Не се плашете, напротив ЖИВЕЈТЕ СО ПОЛНА ПАРЕА, бидејќи се' додека се плашите да знаете дека тоа и го привлекувсте и големи се шансите да ви се случи. Затоа ЖИВЕЈТЕ БЕЗ СТРАВ, со желба и волја, така се' ќе си дојде на место.
Да. Иако имам долга врска, се плашам. Не ми е толку страв од бракот како институција, нити од тој фамозен потпис на парче папир, ми е страв од самата себе. Не знам дали би се снашла добро во улогата на нечија жена, ме плаши целата одговорност, притисокот околу бидување добра мајка, целокупниот процес околу воспитување/израснување сопствено дете. Затоа и мислам дека би пукнала пред да се одлучам на таков чекор.
Не ме плаши. Дури и да не стапам во брак, мислам дека нема да е крај на светот. Многу девојки очајно се плашат од ова. Јас сум подготвена да се прифатам себеси и со маж и деца и без маж и деца. Сакам луѓето да ме сакаат поради она што сум, а не поради тоа дали сум во брак или не, затоа што јас не ги ценам според брачната состојба. Има супер луѓе кои се сингл, но има и гадови кои се во брак. Општеството наметнува дека треба да се стапи во брак, но ако не се појави тој некој со кого би стапила во брак, подобро да не бидам ради реда во брак, оти многу околу мене и ова го направија.
Мислам дека ти е утнато мислењево.. темава не е дали ти е страв да стапиш во брак зашто според ова што го пишуваш така звучи туку дали стравуваш дека можеби никогаш нема да се омажиш..Just saying
Порано да. Размислував што ако останам сама цел живот, дали ќе најдам некој што ќе ме сака, лојалност..Сега ич Воопшто не мислам, ако најдам некој што ќе ми одговара во секој аспект супер, ако не пак супер Не планирам да се лишам од слобода за помалку од моите стандарди колку да не сум сама.
После одредени случки, одлучив дека не сакам ни да се мажам, истото им го соопштив и на моите. Можеби некогаш ќе се премислам, ама на долгорочен план не би можела да се замислам во брак.
Па доволно радикално за да донесам таква одлука. Точно дека никогаш не се знае, можеби би сменала некогаш мислење којзнае, но засега го имам тој став.
Дека сакаат да имаат внуци од мене, и дека нема да сум можела сама да живеам, ко ќе сум остарела ќе требало да имам човек до мене.
Живеам со мајка, само со неа а и во поодминати години сум, се плашам дека нема да се омажам и тоа многу. У ствари се плашам дека ќе останам сама а тоа ме ужаснува. Да бев добра финансиски и да не бев анксиозна колку што сум, немаше ни да помислам да се мажам, ќе си родев едно и чао. Вака...да, се плашам!
Не се плашам.... Јас немам ништо против бракот, убаво е да имаш дома личност што ќе си ја одбереш со мерак, да си правите друштво, но....не би се омажила по секоја цена, колку да исполнам традициска и биолошка должност, не ми е амбиција во животот, а до деца не ми е ни дојдено искрено..... и не верувам дека ќе се омажам, немам сретнато некој со кого би сакала да се омажам, нема зошто во иднина да сретнам. Позитивно е тоа што мене средината (со исклучок на една тетка на која и го покажав местото) не ми врши притисок.... убава сум била јас, ќе сум се омажела, и никогаш не ме замараат....раат сум. Да им објаснувам зошто би било, зошто нема да биде, не планирам.
Порано се плашев, но сега гледајќи колку бракови склопени ,,од што мора” се распаѓаат, доаѓам до заклучок дека дури и не мора да се стапи во брак. Сами си го правиме вакво општеството, поставуваме глупи правила и принципи кои го полнат народот со негативна енергија. Затоа секој млад човек боледува од некакво психичко пореметување, ако ништо друго - стресот е гарант секојдневно застапен. Еден е животот, ќе живеам како сакам, ќе правам што сакам сѐ додека не загрозувам нечија душа.
Работи на себе,запиши се на некаков курс, работи за да можеш да го плаќаш и за факултет никогаш не е касно зависи какви амбиции имаш. Уживај во животот, надоградувај се и фокусирај се на себе и на СЕГА, никој во иднина не знаеме што не чека.Дете ако сакаш можиш да си имаш кога ќе зајачаш финансиски, а за маж не е касно ни на 60 само да е вистинскиот не од ради реда Се е можно кога веруваш во себе.