1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали политиката лесно манипулира со луѓето?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ocila, 16 јануари 2013.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Самиот наслов кажува се....Дали политиката лесно манипулира со луѓето, во случајов со македонските граѓани?

    Ако е дупла се извинувам се видов друга ваква тема т.е. на пребарај го форумот не излезе ништо :bow:
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Секако дека манипулира, мора на некој начин да се добие глас кој значи многу за победа. Вака ќе направиме, така ќе направиме, нови сали, поголеми плати, подобар живот, подобра иднина...
    Се влева еден вид надеж кај луѓето, зошто во денешно време мораш да имаш надеж и верба дека ќе се подобри нешто во државата и дека ќе си најдеш работа итн.
    Ако не се манипулира никој не би гласал, во политиката ако не знаеш да манипулираш не си добар политичар. Колку повеќе манипулираш толку повеќе си ги зголемуваш можностите и шансите за победа. Потоа дали ќе се исполни ветеното или не, не зависи од луѓето туку од политичарот. :)
     
  3. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Манипулира и тоа како!
    Посебно во Македонија,па и на целиов Балкан!
     
  4. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Секоја политика се води според своја идеологија. Со различна идеологија кај политичките партии различно се прикрива вистинската состојба, вистинските страни на настаните. Манипулатори се сите, само кој повеќе ја владее тешкотијата на сопствената идеологија, е тој излегува успешен.
    Во политиката се вмешани луѓе и помеѓу нив има хиерархиска скала на моќност. Секако дека некој помалку или повеќе вешто ја злоупотребува својата позиција. Употребувајќи ја политиката не се манипулира само овде, се манипулира насекаде.
    Толку незабележително, но за пример го земам и Обама, и колку и да звучи смешно тоа е вистинско - тој освен што манипулира со својот народ, манипулира со скоро целиот свет.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Aко човек не размислува со своја глава-да....и не само политиката.

    Со мене не можела и се`уште не може. Сум политички определена, но не сум и` дозволила на политиката да навлезе премногу во мојот живот за да може да ме манипулира. Јасно ги гледам и доблестите и мааните на припадниците на др.партии и сум способна да ги признаам, како и евентуалните потфрлувања на лица чија партија поддржувам.

    Има има кај нас изманипулирани од политика. Дали плдоната почва за тоа ја ствара преголемата свесност и запознаеност со политиката од страна на нашиот народ? Познавам 12 годишно дете кое знае кој е министер на 5-6 министерства, сите претседатели од политичките партии, а за премиерот и претседателот да не збориме. И тоа све со име и презиме. За разлика од западните земји во кои не верувам дека познавањата ретко им одат подалеку од имињата на претседателот и премиерот.
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Немогуче,недозволиво...скраја да е. :shake: :nod:
     
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    интересна тема :)
    искрено последновреме не оЧекував вака па дури жени со се бебиња на нозе :D а бре си се изнаЧудив кога видов како маж и една жена се кара за ова пративе и политикава во мак :tmi: лелеее
     
  8. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    не со сите :D
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    А каде не манипулира? Ние сме само обични марионети во нивни раце. Правиме како ни се диктира. Има поотпорни и лесно изманипулирани. Најубаво е да си вториов тип - ништо не знаеш, се ти е наредено по патот (па да такви се бараат денес). Како анархист, мене ми смета денешната политика и слепилото на луѓето.
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Да.
    Со сите од еден до последен, на секаков начин, лесно наметлив, некогаш незабележителен.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Манипулација-постапка која за жал е се почест начин на управување со меѓучовечките односи.
    Такво време дојде што веќе се оправдува самата постапка со охрабрувачки пофалби "добро е што знаеш да се снајдеш,браво! " (и покрај тоа што,снаодливоста и манипулацијата се два различни поими)
    За среќа,сеуште ги има оние свесните луѓе кои не подпаѓаат на влијанието на нашиов демократски начин на водење на државата.
    Кокретно,ќе се задржам на пензионерите,е..оваа категорија кај нас,е најдобро,со најуспешни резултати манипулирана последниве неколку години.Се прашувам дали тие ни се мотивот за живот,живеј,учи,работи..па кога ќе станеш пензионер се ќе ти биде бесплатно,и ќе уживаш во староста.
    Но,што дотогаш?
    Која е пораката од нашата ни влада,наменета за студентите? Дали сеуште неможат да најдат некоја проѕирна манипулација,со која навидум ќе не смотаат ?
    Како и да е,добра политика се води,им се дава на оние од кои најлесно можат да купат гласови за избори.
    A на нас останатите,кои не спаѓаме во групата пензионери,ни остануваат оние празни ветувања кажани на предизборните кампањи.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Политиката може лесно да ги манипулира краткогледите, уплашените и прости луѓе.
     
