1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали парите го променуваат партнерот?

Дискусија во 'Брак' започната од Zoy, 6 декември 2022.

  1. Zoy

    Zoy Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Маж ми е од сиромашно семејство, а јас потекнувам од маалку побогато. Веќе 5 години сме во брак и имаме 2 прекрасни деца. Во тие 5 години пробуваме да застанеме на некоја финансиска стабилност, не сме биле никогаш оставени ни од моите ни од неговите, но сопругот реши да дојдеме во странство бидејки секогаш му е малку. Сега овде живееме сами немаме помош од никого, ни финансиска ни пак околу домот и децата. Месец по месец пари има се повеќе од претходно, но и огромни промени во односот на мојот сопруг со мене и со другите луѓе околу него. И пред тоа беше горделив и се чукаше сам во гради, но оваа веќе е претерано, не гледа сите од некоја висина, а вели дека не е така и дека секому му посакува успех во животот. Сте имале ли вакво искуство, дали парите го променуваат човекот или само му го откриваат вистинското лице?
     
    На SigmaMan, marlonbrando69, manga_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Му го откриваат вистинското лице.
     
    На Sunrise!!!, Bezimenka90, christinnn и 10 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.108
    Пол:
    Женски
    Убаво е да имаш амбиција и никогаш да не се задоволуваш со малку туку секогаш да се стремиш за што повеќе и на повисоко ниво да се воздигнеш.

    Имам два-три случаеви од многу блиска фамилија кои пред неколку години буквално немале за леб, па сплет на околности се здобија со огромно богатство. Проблемот во карактерот кај сите нив е ист-а тоа е гледање од високо, секоја прилика гледа на било каков начин да те потцени, секогаш истите муабети воздигнување на самиот себе и секогаш во секоја реченица најчесто употребуван збор им е ЈАС, исти муабети од типот на син ми/внук ми не прифаќа ништо друго освен најк ер макс.
    Ете така се понашаат неиживеани што би рекле старите покондурени-тоа им е нивно вистинско лице
     
    На NEA, Bratot, Izaabella и 16 други им се допаѓа ова.
  4. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    И те те како го променуваат, не само сопругот во глобала и мажи и жени им го дигаат егото од корен.
    Лично мојот бфф сопруг го расипаа парите....
     
  5. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Ко да го прочитав мојот бивш сопруг, и ние така исто ко ТЕБЕ.Тој потекнува од сиромашно семејство, се средивме по странство се Ок, таму го расипаа парите. Почна исто така мислеше дека се се врти околу него....Не за сите е странство, не за сите се пари.
    И не само мојот бивш туку и многу други познавам што парите ги промениле...
     
    На Mateo mark и tambelina им се допаѓа ова.
  6. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Парите не го променуваат човекот толку драстично туку овозможуваат да исплива на површина се она што уствари он е, неговото правото лице.
    Дали негативно,дали позитивно.

    Не за џабе рекле дај му пари и моќ на било кој и ќе го видиш во право светло.
     
    На Billy Idol, NEA, Tajnaotrovna и 25 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.918
    Допаѓања:
    35.995
    Пол:
    Женски
    Mozebi sega si gi leci kompleksite.
     
    На christinnn, Mantub, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    31.149
    Пол:
    Женски
    Сега го гледаш каков е всушност и какви се комплекси влечел од детство, од брак (тоа што се оженил со некоја од побогато семејство). Одењето во странство всушност за него било бегство од светот каде што се чувствувал потиштен и недоволно добар. За жал ти не можеш нешто многу да го смениш (затоа што во неговата глава си дел од проблемот иако можеби не е тоа освестено). Прашање е дали сакаш остатокот од животот да го поминеш со таков човек или не.
     
    На NEA, MilaSs12, andrejko82 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Парите не можат да променат никого, со парите има можност да си ја покажи секој своја страна од светла до мрачна можност која претходно ја немал.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Најчесто ги менуваат тие што се кад се сељо покондури. Колку такви познавам, како деца нивните ги пораснале колку што имале, поскромно да речеме, тие во иднина или ќе се снајдат за убава позиција и плата или во богата фамилија ќе влезат, па гледаш сосема друг човек. Гази се пред себе, надмен е, се препонашува. Луѓето со парите како да мислат дека добиваат моќ.

