Мене не ми беше страв дали ќе останам немажена туку ми беше страв од тоа да не се омажам многу млада.И токму тоа и се случи се омажив на 19 години и верувале или не цело време додека беше свадбата јас ужасно се плашев дали овој мој брак ќе функционира.Но ете со тек на време сватив дека всушност страв од брак не бил потребен,и дека се кога тогаш си доаѓа на свое место,и ете сега сум пресреќна сопруга и мајка на две деца.А мислам дека таков страв дали ќе се омажите не би требало да биде присутен кај никоја од вас затоа што секоја од вас таму некаде ја чека човекот на нејзините сништа кој ќе и го направи животот поубав.Треба само трпение,не за џабе велат што е твое ќе си дојде нема потреба да трчаш по него и да го гониш.
Јас лично НЕ. Затоа што сеуште сум премнгоу млада. Имам уште 2 години од училиштето за вршам, за факлутет не сум планирала ама којзнае може и тоа да биде па за мажење имам сигурно уште 6/7 години. Така да кога и да е не се оптеретувајте со тоа. Прво изживејте си го животот како што треба и како што вие сакате. А да се омажите можете и на 30 години. Немам ништо против бракот ама сепак сите знаеме дека откако ќе се омажиш се знае следат деца ова тоа. По дома јадење, перење, чистење .. на работа и слободно време се помалку и помалку и така. Затоа не брзајте толку.
Искрено имав периоди кога и ја мислев дека ке бидам сама и дека нема да имам никој.Али сеа увидов некој работи и мислам дека нема шанси да останам сама.Ај уште две години па може и мене ке ме има како коментатор во категоријата свадба.
Ме фаќа ите како.. затоа што веќе имам 18 години а зад мене не сум имала ниту една врска, освен мување.. И често кога моите или роднините ќе спомнат брак јас им викам - Ааа јас нема да се мажам, не сакам.. сакам да го прошетам светот прво, после ако остани време за брак. А изгледа оваа шала на крајот вистина ќе испадни.
Абе ајде имаш 18 години се уште си дете.Секако дека до сега си немала сериозна врска,ретки се навистина тие што имале сериозна врска на 18 години.Уживај си во животот и младоста а за мажење имаш и те како време да размислуваш многу многу години.
Па искрено сега не ни сакам да размислувам за тоа, иако некои на мои години и деца имаат (не судам, секој нека си тера своето), но понекогаш знам да се изнервирам и да се подзамислам за тоа кога мајка ми ќе ме праша дали имам дечко, па зошто немам, па кога планирам да си фатам, сите мои другарки се во врска, па она се исплаши дека ќе останам стара мома (демек риба во море ќе ловам). 21 сум, па што, не сакам да брзам, т.е сакам да се заљубам, ама ајде де, се уште не е дошол "тој".
Понекогаш да , искрено некогаш помислувам така , но кога ќе се сетам какви се будали не оформиле семејство и брак, си велам има надеж за мене
Што сте чудни. Јас не сакав ни сериозна врска да имам до 30 години, да се мажам никогаш. И ете сега, млада и со дугачка врска и заедно си живееме, исто ко во брак. Секогаш се дешава оноа што мислиш дека е најстрашно, за да сфатиш дека ништо не е страшно.
Do pred dve tri godini toa mi bese najgolem strav.No nekako go nadminav toa I eve sega gledam deka bil samo iracionalen strav.
Леле темата, хахахаха немам коментар. НЕ Е ВО ЖИВОТОТ НАЈВАЖНО ДА СЕ ОМАЖИШ. Многу ми е жал што некои девојки остануваат бремени од некои идиоти и си го упропастуваат животот.
Де, де, полека малку... Секој со своите желби, потреби и среќа на крајот на краиштата. Ако некоја останала бремена на значи дека дечкото е идиот, а уште помалку дека си го упропастила животот. Се' си има своја убавина, некогаш не одат работите онака како што сме планирале. Многу е некултурно да делиш вакви коментари кога воопшто не знаеш што се случува во животот на останатите. Пола од мојата генерација се мажени со деца па не мислам дека си ги упропастиле животите, можеби баш па си ги средиле на тој начин. За нив можеби мојот живот е несреден. Се' е индивидуално, не знаеме каде ќе не' однесе животот.