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Да.Еве сегашниве случувања во нашето семејство се резлутат на тоа.Првин те ставаат во тешка финансиска состојба и после те принудуваат да бараш помош.Тегнат и двете страни и опозиција и владејачка партија.Човек од што мора ќе подлегне .Кој од немоќност , кој од незнаење, кој од корист....Ама политиката на сиромавиот не му носи ништо освен грижи.Додека оној што е не функција манипулира со народот.Не не остават сами да решаваме ,што и како?А од друга страна сме демократска земја. :swear: Кај нас имаме уредување слично на Сталин во некогашна Русија.
    Манупулира и тоа лесно.Ние сме родени да бидеме политичари, од мала нога.Таква нација сме и ќе си останеме.Секој политичар...на свој начин и секој различна партија ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    На жалост да а нетреба да биде така
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ги манипулира и тоа како. Познавам семејства и пријатели кои се оттуѓиле за политика и партии :puke: :puke: Јас лично не се замарам со политика, ама има луѓе кои се навлезени во политиката и ги принудуваат дури семејствата за кој да гласаат, одат по свадби и по гости и се караат за политика, залажени се со членски книшки и некое ефтино работно место. Додека политичарите на екран и во сообрание вадат очи, а навечер си шетаат и вечераат во град заедно. Ете тоа е манипулација и да се караат се заедно се тоа е политика. А обичниот малограѓански народ ќе се скара за навек
     
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.711
    Пол:
    Женски
    Со оваа рекламата за Заев уши и очи ми потекоа:На Заев не може да му се верува...Заев ова,Заев она...абе ако сакате да се карате карајте се на друго место,а не на ТВ да манипулираат со луѓето...Та едните та другите.. :x
    Почнува како она Гебелс шо рекол:100 пати повторена лага станува вистина.
     
    На hermosa, bubamara12345 и sweet-star им се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Многу може да се манипулира,премногу. Меѓутоа кај што се работи и има позитивни резултати има простор и за манипулација и истата да не се примети, но доколку ништо не е сработено а се работи само со манипулирање ( како што имавме жив пример пред многу години во МК) е тогаш лесто се фаќа во лага.
    За политичко манипулирање се потребни многу паметни луѓе, кои ќе ја најдат секоја празнина која може да се потполни со манипулација.
     
  18. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Политиката не само да манипулира туку и им го закржлави мозокот на луѓево до тој степен да не си го користат сопствениот мозок да размислат и им ги замагли очите да не видат подалеку од сопствениот нос. Едноставно од паметен човек ги преобрази во паразити кои чекаат од штабовите да им кажат што да мислат и што да прават. Жалосно, но сепак вистинито.
    Политиката си поигрува со луѓето како што си сака. Манипулира и повеќе од што треба.
     
    На TIGRICA123, drakulce и fighter им се допаѓа ова.
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мене не ми пречат политички определените луѓе, бидејќи тоа е демократско право.
    Но ми пречат политички заслепени луѓе, зошто ја губат разумноста во размислувањето и своите постапки.
     
    На Rama, TIGRICA123, PussyHunter и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Никој не може да биде манипулиран, доколку самиот не дозволи.

    А, наоколу гледам луѓето бидуваат манипулирани на разни начини (не само преку политиката).

    **

    Втора работа е што државата не става во теснец за некои работи, па сакале-не сакале не манипулираат свесно, ама од некои работи човек не може да избега и да се спаси.
    Сепак, самите сме виновни и за тоа, зошто самите сме одговорни за гласањето. :!:
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.