1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали погрешив некаде?

Дискусија во 'Разделби' започната од fuel, 6 мај 2013.

  1. fuel

    fuel Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    Значи вака,јас има16 а мојот поранешен дечко 21 години.Знам дека разликата е голема..но сепак секогаш излегувам со постари пријатели..итн.затоа што со тие на моја восраст не воспоставувам баш најдобра комуникација. Сакам само да ве прашам за совет (ако може од некој искусен ) за тоа што да направам понатаму.
    Вака,ние бевме во врска 3 месеци, раскинавме сега на 30 април и тоа на фб.
    Знаев дека му се допаѓам..но никогаш не му обрнував внимание..и по 3 месеци негово додворување и се тоа..излеговме..На почетокот беше се добро ..ми се допадна и тој се додека не спонавме нешто од околу во врска со сексуалните односи..му кажав дека тој уште на почетокот знаеше дека јас нема да дозволам такво нешто и зошто воопшто почна врска со мене ако знаел дека тоа што му е потребно нема да му го приуштам. Тој на тоа одговори дека на почетокот бил заслепен од љубовта кон мене и воопшто не ни помислил на тоа...дека ке му биде потребно. И рече дека ме сака..и дека знае колку време да сме заедно и година и две дека пак ке сме на истото и нема да се случи тоа што тој очекува..јас таа вечер ја поминав пачејќи бидејќи навистина ми беше криво.затоа што многу ми се допаѓаше тој..и пак не сфатив ако навистина ме сакаше дали нашата љубов треба да згасне заради една потреба?После тој разговор се беше ок..и после 1 недела ..правевме муабет на фб и повторно ..се закачивме за таа тема..се скаравме нешто и јас спомнав немој веќе ништо да очекуваш од мене..но под тоа Ништо да не очекува..не мислев на нешто поврзано со сексуален однос или слично ...и тој на тоа одговори "Ако ништо неможам да очекувам од тебе зошто тогаш да сме во врска" И ја прашав дали ми раскинува и тој рече ДА. :oИ почна да ми објаснува за неговите години и за тие потреби и се тоа..што ви го спомнав пред тоа..всушност ми го кажа истото за кое зборувавме пред недела дена. а пред тоа ми зборуваше демек јас не му значам ништо ..цело време само јас сум барала причина за кавга и цело време сум сакала да му раскинам.Нема врска. После оваа неможев да верувам,затоа што тој беше оној кој повеќе сака,а на крај јас излегувам оставена ?.Сега сакам да ве прашам што мислите за сето оваа? Дали треба можеби да побарам втора шанса затоа што навистина ми фали..и неможам без него .
     
  2. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Девојче,најдобронамерен совет...остави не се замарај со него,многу е очигледно која му е единствената цел а,тое е да има сексуални односи со тебе.Од постот заклучив дека тој сака да те изманипулира и искористи,ја извртува ситуацијата во негова корист, правејќи те виновна за нешто што не си, кога јасно си му ставила до знаење да не го очекува тоа од тебе.Е сега незнае како да се извлече па те обвинува тебе и ти врши притисок да направиш нешто што не го сакаш.Најверојатно увидел дека не може туку така лесно да те смота и се откажал од тебе ама на крајот ти да бидеш виновна.Верувај тоа не е љубов.Избриши го од главата и мислите како да не постоел за да не бидеш на крајот повредена и оставена.Љубовта е за оној што ја заслужува а,тој не заслужил да го сакаш!!!Биди паметна и не дозволувај да ти го помати умот со неговите лаги!
    Животот е пред тебе,пред тебе се најубавите години,верувам дека еден ден ќе се појави оној кој вистински ќе те заслужува... :)
     
  3. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    За сексуални односи искрено ќе ти кажам мала си и убаво што така зрело си размислила мило ми е , инаку разликата во години не е многу голема (но ти си малолетна и малку боцка нели) значи ми падна она во очи кога ти рекол дека не му значиш! Знам дека го сакаш и ти фали, но ако тој те сака и е спремен да те почитува додека не си спремна ти за односи ќе биде со тебе што во случајов не е ,јас разбирам машко е си мисли што да губам време кога можам на страна нели? ај ти среди се малку размисли си (јас мислам дека он можел да те чека и поддржува , но некако многу ми ги наметнува односите во приказната -мала си ми ) велиш да бараш шанса но ти ништо не погреши во ред е да не бидеш спремна на некои нешта , не се секирај потпорасни малку можеби ќе ве спои животот понатаму , нема уште сега да се наметнуваш грижи сексот не е баш едноставна работа .
     
  4. fuel

    fuel Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    "ми падна она во очи кога ти рекол дека не му значиш"--?? не те разбирам..не е точно никогаш не ми рекол дека не му значам ...дали ти погреши во пишувањето не разбирам..мислам дека бев доволно јасна..дека тој цело време ми велеше дека му значам и се тоа.


    Инаку благодарам многу за советите!!! навистина ми помогнавте и се чувствувам подобро!!Фалаа !
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски

    :) :) На таа реченица мислев
     
  6. fuel

    fuel Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    2
    значи не сме се разбрале..тој на мене пред да раскинеме ми рече : јас на тебе ништо не ти значам..јас се што направив за тебе а ти мишто за мене и такви ствари. и после тоа ми раскина. се тоа било ,колку јас да останам крива на крајот и да се чувствувам виновно ццц.
     
  7. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Океј океј тука сме ,епа фуел јас ти го кажав моето мислење ...ако не најдеш баланс немој да се мачиш подобро и за тебе и за него :)