Никогаш додека не ја прочитав темава не ми текнало дека ќе останам стара мома Сега баш си се подзамислив. И... ич не ми е гајле некако засега Мислам дека тоа ќе ги засега сите во околината родители, дедовци, баби а мене ми е сеедно. Обично кога ќе видам постари девојки, над 35 години кои се немажени првото што го помислувам ех види сами немаат деца. А не помислувам леле немаат маж. Немаат кој да ги нервира дома. СУПЕР! Јас се плашам од бракот, од неговите обврски, од тоа работа, дома, ручек, чистење, па и обврски со деца и задолжителен секс а тебе те боли глава од документите на работа, од вриштењето на децата цел ден, уморна си и уште него му се сака Мене ме загрижува бракот, не ме загрижува продолжената младост. Иако би сакала да се омажам. Нема да пречи да си сам и со краткотрајни љубовници во најубавите години. Ама потоа во староста лошо е да се вратиш дома и да најдеш празен ладен стан.
порано многу верував во брак, и сакав да се омажам, но животов ми постави свесно или не таков човек на мојот пат, за повеќе во истиот да не верувам. И не стравувам од тоа ако не се омажам, дури и почнав да размислувам на опцијата НИКОГАШ да не се омажам. Ако има љубов разбирање хармонија и се што е потребно, парчето хартија дадено од матичарот нема да ми значи ништо. Порано да стравував од помислата ЛЕЛЕ НЕМА ДА СЕ ОМАЖАМ, дечкото со кој што одев (до пред 3 дена) ми ја скрши сета таа илузија, така да веќе не верувам, и не се замарам дали ќе се омажам или не... Битно ми е да го најдам совршениот човек за мене!
боље немажена, отколку несреќно мажена!!!(забегав од темава, ама прво тоа ми текна коа го видов насловот) јас мислам дека сите имаме друга половина на светов, само треба да се потрудиме да ја најдеме. Некој ја наоѓа полесно и порано, некој потешко и подоцна...
Никогаш не сум помислила на ова, затоа што знам дека еден ден ќе се омажам. Само да не биде во скоро време, или да биде бракот поттикнат од други причини како бебе. Е тие две работи ги нејќам. Подобро да бидам цел живот немажена, отколку да се омажам и на крај да испаднат триста проблеми. Мажето да си ги покаже рокчињата, и ете оттука произлегуваат проблемите во животот. Пијаница, изневерувач, и згора на тоа да нејќе да ти даде развод па да се маткаш по триста судови. Хаос. И ако останам немажена некогаш, што и нема, деца во секој случај ќе имам. Како бе вакви момичиња лични и паметни да стравувате дека ќе останете стари моми? Уживајте во животот, за секоја има по некој одреден. (или која како си заслужила? )
подобро немажена, отколку мажена за некој си што пекол ке ми го направи животот, и ке ми ја вади душата инаку и мене ми се случило неколку пати мајка ми да ми зборува дека ми е време,ама веке не ми зборува оти свати дека нема ефект и имам тетка која не е мажена е посветена на кариера ,и си ужива во животот, можеби таква и била среката(како што велат дека ке биде како што наречниците кажале 3 нок во нашето рагање)
Имало такви моменти кога тоа сум го спомнувала без да размислам или само сум се шегувала, но никогаш не сум размислувала сериозно за тоа што би било доколку не се омажам. Секогаш како низ магла, во иднина сум се гледала како среќно омажена со две-три деца. Како одговор на прашањето од насловот на темава секако веднаш би одговорила - Не се плашам. Но, кога би седнала да размислувам подлабоко би сфатила дека не само јас, туку секој би требало да се плаши од самотијата. Кога сме во цутот на младоста и кога се чувствуваме силни и моќни како да ќе го освоиме целиот свет, универзум итн., осаменоста ни изгледа само како момент на среќа во кој сме успеале да се ослободиме од секојдневните обврски и стресови. Од друга страна, барем теоретски е познато дека Човек не е роден за да живее сам. Не треба да бидеме толку себични и скромни (зборувајќи за тоа колку тешко би било кога во моментот кога младоста ќе не' напушти и целата таа сила и моќ ќе испарат, да се биде сам - без сопруг, деца и сл.), туку треба во својот живот да се потрудиме да го дадеме максималното од себе. Тоа човек не може да го направи сам, му треба едно постојано друштво во којшто сооднос би разменувале многу ставови и чувства. Кога си слободен и без оврски (во моментот мислам на оние емотивните) се' изгледа толку лесно и си мислиш дека светот го имаш в раце. Ти си победникот! Ти си оној кој има се'! Се опушташ, желбата за борба со секој изминат ден се' повеќе и повеќе се намалува и доаѓаш до степен на губење на дел од човечното во себе (на пр. сакаш да имаш деца - имаш такви (во брак или не) - доколку си во брак а не си способен да го одржиш ти следува развод - на крај излезот и од двете варијанти ти е самохран родител (доста нездрав, а се' почест десерт од мувлосаниот оброк на денешново општество)).
