Не стравувам воопшто, напротив јас сигурна сум дека ќе се омажам еден ден па тоа дали ќе биде сегашниов дечко или некој друг, битно е јас ќе се омажам. Оптимист бе
Имам мислено на ова прашање неколку пати ама искрено не се замарам.Проблемот е тоа што општеството кај нас е уште конзервативно и ако до 25 не се омажиш почнуваат муабетите како ќе останеш стара мома,како до 25 ти бираш а после тебе те бираат и бла бла...И долгите врски не се гаранција дека ќе се омажиш.Може да одиш со некого 5-6 години и да раскинете,или па да одиш година дена,да се земете и се да биде најнај.Мажењето и не е толку проблем,секогаш може да се најде некој,но поентата е да се најде некој кој навистина вреди,а не после да следуваат разводи,карања,трауми на деца и сл....
Не. Порано се плашев зошто имав набиено многу комплекси со моето тело, со тежината, лицето, косата, сега веќе не. Можеби тоа што сум постара ме прави да размислувам поинаку откога бев помала. Сепак, мислам дека човек каков и да е, ако Господ така решил, ќе си најде сродна душа, така да веќе не ми е страв од ова.
многу се плашам од тоа дека нема да најдам сродна душа.но ете почнав да се навикнувам на самотијата.и искрено сега многу подобро ми е.сепак тоа што е наше ќе си дојде,а она што не ни е судено подобро е да го пуштиме за да не не повредува повеќе.како решил Господ така ќе биде.
понекогаш и такви мисли има...Ама оптимист сум,и знам дека ќе се омажам...дури и после некоја неуспешна врска сега барем знам што ми треба во животов.До сега бев на испити
Не. Сви ме желе бре, тоа е немогуче. Нејсе. Полов орган ме боли. Способна сум и сама да опстанам во животот, доволно храбра, силна и ред други работи.
Сум помислила на тоа но не сум стравувала ако не го најдам ВИСТИНСКИОТ па не е крај на светот постојат и други патишта по кои можам да отидам
Еј како ми ја погоди темава...често знам да се прашам дали има некој кој ке се најде да ме надополнува потполно да ме разбира и да ме поддржува . а и пред се да ме сака, затоа што мислам дека денес е многу тешко да најдеш некој кој ќе те сака - но и ти да го сакаш. Но сепак... лошите мисли на страна Што е мое ке си дојде нели ?
Секако дека некогаш сум помислила и на тоа, не бии го нарекла страв тоа, но ете јас си имам некое мислење дека нема да омажам, но боже мој не е крај на свет де, фала богу жива, здрава, способна сум и сама да опстанам во животот. Но да имаш некој покрај себе со кој си створил потомство го посакува секој.
Зависи колку години имаш и што бараш и очекуваш од животов и од потенцијалниот партнер, па за да може да се одговори на прашањево. Како поминуваат годините, така изборот ти опаѓа. Повеќето се зафатени или женати со си деца, а како `старееме` некако и не сме до толку во состојба да прeбираме. Иако за мене тоа е глупава работа, битен е карактерот, а не изгледот, ама тоа е... Потоа владее притисок од околината, веднаш штом завршиш факултет очекуваат да се мажиш и при секое гледање само те подбуцнуваат. Зависи каков партнер барате и што очекувате од него. Ако го барате принцот на бел коњ може и да се изначекате... Јас очекувам дека можеби никогаш нема да се омажам, но не стравувам поради истото... Сепак се работи за моменти, и кога видам мало бебенце, знае да ме прифати малку тага, и јас сакам мало бебенце и маж, ама пак во некои сингл моменти кога се дружам слободно со моите пријатели, уживам во слободата.
Сум помислила, бидејќи сум пребирлива и тешко влегувам во врска со некој. А, досега мојата интуиција не ме излажала, бидејќи сум имала две врски и двете завршија неславно - не беа тоа вистинското. Сакам да имам подолга врска пред да стапам во брак со некого, затоа пишувам неславно. Многу пати сум помислила ( и знам дека е точно ) дека во земјава, а особено во местово кое живеам (кое морам да напоменам е доста ограничено, повеќето луѓе се narrow minded), нема некој кој ги дели истите амбиции и соништа, некој со кој имам доста заеднички работи, па дури ни некој кој е навистина способен вистински да сака поради она балканското во нив, заостанатото. Ретко, ретко, многу ретко може да се најде добар човек тука - а, сите кои досега сум ги запознала кои одговарале на тоа што јас го барам, биле зафатени. А, забранетото овошје за мене останува забрането. Мајка ми често знае да ме обвини за ова мое размислување и став, дека за мене овде нема човек, но цврсто се држам до ова и знае дека не може да ми го промени мислењето. Не знам кога ќе се мажам, да стравувам дека можеби нема, но се надевам и цврсто сум решена дека сакам да се мажам еден ден. Мислам, нели создавањето семејство е најголемата човечка амбиција, а воедно и успех?
Денес се повеќе девојки се стремат кон тоа да се омажат со перфектен маж, а кога сите мажи што не им ги исполнуваат критериумите ќе заминат тогаш остануваат всушност без никого, биолошкиот саат си отчукал и веќе се навикнале на самотијата. Лично повеќе стравувам дека ќе се омажам со погрешен човек.
Тоа е многу нормална работа, јас сум мажена па немам такви стравови. Сепак сметам дека многу полоша работа е да се омажите со некој колку да не останете сами.
Претеруваат блиските и жените кои не се мажени ги гледаат како отпад, демек никој не ги сакал па се сами или се неподносливи. Нема врска тоа. Од различни прчини остануваат сами луѓето. ЈАс имам другарка 32 год има и вика - додека не си во моја кожа, ништо не знаеш. Во смисла да не и судат другите дека има некоја фалинка што не е мажена.
Јас и неверувам дека ќе се омажам , едноставно не ме бидува да бидам во двајца , и големо чудо ко да е , има многу други работи во животот освен мажењето