    Имам таква поранешна другарка, уште директно ми кажува парите ја менувале. Не се ни нејзини пари, на дечкото. Сега ја финансира да шета, да се луксузира, па си дигнала цена, сосема друга личност е од таа скромна и пристојна другарка во детство што сум ја имала. Сменето и е однесувањето, речникот, се поразлично е од тоа што била на полошо. И зошто? Само зошто богат дечко имала и има пари за трошење сега негови.. Дури да не ти се верува дека е истиот тој човек што некогаш си го познавал.

    Жалосно но, дај му на некој пари и власт и навистина ќе видиш што сорта човек е. Сите гадости излегуваат од човекот на виделина тогаш.
     
    На cresa-jagoda, andrejko82, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.033
    Допаѓања:
    124.435
    Пол:
    Женски
    Море, речиси секој може да се смени кога ќе дојде до пари.
    Роднина беше фин, пристоен до тинејџерските години.
    Ко возрасен се збогати и се умисли дека е над сите.Не зборува со сиромашни.
     
    На Tanjamm, marlonbrando69 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Му го откриваат вистинското лице и тоа ќе го забележат и другите како шо си го забележала ти. Никој не сака човек шо потценува и шо се фали за пари. Зборувај отворено ако те разбери ама верувај тој никогаш нема така да се гледа зато шо е ослепен од парите.
     
    На marlonbrando69, JoyJoy и tambelina им се допаѓа ова.
  13. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    Паре људе кваре. Толку од мене.
     
    На Herrera, Tajnaotrovna, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.145
    Допаѓања:
    8.376
    Пол:
    Женски
    Ако имал комплекс на пониска вредност пред да се стекне со пари многу веројатно е дека ќе компензира за него со парите.
    Тешкотиите од минатото особено ако биле во критична возраст кога се развива личноста оставаат последици во однос на тоа во каква личност ќе се изгради.
    Кај личности што се постабилни во смисла знаат кои се, што се и колку вредат, кои се свесни за своите добри и лоши страни или кои што имаат реална претстава за себе и се прифаќаат такви какви што се нема фрустрации.
    Тие немаат дилема со себе, немаат внатрешен конфликт за кој мораат да компензираат со некакво однесување.
    Нив не ги лази мува што мислат другите за нив, немаат потреба нешто да се докажуваат пред себе или пред другите.

    Тоа што твојот сопруг се однесува надмено, ти кажува што човекот најверојатно потсвесно си мислел за себе и колку ниско се осеќал во споредба со другите, меѓу кои и вооднос на тебе.

    Додека не го разреши комплексот на пониска вредност, нема да престане да компензира, односно да се поставува над другите. Напротив ќе ги користи парите и нивната моќ за да нешто докажува пред себе и другите.
     
    На Bezimenka90, Mantisa, JoyJoy и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.895
    Допаѓања:
    12.532
    Многу вакви примери имам околу мене. И тоа најчесто луѓе кои не поседуваат некои квалитети, туку моментално ќе им се укаже прилика да дојдат до пари, па се пафтаат со тоа колку и каде потрошиле, фалење, фалење, па потценување на брачниот партнер „погледни се бе, каква ти е платата“. Жена кога по 6-10-20 години брак за првпат ќе има своја плата, ќе зема плата, двe, се мисли Бог е и му вели на мажот „од тебе ли ќе чекам, се виде колку можеш со твојата плата“. Во друга тема некој имаше пишано дека ваквите бракови не треба да постојат.
     
    На NEA, Mantisa, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Значи не се променил.

    Сама си кажа, еве...
     
    На Bezimenka90 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  17. hopes

    hopes Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    334
    Parite go otkrivaat toa sto bilo skrieno vo covekot.
     
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    5.082
    Парите го покажуваат вистинското лице на човекот. Особено на оние кои се пораснати сиромашни и потоа оддеднаш доаѓаат до пари.
    Тоа гледање од високо е еден вид на payback на се што трпеле како помлади.
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.616
    Пол:
    Женски
    Дај му пари на човек и види му го паметот.
    Дури сега ја разбирам баба ми кога ми кажуваше.
     
    На sj *O* и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Како што кажав веќе во друга тема, ние сме сиромашно општество кое придава огромна важност на материјалните вредности. Вакво однесување е речиси и неизбежно. Се сложувам скроз со Космик и мислам дека тој комплекс владее во огромна мера кај нас.
     
    На Cosmic Girl, Bezimenka90, realGirl и 7 други им се допаѓа ова.