Сум помислила и искрено многу се плашам не сакам да останам стара мома............. Но секој со судбината и со среќата како што велат "Koј како си ја наредил " Не сум во тинејџерските години за да викат сите многу си млада на мои години веќе многу мои другарки имаат офoрмено семјство сега многу глупо e што 16 годишни девојки остануваат бремени и се мажат па тие уште не се доволно зрели да се грижам за себе па камоли за некој друг Дали би се омажиле со некој само за да не останете сами ??? Јас би се омажилa затоа што многу се плашам од самотијата според мене тоа е најстрашното нешто што може да му се случи на еден човек Но ние се плашиме од самотијата а кога ќе влезиш во брак се појавуваат 300 проблеми но сепак подобро да имаш проблеми отколку цел живот да останеш сам . Многу е тешко да се најде добар дечко а и кога го имаш се нешто му фали ние женскиве многу сме комплексирани.
сум помислила,понекогас во моменти кога се чуствувам осамено...нарочито овој период кога не сум повеек со дечкото...теско е сега да се најде добро момче....не нза кај ние крајот,но мислам дека секоај девојка копнее за семејство..моите другари сите гледаат деца дома а јас понекогас нема ни со кој да излезам на кафе а толку ми се излегува...
И мене често ми се вртат тие мисли како што ќе биде со мојот живот дали ќе се омажам ама не стравувам од тоа,си викам се со свое време...
ве читам вас, и не ми се верува на очите и си ја читам мојата претходна изјава(останувам на тоа) добро бе женски како некои од вас стравуваат ШТО ако НЕ СЕ ОМАЖАТ, што е тука страшно ке се спасите од проблеми, кавги, еден куп домашни обврски(свекор , свекрва, и други семејни членови и куп други глупости).Иако имам веке 26 години(во 27мата влегов) на памет не ми пага да размислувам за брак, дечиња, формирање семејство, оти ниту сум дипломирана, ниту вработена, ниту пак имам долга врска која води кон тоа па за да јас почнам да размислувам за брак животот е еден, и не дозволувајте да биде исполнет со мисли дека нема никогаш да се омажите една е младоста и уживајте во неа додека можете
Премногу сум млада и до сега никогаш ова прашање не сум си го поставила, и нема сигурно во наредни неколку години. Но морав да пишам заради еден твој коментар.(болдираното) "не бе не е страшно", нема да осетиш вистинска љубов,нема да осетиш мајчинска љубов,ќе немаш свој потомок,семејство,семеен божиќ,велигден,слава....глупостите и растот на децата.Утре внучиња да гледаш,со саканиот во стари години да си се помагате.И утре тебе твоите деца да те гледаат. И втора работа, зошто набројуваш свекор и свекрва а твоите не.не влегувајте со бариери свекрвите се лоши,влезете со позитивна мисла,добри се,таа е негова мајка,го сака,се грижи занего исто како и мојата за мене, и ја утреможе ќе имам син и ќе бидам свекрва,зарем и мене утре снаата така да ми викаа ја сум сепак фер.Прво вие поставете се фини, а ако некој е навистина лош,поставете се на дистанца и така како што заслужува,а не свекрвите се лоши и од старт негативна енергија ширите наоколу во нивна близина.Зошто не ги спомна твоите, што ако твоите бидат тие што ќе се мешаат во бракот.И од кај знаеш дека ќе имаш неподносливи кавги, не викам не,нема врска без проблеми а не па брак со + 1000 обврски,ама ти ли во брак со саканиот ќе влезеш со мисли дека ќе ви биде лошо,....епа тоа не е воопшто добро(заради тебе),бидејќи твојата потсвест многу ќе влијае утре врз твојот живот. Ова го пишав со добра намера,со позитивност (ако на некого не му се допаѓа,тогаш ова нека го свати како едно мислење,пост на Snow-Queen кој не ви е важен и готово )
