Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали парите го променуваат партнерот?

Дискусија во 'Брак' започната од Zoy, 6 декември 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Се вработувам во мала фирма и на почеток жената газда која може мајка да ми биде по години ми вели „Јас не планирам да те искористувам, чесно ќе те плаќам, затоа што и јас сум мајка и како би ми било некој да го искористува моето дете. Сме заработиле повеќе месецов, ќе те наградам, треба да сме луѓе и дај боже да си најдеш и подобро, на улица ќе треба да се поздравиме“. Запнав да работам, почнаа да се слеваат пари во фирмата. Дојде уште едно девојче кое си ја знае работата. Жената виде пари во 5-та деценија од животот, аздиса од ароганција, патувања, шопинзи, па дури и да потценува секој ден, секој миг, иако успехот не беше нејзина заслуга. Си заминав од таму, најдов подобра работа, а фирмата на жената почна да оди надоле, не заработува, живурка како и на почетокот, ме избриша од социјални мрежи и наговори уште неколку луѓе со кои сум во ок односи, а се нејзини пријатели да ме тргнат од социјални мрежи. А нели требаше како луѓе на улица да се поздравиме? Да, парите го менуваат човекот, ситните душички.
     
    На eliesaab, buba4e89, Mantisa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе ги имаш толку повеќе ги сакаш.

    Оној кој знае како е и кој имаш многу и кој немаш ни за леб, најчесто знае повеќе да ги цени парите, за разлика од оној кој немал, па стекнал повеќе. Тогаш тој се чувствува непобедлив и силен. Се гордее со себе без разлика на начинот на кој го стекнал богатството и не мисли на тоа дека може повторно да се најде на дното. За жал, најчесто тогаш уште повеќе се посакуваат парите и најлесно може да се изгубат.

    Не мора да значи дека е исто кај секој, се е до карактерот на човекот!
    Жално е што живееме во свет кај што се цени повеќе материјалното отколку добрина на човекот.

    Но, сепак, бидете добри кон себе и направете добри дела за себе, со тоа што ќе помогнете на друг. Дури и да ви е последно парчето леб, поделете го со некој кој му е потребно и ќе се чувсвувате подобро знаејќи дека колку-толку сте помогнале некому.

    Имајте среќни празници! :l:
     
    На Bezimenka90, Mantisa, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    Па тој што немал, па стекнал повеќе е некој што знае како е и кога имаш и кога немаш. Освен ако мислиш на некој кој почесто во животот поминувал низ вакви ситуации, па веќе е искален :).
     
    На Maca Macka и andrejko82 им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.595
    Допаѓања:
    19.934
    Пол:
    Женски
    На темава, во свет во којшто вредноста на човекот во опшеството се мери според тоа колку му е длабок џебот, нормално е човек да си го крене мислењето за себеси кога ќе почне да заработува повеќе. Донекаде е и во ред, финансиската независност носи самодоверба и слобода, настрана од статус, само не треба да се претера со филмање, прво зошто е мн глупаво да ги потценуваш другите и зошто мн лесно може да се случи пресврт. Особено ако сам не си ги заработил парите. Е сега, ако мислењето за сопствената вредноста не си го проектира човек само преку парите и ако си има занает/знаење стоечки ќе го помине тоа и побрзо ќе си го најде излезот. Тамам и ќе види кој останал покрај него во тие моменти :)
     
    На andrejko82, Lemon, Anah и 4 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Е ова проблемот во глобалното општество.

    etr.jpg
     
    На buba4e89, Mantisa и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Најлош тип на луѓе оние што немале ништо па наеднаш дошле до пара. Искомплексирани.
     
    На NEA и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не го менуваат, само покажуваат каков е навистина.

    Старите викат: Дај му на чоек власт/пари, па ќе видиш колку вреди
     
    На Tajnaotrovna, Guns N` Roses, Anie93 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Парите го менуваат секого. Не е исто да имаш и да немаш пари. Ако ништо друго, животниот стил најчесто не е ист. Ако имаш сигурно ќе сакаш да пропатуваш, да се дотераш, да имаш поубав дом или автомобил, нешта кои нема да можеш да си ги дозволиш ако немаш. И тоа е сосема во ред, животот не трае вечно а парите не се носат во гроб. Никогаш нема да ги разберам луѓето кои имаат а се огромни цици дури и према себе. А со промената на животниот стил, помалку или повеќе ќе се промени и начинот на размислување и однесување.
     
    На NEA, Anie93, Mantisa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Познавам брачен пар тој од сиромашно семејство,таа од богато.
    Откако им тргна и им се подобри материјалната состојба,тој се претвори во такво бедно суштество,што на се гледа низ призмата на парите,ако треба и да излаже некој за да добие повеќе пари,, да грабне од кој може,па макар тоа било коцка чоколадо,а недај боже тој да треба даде на некому,......тоа само ако гледа потенцијален интерес за да може да го искористи за нешто подоцна.
    Сопругата си остана иста,помага не и се гледа алчност во постапките .
    Мислам дека со парите само се открива вистинската личност и сите скриени комплекси.
    Што викаат дај му на човек пари и моќ и ќе видиш каква личност навистина е(еве баш сега видов и Вајлд ја напишала оваа поговорка).
     
    На NEA, Anie93, Mantisa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ти зборуваш за начинот на живот
    Прашањето е дали го менуваат карактерот, не кај одат на одмор.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Леле,да сум видела и познавам такви што се циции и према себе,со скинати алишта шетаат и само ги складираат парите,а не знаат колку имаат од дуќани,куќи...
    Иначе во ред е ако имаш пари да ги потрошиш на себе и за свои удобности.Но големината во човекот е кога сака и да сподели со оној што нема,а не само за своја удобност .Срцето ми заигрува секогаш кога бараат донации и кога некој ќе напише еве јас би можел/а да одвојам пр.2000 денари.
     
