Маж ми е од сиромашно семејство, а јас потекнувам од маалку побогато. Веќе 5 години сме во брак и имаме 2 прекрасни деца. Во тие 5 години пробуваме да застанеме на некоја финансиска стабилност, не сме биле никогаш оставени ни од моите ни од неговите, но сопругот реши да дојдеме во странство бидејки секогаш му е малку. Сега овде живееме сами немаме помош од никого, ни финансиска ни пак околу домот и децата. Месец по месец пари има се повеќе од претходно, но и огромни промени во односот на мојот сопруг со мене и со другите луѓе околу него. И пред тоа беше горделив и се чукаше сам во гради, но оваа веќе е претерано, не гледа сите од некоја висина, а вели дека не е така и дека секому му посакува успех во животот. Сте имале ли вакво искуство, дали парите го променуваат човекот или само му го откриваат вистинското лице?
Убаво е да имаш амбиција и никогаш да не се задоволуваш со малку туку секогаш да се стремиш за што повеќе и на повисоко ниво да се воздигнеш. Имам два-три случаеви од многу блиска фамилија кои пред неколку години буквално немале за леб, па сплет на околности се здобија со огромно богатство. Проблемот во карактерот кај сите нив е ист-а тоа е гледање од високо, секоја прилика гледа на било каков начин да те потцени, секогаш истите муабети воздигнување на самиот себе и секогаш во секоја реченица најчесто употребуван збор им е ЈАС, исти муабети од типот на син ми/внук ми не прифаќа ништо друго освен најк ер макс. Ете така се понашаат неиживеани што би рекле старите покондурени-тоа им е нивно вистинско лице
И те те како го променуваат, не само сопругот во глобала и мажи и жени им го дигаат егото од корен. Лично мојот бфф сопруг го расипаа парите....
Ко да го прочитав мојот бивш сопруг, и ние така исто ко ТЕБЕ.Тој потекнува од сиромашно семејство, се средивме по странство се Ок, таму го расипаа парите. Почна исто така мислеше дека се се врти околу него....Не за сите е странство, не за сите се пари. И не само мојот бивш туку и многу други познавам што парите ги промениле...
Парите не го променуваат човекот толку драстично туку овозможуваат да исплива на површина се она што уствари он е, неговото правото лице. Дали негативно,дали позитивно. Не за џабе рекле дај му пари и моќ на било кој и ќе го видиш во право светло.
Сега го гледаш каков е всушност и какви се комплекси влечел од детство, од брак (тоа што се оженил со некоја од побогато семејство). Одењето во странство всушност за него било бегство од светот каде што се чувствувал потиштен и недоволно добар. За жал ти не можеш нешто многу да го смениш (затоа што во неговата глава си дел од проблемот иако можеби не е тоа освестено). Прашање е дали сакаш остатокот од животот да го поминеш со таков човек или не.
Парите не можат да променат никого, со парите има можност да си ја покажи секој своја страна од светла до мрачна можност која претходно ја немал.
Најчесто ги менуваат тие што се кад се сељо покондури. Колку такви познавам, како деца нивните ги пораснале колку што имале, поскромно да речеме, тие во иднина или ќе се снајдат за убава позиција и плата или во богата фамилија ќе влезат, па гледаш сосема друг човек. Гази се пред себе, надмен е, се препонашува. Луѓето со парите како да мислат дека добиваат моќ. Имам таква поранешна другарка, уште директно ми кажува парите ја менувале. Не се ни нејзини пари, на дечкото. Сега ја финансира да шета, да се луксузира, па си дигнала цена, сосема друга личност е од таа скромна и пристојна другарка во детство што сум ја имала. Сменето и е однесувањето, речникот, се поразлично е од тоа што била на полошо. И зошто? Само зошто богат дечко имала и има пари за трошење сега негови.. Дури да не ти се верува дека е истиот тој човек што некогаш си го познавал. Жалосно но, дај му на некој пари и власт и навистина ќе видиш што сорта човек е. Сите гадости излегуваат од човекот на виделина тогаш.
Море, речиси секој може да се смени кога ќе дојде до пари. Роднина беше фин, пристоен до тинејџерските години. Ко возрасен се збогати и се умисли дека е над сите.Не зборува со сиромашни.
Му го откриваат вистинското лице и тоа ќе го забележат и другите како шо си го забележала ти. Никој не сака човек шо потценува и шо се фали за пари. Зборувај отворено ако те разбери ама верувај тој никогаш нема така да се гледа зато шо е ослепен од парите.
Ако имал комплекс на пониска вредност пред да се стекне со пари многу веројатно е дека ќе компензира за него со парите. Тешкотиите од минатото особено ако биле во критична возраст кога се развива личноста оставаат последици во однос на тоа во каква личност ќе се изгради. Кај личности што се постабилни во смисла знаат кои се, што се и колку вредат, кои се свесни за своите добри и лоши страни или кои што имаат реална претстава за себе и се прифаќаат такви какви што се нема фрустрации. Тие немаат дилема со себе, немаат внатрешен конфликт за кој мораат да компензираат со некакво однесување. Нив не ги лази мува што мислат другите за нив, немаат потреба нешто да се докажуваат пред себе или пред другите. Тоа што твојот сопруг се однесува надмено, ти кажува што човекот најверојатно потсвесно си мислел за себе и колку ниско се осеќал во споредба со другите, меѓу кои и вооднос на тебе. Додека не го разреши комплексот на пониска вредност, нема да престане да компензира, односно да се поставува над другите. Напротив ќе ги користи парите и нивната моќ за да нешто докажува пред себе и другите.
Многу вакви примери имам околу мене. И тоа најчесто луѓе кои не поседуваат некои квалитети, туку моментално ќе им се укаже прилика да дојдат до пари, па се пафтаат со тоа колку и каде потрошиле, фалење, фалење, па потценување на брачниот партнер „погледни се бе, каква ти е платата“. Жена кога по 6-10-20 години брак за првпат ќе има своја плата, ќе зема плата, двe, се мисли Бог е и му вели на мажот „од тебе ли ќе чекам, се виде колку можеш со твојата плата“. Во друга тема некој имаше пишано дека ваквите бракови не треба да постојат.
Парите го покажуваат вистинското лице на човекот. Особено на оние кои се пораснати сиромашни и потоа оддеднаш доаѓаат до пари. Тоа гледање од високо е еден вид на payback на се што трпеле како помлади.
Како што кажав веќе во друга тема, ние сме сиромашно општество кое придава огромна важност на материјалните вредности. Вакво однесување е речиси и неизбежно. Се сложувам скроз со Космик и мислам дека тој комплекс владее во огромна мера кај нас.