јас во последно време почнав сериозно да мислам дека нема да се омажам, дури и си се тешам дека не е толку страшно да останам сама.
Не никогаш го немам тоа помислено. Можеби глупо звучи ама според мене само оние кои премногу бираат остануваат сами. Доколку не можеш да се омажиш од љубов тогаш ќе се омажиш со стројници Спојлер можеби е смешно, но јас познавам неколку случаеви на жени што се омажија со стројници една наша куќна пријателка не беше мажена и тоа убава жена, образована и и најдоа маж од друг град. Таа отиде да живее кај него како да пробаат еден месец и еве до ден денес се заедно што значи среќата и се насмејала
Постов ми е од пред година дена... Сега го мислам спротивното. Се‘ ми се чини ќе завршам како многу други, со успешна кариера и пропаднат приватен живот.
Искрено, јас се плашам дека ќе се омажам Поточно дека дечко ми ќе ме запроси а јас ќе морам да го одбијам. Не сум јас тип за такви работи и му кажувам на него, ама тој не сфаќа... Осеќам на крај ќе лечи скршено срце
Секој си има помислено вакво нешто,барем еднаш.Не значи и дека ако си во долга врска или дека ако имаш дечко дека ќе се омажиш....и долгите врски завршуваат-некои,сум гледала како 10годишни врски завршуваат,верени луѓе-се оставаат,земени се разведуваат...така да ништо не се знае во животот...ако се оптоваруваме со се-како би живееле???.Сигурна сум дека Гопод за секоја од нас чува нешто убаво
Не. Воопшто. И да не се омажам нема да бидам сама. Секогаш некој се наоѓа бар за разонода. Или ќе си купам мачки. Сеедно битно продуктивна ќе бидам. Јас повеќе стравувам да не не го најдам вистинскиот. Или да мислам дека е тој вистински а да не е. Да не ме прелаже некој како на страшен филм. Да не биде некое говедо кое ќе се пијанчи и ќе удри некое од децата. Или стравувам да не се разболам. А страв ми е и да не не можам да имам свои деца. Леле од ова ужасно ми е страв. Толку обожавам деца. Сакам да имам 7 или 77 или купишта а многу ми е страв дека нема да можам. Уф се наежив.
Е тедимече ептен ми брцна у рана ..многу се пласам околу прасањето за децата,многу сакам еден ден да си имам еден куп деца за маз да исто сум си помислувала ама не колку за деца сто сум се нервирала,имав долга врска и искрено почнав да се замислувам.ние имавме редовен секс и секогас пенетрирасе во мене да бесе некоја друга досега десет деца ке родесе,извинете за оф топик ама така сега па почнав да си мислам уфф ај белким ке се најде некој да се омазам така после 5-6 години
Не стравувам. Па и да не се омажам,што? Ќе се поштедам од перење,од дерење и други домаЧински работи. Секако,ќе ми фали некое маже до мене,и семејно чувство,ама тоа што дала судбината тоа е. Ќе си направам една добра,јака кариера,ќе си посвојам детенце,а за останати човечки потреби,ќе се најде некој.
Не,зошто имам бек ап план.Ако се деси тоа,ќе одам у банка за сперма некаде на страна и ќе изберам,некој висок и згоден Швеѓанец,со сини очи,атлетски граден, здраво што живее, интелектуалец, по можност некој математичар и средена работа!Мора оваа јака днк да се продужи! Не ми е толку гајле за мажачката,колку за немањето деца.И сама да бидам,морам дете да имам!