Ок срцекршачка,така размилуваш,ама нема да биде за цел живот.Секој се стреми кон оформување своја фамилија,смислата на животот.Сам не се живее и тоа ќе ти го потврди секој. Тоа што велиш дека ќе се спасиме од свекор свекрва,домашно обврски...... Па зарем дома не работиш ништо?Не помагаш?Не правиш ручек некогаш,да зачистиш,да се испеглаш........Свекор,свекрва......ако убаво се постви секој,ако се има разбирање се ќе биде убаво со малку толеранција.....Други членови?Детенцето е најубаво нешто што може да му се случи на секој,па како член,навистина радува,и го исполнува животот.Золва,јатрва......на такви други членови мислиш?Па и во нашата фамилија имаме роднини кои се злобни,така да ништо ново нема да биде. Така да мислам дека нема од што да се СПАСИМЕ,напротив ќе ДОБИЕМЕ
Јас искрено се вклучувам во таа категорија.Имав две поозбилни врски,и тоа со намера за брак,но ме бие некој малер никогаш не ми успева.Секогаш едната страна на фамилијата е против ,а во последниот случај и двете страни и не разделија.Знам,млада сум ,но ми е страв пред се затоа што многу сум добродушна,сакам да си имам маж кој ќе ме сака и јас него,но ете веќе помислив дека сама ќе си останам.Машките се многу лоши,и се плашам дека нема да си најдам сродна душа.И за да е полошо,немам воопшто мајчински инстинкт.Ми претстои дипломирање и работа во странство,можеби таму ќе се помирам со судбината
да бидам и ја искрена да некогаш ми наидуваат такви мисли што ако нема да се омажам.....и тн не се замарам мн за тоа, имам сериозна врска која оди кон тоа,али сепак никад се незна а ја како и секое друго девојче би сакала д аимам фамилија дечина,и сите други убави работи и моменти кои ги пружи семејството
Хммм.... Да речеме дека сум прилично сигурна дека нема да се омажам. Иако имам долга врска, доколку некои работи кај дечко ми не се променат-нема ни да трае врската. Ако ја прекинеме, знам дека никогаш нема да се омажам. Ако веќе не се мажам за него, нема за никој друг. Едноставно, тој е љубовта на мојот живот, тој е единствениот со кој можам да се замислам на 75 години (ако ги дожиевам ). Ама, ако не се променат работите....тешко богами, дека некој ќе се радува на моја мажачка.
Сум помислила некад ама не до толку за да се замарам или стравувам да не останам стара мома не можам да го оптеретувам мозокот со мисли и прашања на кои нема одговор,едноставно како ми е пишано така..повеќе стравувам ако се омажам да не налетам на некој будала
иако по толку многу момчиња што стално ги вртам на прст итн. сепак постои страв во мене дека ете,можеби нема да биде се како што ЈАС сакам,едноставно се да излезе обратно од тоа што јас сум го посакувала...затоа сепак постои нешто во мене,од кое што сепак се плашам..дали понатаму ќе се омажам.. порано бев,да бев навистина за сериозно врски,но како поминува времето - некако се почнува да ми претставува авантура,иако ги сакам момчињата со кои што поминувам долго време,без врска итн. тоа значи дека времето и животот ќе пресудат за мојата иднина.. но,сепак без страв,мислам дека ќе си дојде се на свое место
Секако! Стално си помислувам дека нема да се омажам, нз зашто, а имам дечко, си одиме три години, поима немам зш ми доаѓаат такви црни мисли