Никако не стравувам дека нема да се омажам, напротив страв ми е од брак (имам спомнато во др тема), и не сакам да се брзам со мажење
Cите тука сме набиле страв од брак ,ви се придружувам феминки .Cтравувам да не ја изгубам слободата ,и за во врска би ги испокинала сите живци а за брак не ни помислувам
Јас не стравував, другите околу мене стравуваа, па јас постепено самата почнав да си се замислувам како во тоа време што ги нарекуваа "стара девојка". До крајот на средното школо многу учев, малку излегував. Имав една постара роднина, многу образована која никогаш не се омажи, па меѓу теткиве и стриниве од фамилија почна да се шушка дека најверојатно и јас ќе ја имам истата судбина. Згора на се, сестра ми која е инаку помала од мене две години, се омажи пред мене. Она на 18 мажена, јас на дваесет без дечко. Кога доаѓаа да честитаат, мене онака со тажен поглед ме тешеа-Не се секирај и тебе ќе ти дојде редот. Јас не се секирав, но понекогаш така си се замислував стара, сама, со куп книги околу мене...и мачка за друштво. Во тој период, многу излегував, многу луѓе запознавав, се заљубував, но брзо се одљубував. И еден ноември, една колешка ми вели дека дечко и имал другар, и веднаш кога го видела и текнало на мене. И така, ноемвриска вечер. Јас во пепито капутче, а тој дојде со Лада. И кога го видов, знаев...туку ај да одам да му го подгреам ручекот.
Не стравувам, само не сакам никој да ми ствара притисок да се мажам. Имам зацртано дека тоа ќе биде за 4 години АКО и само ако останам со истиов дечко. За овие 4 години планирам да го завршам факултетот, потоа да барам работа по струка(знам дека тешко ќе биде ова) и да почниме со план за нашиот заеднички дом бидејќи не планирам да живеам со свекрва дури ни на почеток, а може ќе живееме и во друг град, ништо не се знае. Битно сакам постепено да си го средам животот, па потоа брак, деца, освен ако не ме изненади неочекувана бременост.
Абе вие дајте најпрвин стапете во брак, колку да имате документ венчаница, а после лесно ќе најдете сопруг... и тоа идеален!
Да, ама некако повеќе ми е страв дека ќе завршам со некој што не треба, отколку сама. Инаку мразам брак. Целиот тој концепт е некако глупав и патетичен.... Со личноста што ја сакаш можеш да живееш среќно без да склучуваш било каков договор. Би прифатила да стапам во брак единствено ако личноста што ја сакам инсистира. Инаку не!
Мислев да, на 15 години со другарките не’ маваше некој филм, дека ќе останеме стари моми. И тоа страв и паника да видете луѓе... Врв
Мене ич не ме фаќа страв,зборот брак не ми значи ништо.Поголем страв имам да бидам повредена или да го поминам животот со некој кој ме сака и ми овозможува сигурност,а јас да не го сакам. Ако било пишано да си останам сама,нека е така Сега за сега,се држам кон забава и слобода
Не. Мразам брак. И доколку не се омажам, не би ми сметало, само да не се наоѓам во Македонија или воопшто во средина каде луѓето судат.
За мене бракот никогаш не бил број 1 на листата на животни приоритети.Не сум ни за,ни против.Не размислувам дека тоа е нешто трагично,па да паѓам во очај.Можам и сама да функционирам познавајќи се добро.
Da ja mislam deka nikogas nema da se omazam nezbam zasto ama nekako taka osekjam.a i iskreno posto ne sum so toj sto sakam ne mi se ostvarija sonistata ne bi m ni smetalo da ne se omazam.samo sakam bivsiot detence da mi naprai i nemora da e so mene po raat ke bidam ))
Лелее не знаете колку се пресмеав кога ја видов темава. Јас можам прва да се ставам на листата на оние кои стравуваат дека нема да се омажат. Секогаш им го велам ова на моите другарки и блиски. И најсериозно, ако го земеме фактот што не ми оди со машкиве и што сите врски досега ми биле неуспешни, страв ме фаќа дали некогаш ќе ја пронајдам својата сродна душа и ќе имам семејство какво што од секогаш посакувам, бидејќи тоа ми е најголемата животна цел. Се плашам од осаменост. Можеби некој мисли дека не сум во право, но според мене тоа е смислата на животот. Да основаш свое семејство. Да го продолжиш потомството и да имаш на што да се радуваш. Вистина е дека и во семејството има потешкотии и проблеми, но и покрај се` тоа е сила која те одржува во живот. Тежок е животот на самците, колку и да изгледа совршен.
Мажењето е најмал проблем за мене, за добра роба секогаш има купец, но добра роба не се продава на секого, треба тој што ќе ја „купи“ да има стил и да знае да ја носи да му прилега. Но за среќа има и таки момци на кои јас би им прилегала а тие со задоолство би ме „носеле“ . Но сеуште не брзам со одлуката иако според некои уште одамна сум требала да го направам тоа, но јас не се водам од тугите мислења и желби туку од своите. Да повторам, не се плашам дека ќе останам немажена но способна сум во секој поглед и да го продолжам животот не сама туку да не бидам во брак. Мене не ми треба некој колку да јадам корка леб, јас имам погача, туку ми треба човек кој ќе ме подржува а не сопнува, кој ќе биде мој пријател а не јас нечии роб кој ќе ми верува а не забранува.....
Од никогаш немав страв, се омажив пред неколку години и си имам прекрасна керка, но се разведов и сега не би ни помислила да се мажам пак
ќе станам калуќерка хахах се зезам гледам позитивно супер би ми било да не се омажам слободна,среќна,убава работа.... супер живот би бил а понекогаш пак се плашам и тоа многу сепак нема ништо поубаво од тоа да го имаш човекот што го сакаш и да имаш деца со него