    На Tanjamm и Zaljubena26 им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.754
    Пол:
    Женски
    Ист тип на брачен пар знам,сопругата од побогато,сопругот од посиромашно.Се дружевме порано.Таков глад за пари во животот немам видено, да се гази преку се,во се да се бара профит,да се ќари,да се дојде до било каков начин до пари.Страшно,се си мислам некои луѓе подобро да немаат премногу,животот би им бил многу подобар.
     
    На Mantisa, Tanjamm, andrejko82 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.846
    Пол:
    Женски
    Да,да,исто,дури и завист,омраза ако види дека некој испаднал поснаодлив за пари,односно повеќе стекнал од него.Мене дури на болест ми личи однесувањето.
    Особено имам забележано дека најголема промена гледам кај оние што биле најсиромашни претходно,тие стануваат најпокварени.
    Како да се во постојан страв да не се вратат на претходниот статус и само грабаат и складираат,исто како Баја патак.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Нема полошо од јаничарска војска.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Колку само финансиската состојба не е поврзана со карактер. Како што има сиромашни покрварени има и богати покварени.
    Многу се радувам кога некој ќе се ослободи од стегите на стегнато живеење или ќе му тргне во професијата/бизнисот. Ако работи напорно, алал нека му е секој денар што го зема. Ако работи нечесно - не го сакам во блиска околина.

    Нема да разберам луѓе што ништо не прават и вртат муабети дека парите човекот го расипуваат, притоа ги земат сите можни бенефити од државата, кои не сум ги ни знаела дека постојат, иако се работоспособни.

    Слободата да можеш да оделиш за следниве три месеци е и одраз на финансиска писменост. Парата не е лоша ако е во вистински раце.
     
    Последна измена: 9 декември 2022
    На Anie93, Annath, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.196
    Пол:
    Женски
    Кога ќе дојде до пари, му се може и да се расфрла и да се перчи па, ни изгледа дека се сменил. А не се сменил, само добил можност да покаже нешто ново од себе, за што претходно само немал можност. До човекот е, не до парите, некој си е истиот и кога ќе му се умножат парите во банка. Колку и какво значење имаат за некој парите и како управува со нив, тоа е неговиот карактер.
     
    На Mantisa, Tanjamm, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Brucewayne

    Brucewayne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2022
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Машки
    Istoto i jas sakav da go kažam, so parite čovekot samo si go pokažuva vistinskoto jas
     
    На Anne Boleyn и WildMk им се допаѓа ова.
  18. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Moja braticetka dodeka bea vo Mk ednas godisno im isklucuva struja i non stop zborese deka mnogu tesko se ziveee,otide maz i vo Germanija posle nekolku meseci pocna original patki,garderoba,decata tip top sredeni...posle 2 godini i ona otide kaj maz i.... e sega e totalna druga prikazna...gospogata koga odi za Mk ne ide po rodnini ( a od istite barase pari na zaem) ne kontaktira so starite i prijateli ( ne im se na nivo) a koga ke sednes so nea na kafe nema prasanja od tipot: kako si? Dobri li ste? Ne...nego slusas kako ona pazari od Francija ( poso blizu Francija zivee) kako ona ne gotvi doma tava e gubene vreme,oni si setat familijarno,kupile kola na kerka i za rodenden ( a site sto se vo Stranstvo znat) deka tuka e lesno kola da se kupi...ne se druzi so nasi bidejki balkanski menatlitet nepodnesuva...FILM! avionski si odat lazat dole deka kupuvat karti po 1000 evra za 4cata a site znaeme kolku pari se kartite... totalno se pretvorija vo luge da ne sakas da gi vides....
     
    Последна измена: 9 декември 2022
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Не им требаат повеќе пари на заем, затоа повеќе не се дружи со вас.

    Поарно.
    Нема да ве замара.
     
    На Cosmic Girl, Angie1432, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Brucewayne

    Brucewayne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2022
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Машки
    Toa se nekoi da izvines mnogu prosti luge, kartite za avion ne se ni približno 1000e jas lani koga bev za ger okolu 4000 den ja plativ, a da ne zboruvame dekq ako ja rezerviraš unapred nekolku nedeli ili meseci možes da najdes karti i za 1800 2000 den. Sličen slučaj jas imam so edni rodnini. Edno leto dojdoa kaj nas od Ljubljana na gosti i se falat kupile nova kola (a ne kažuvat deka ja zele na 10 god isplata na kredit) i demek nogu bogato živeat prikazni ej so da ti kažuvam. Posle godina ipol silom prilika jas se najdov vo slovenija i vikam da idam ljubljana da prespijam kaj niv nekoja den dodeka ne se snajdam so smeštaj. I nenajaveno otidov i se javiv ke dojdam kaj vas u slovenija sum, i epa dobro onaka kako bez usta, i gi najdov kaj sa, mi ja dadoa adresata gledam odnadvor golema kuka stvarno vikam lugeto dobro se snašle, i izleguvat me prečekuvat odi vlezi i dole u podrumo otidovme, vikam e so tuka, epa vika tuka ovaa sobička e samo naša, epa vikam wc? Vikat epa u hodniko deleme go so dve bosanski familii. i nemase kade da prespijam i otidov u hotel
     
    На Mantisa, Серотин и Corika им се допаѓа ова.