas taka si mislam :roll:
     
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.078
    Не размислувај сеа за тоа, уживај во моментите со него, и така имаш цела година до тогаш, од кај знаеш како ке се одвиваат работите понатака ;)
    Поздравче
     
  9. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Епа драга Лиса, наместо да се секираш што би било и како би било ако околностите ве доведат да сте разделите, биди борбена и воопшто не дозволувај да дојде до тоа! Не знам за која земја и за кој јазик се работи, ама не си прва која студира во странство.Многумина успеале, што си ти помалку ? Биди малку повеќе амбициозна, ќе успееш и на факултет, и ќе си останеш заедно со дечкото. И како што те посоветуваа другите, не мисли однапред на тоа, не си задавај главоболки уште сега, кога ќе дојде време, тогаш ќе му ја мислиш. Позз
     
  10. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Лиса, тоа што ти го кажаа сите други е многу паметно и веродостојно. Не се замарај уште од сега што ќе биде утре, убаво ти кажа Ана дека утре може и нема да се раздени! Ние луѓето премногу се оптоваруваме де со минатото, де со иднината и затоа забораваме да живееме во сегашноста и пропуштаме многу убави моменти за кои подоцно се каеме.
    Уживај си сега додека ти е убаво, не мисли што ќе биде за 1година, туку мисли како сега ќе си го поминуваш времето. уживај во секој миг што ти го пружа животот, затоа што да бидеш среќна, е до некаде и луксуз :D да не бидам погрешно сфатена, но на речиси секоја тема сите постојано се жалат, а ретко кој искажува дека е среќен. Се’ ќе си дојде во свое време. Не можеш уште од сега да мислиш на наредната година, не дај Боже можеби до тогаш ќе раскинеш со дечкото поради сосема некоја друга причина ( не дај Боже реков, не го посакувам тоа ).
     
  11. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    многу тешко многу е напорно треба многу нерви и попусти за да опстои таквата врска
     
  12. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    331
    опстануваааааааааааааааат,треба да се оставе времето да покаже.....луѓе цела моја врска преку цела година е преку врска и преку гледање најмногу за викенд а само летото сме максимал но заедно така да досега опстанала а има уште 3 години па ќе видиме за натаму
     
  13. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    57
    Се надевам дека ќе ми успее. Тешко е, ама се надевам дека ќе издржиме.
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.227
    Не си го подгревај надежите премногу за тоа дека ќе успеете и понатаму. Ова ти го пише човек што форсирал низ армиран бетон за да му успее врска на далечина и преку жица, мобилен, скајп и се по ред. Многу на сила е бидејќи физичкиот контакт е многу потребен, и со тек на време тежината се акумулира, а истовремено сме опкружени со нови луѓе (исто како што ќе бидете и двајцата)...мене не ми успеа ни тој обид, ни било кој др обид на далечина. Е сеа точно, некој може да си помисли дека ако е ВИСТИНСКА љубовта, тогаш се си бидува, ама факт е оти на крај мачењето, нервозите и стресот се поголеми од задоволството. Никогаш нема да знаеш за сигурно а постојано ќе се сомневате за милион работи.

    Совет: уживај сега, и само прави како се чувствуваш кога ќе дојде моментот на носење одлука.
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.737
    СЕКАКО ДЕКА УСПЕВА и мојата врска е таква и верувајте ништо не ми фали со дечкоми цела година бевме така и во таа година се видуваме на еден месец, потоа раскинавме поради други причини и сега повторно сме заедно но тој е во странство и верувајте ми дека ако некого вистински го сакате дека ке успеете ! СЕКОЈА ВРСКА УСПЕВА АКО Е ИСКРЕНА ЉУБОВТА
     
  16. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    264
    Не дефинитивно не успеваат вакви врски по мое и најчесто завршуваат со неверство. Во ова веруваат девојките кои го чекаат принцот на бел коњ,но и никој друг пореален. ;)
     
  17. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    48
    Опстанувааат и тоа како, мислам за мене де. Треба најмногу да се има доверба, да нема љубомора, разбирање и секако љубов и то е то.. на нас одлично ни оди, навикнати сме :D
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    31.816
    Пол:
    Женски
    Не, за да опстане една врска треба почесто да се гледате, да минувате време заедно.
     
  19. vitamina

    vitamina Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    119.999
    Пол:
    Женски
    Опстануваат доколку двајцата партнери се созреани и оформени како личност со цврст карактер и став пред се.

    Љубовта не е мазење и лигавење, секојдневно гледање и брборење, љубовта е големо и моќно чуство на разбирање, искреност и почит.

    Љубовта е кога двајца партнери се сплотени и созреано чекорат низ предизвиците кон животот.

    Сите умееме да љубиме и да се држиме заедно кога е едноставно, кога се е така лесно и склопено наместено, но генерално животот а и склопот на љубовта е чист предизвик, трнлив и макотрпен пат што доколку двајца сплотено умеат да се сносат со лошото и сепак да излезат од која било ситуација заедно секогаш посилни и поцврсти тогаш тоа е љубовта, и тоа е вистинската личност крај себе, ако сето ова се разурне при првата помисла и пречка на заедничкиот пат тогаш најверојатно не било љубов.. не било созреаност и компактибилност.
     
    На Goody, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, purple..m и 1 друга личност им се допаѓа ова.