хаха ве читам девојки што сте коментирале под мене е тука се согласувам со вас многу. реално, не сакам да се омажам и немам некоја амбиција за семејна ми атмосфера, јас имам куче и со него сум поблиска него со цело мое семејство, ма и со дечко и со сите. немам некоја посебна потреба од маж до мене, освен за секс, не гледам што друго би ми дал а што не може да ми даде, на пример, најдобар пријател. но деца... тоа е нешто што морам да имам. сакам да имам 2,3, па и 4 (јас растев сама, со сестра ми сме огромна разлика), но тоа зависи од солидната плата не сакам да имам повеќе деца и да немам пари да им пружам живот барем половина од тоа мене што ми беше пружено како дете. ако имам можност за повеќе деца, повеќе ќе имам, ако не за колку се има за толку, со тоа што едното ќе ми биде посвоено (ако ми дозволат во мочанава држава, дур посвојам детето полнолетно ќе стане). и мислам дека многу подобро ќе функционирам како родител сама, отколку со маж до мене со кого ќе треба да се договарам околу воспитувањето. не знам како ќе си го изведам планов, бидејќи сум сеуште студент, а освен тоа претежно сум кариеристички ориентирана мноооооооогу помалку семејно. затоа и ќе ми требаат повеќе финансии околу дечурланата. ама ќе ги имам, и секоја секунда мислам дека ќе ја посветувам на нив, и на кучињата што ќе си ги имаме, кои секако зафаќаат најголем дел од моето срце
Луѓе дај не се замарајте со иднината...и живејте ја сегашноста...во ништо не сме сигурни..не знаеме ниту утре што ќе биде..а не па за тоа да се замараме...не знам што е толку страшно и тоа да се случи...голема работа...
Искрено ваков страв воопшто немам Како ни е пишано така и ќе биде..Но стравот од немање деца ми е најголем страв и стално ми се мота во глава, се ежам од помислата мислам еден ден ако неможам да имам деца подобро би било да се убијам
воопшто не сум ни помислила на ова дека можеби нема да се омажам, кога ке дојде време тогаш, сега за сега рано ми е за мажење
Не се плашам од таа помисла искрено и многу ретко помислувам на тоа и мислам дека што треба да биде ќе биде порано или подоцна. Што е мое ќе си дојде. Живеам во сегашноста и сеуште ми е мнооогу рано да мислам на мажење, сега имам други приоритети во животот.
Мислам дека на секого му проаѓаат вакви мисли низ глава ама јас ич не се замарам јас не се мажам затоа што бракот за мене е само документи а можам да сум во цврста долга врска без тоа да биде ставено на хартија и да ми биде убаво повеќе сум насочена кон барање на човек што ќе ми одговара наместо барање на сопруг.
До сега не сум сретнала околу мене добар брак така да НЕ САКАМ да се омажам. А имам долга врска ама нема шанси, што и да се случи нема да се омажам во идните 8-10 години. Сакам да завршам факултет, па после ќе мислам за мажачка. Немам некој проблем да бидам сама, барем сега за сега мислам така.
Мечка страв, мене не. Ајде аман. Се живее и немажен или неженет. Кој како милува. Повеќе ми е страв да се омажам па да заглавам трајно, а не дали воопшто ке се омажам. А на 23 години... ни врска имам сериозна... ни на мажачка мислам... Како и да е. Пострашно е бракот да ми е погрешна заедница, отколку дали би се реализирал. Бракот е опција на формално овековечување на љубовта. И без формален брак си живеат луѓето и си имаат трајна љубов. Во животов не сум имала можност да мислам на иднина подалечна од утре. А мажачката утре нема да ми биде. Повеќе ми е страв дали утре ке го дочекам. Море и од тоа не ми е страв. Како ке рече дедо Боже.
Не стравувам. Последната врска ме научи дека и љубовта и фанатстичниот секс понекогаш не се доволни. Она од што стравувам е загубата на здравјето бидејќи така би била во позиција да не успевам да се грижам и борам најмалку за себеси во животот.Јас сум волк кој е дебел во вратот и секогаш ќе се стремам кон тоа. Бракот за мене е заедница која е оправдана само ако 2 доволно зрели индивидуи за одделно егзистирање одлучат да бидат заедно делејќи добро и зло. Не ми треба брак како конформистички наметнат образец,нити како потврда пред заедницата за морална исправност на сексуалните ми активности и репродукцијата,нити како параван зад кој ќе се кријам како емотивно остварена личност ако не е тоа навистина така.И мразам кога некој го употребува изразот „покриена глава„ подобро да спијам на клупа покриена со весник,а да размислувам со сопствена глава, отколку да ме вдоми некој кој ќе ми го осакати идентитетот. И самиот пол ми дава огромна предност и во отсуство на брак да сум способна за потомство,што дополнително ја намалува потребата од вакви фобии.