Реков НЕКОИ, јас тие што ги знам се многу млади за да бидат мајки, за жал. Индививуално е да, но има и други опции. Зошто некое дете да живее несреќно, заради неспособните родители. Не критикувам никого, но не се решаваат проблемите со брак. Треба да се мисли за се. Инаку да не бегаме надвор од темата, не стравувам.
За жал, голем дел македонштина, па и балканштина, е уште жртва на тој менталитет дека на 25 си веќе стара мома и заминал возот. У реду е да имаш различна цел во животот и замисла за среќа. Некоја планира да дипломира физика до 25, друга веќе да има родено 2-3 деца...ама реално, што знае за животот 18-19 годишно девојче кое немало озбилна врска, а за љубов учело од приказни на домашните, околината и сериите/филмовите што перат мозок дека проблемите се решаваат на комичен и среќен начин? Ја гледам колешка од факс...остави факултет уште во прва година за да се посвети на врската, чисто од страв пошто претходната врска од 4 години ѝ пропаднала во вода и се умисли дека нема никогаш да се омажи. Најде нов момак веднаш и тераше до граница на лудило дури да ја венча. Еве ја, пред некоја недела се омажи со стомак до заби. И вели „Не знам што ќе правев со животов ако не се омажев.“ И значи моментот е битно да биде, а мање битно со кого. Немаат работа, не се сериозни карактери...што со тоа дете бре чија мајка има нервни сломови околу лајкови на Инстаграм со умислени ривалки? Мене ми е искрено жално некогаш. Толку можности, толку работи може да се доживеат и постигнат, па мажачката да е приоритет...лелеј. Можда уште утре ќе го сретнам во автобус, може на 38 ќе го сретнам бе на некое кампување во Индија...битно нека имаме иста насока во животот, а тоа да не е стравување од немажачка/женачка. Мене повеќе ми е страв да не заглавам со некој што животов ќе ми го направи рутинска досада, отколку да сум слободна и кројач на сопствената среќа.
Никогаш немам размислувано на таа тема, да се плашам, а ете се омажив на свои 26-27 години, затоа што сакав а не од страв. Да сум сакала сум можела и порано, неколку пати дури , ама баш оти не ме водеше тој некој страв, не се омажив за да правам компромиси во и со својот живот, туку почуствував дека тоа е тоа. И за сега не згрешив Е ама трите другарки со коишто се дружев порано се немажени сеуште. И гледам дека им е тешко. Веќе се им е видено, бараат исполнување, семејство, ама веќе се оформени личности, имаат свои стандарди, остварене се во работа, интелигентни женски, да речеме ништо не им фали, ама веќе се постари. Едната има 35, друга 38 и една 40. Никој не би им дадел толку години, многу добро изгледат, се грижат за себеси, ама сепак не се младе. И се потешко им е. Минатиот пат едната искрено ми кажува дека пати за семејство, ама не наоѓа некој според нејзе. Чувствувам дека да може сега она нешто да смени, сигурно би донела некои поинакви одлуки во животот порано, за да не се наоѓа во оваа ситуација. Ружно е да се рече, ама реалноста е таа: некогаш возот помине...
Самиот наслов на темава е ужасен, зарем постои девојка на овој свет со толку мала самодоверба а читајки ја темава гледам дека постојат и те како. Дури сега гледам зошто добар дел од девојките гледаат само да се омажат и зошто толку се лигават кога ќе им предложат брак, они всушност не верувале дека воопшто некој ќе ги земе. Искрено можам само да сфатам девојка со одреден хендикеп да стравува дека ќе остане сама бидејки знаеме каков е односот на општеството кон овие луфе, но нормална здрава, права осова да се плаши дека ќе остане сама е според мене невидена глупост. Жената треба да мисли на тоа кого ќе одбере за животен сопатник а не дали воопшто некој ќе се нафати да ја земе. Со толку ниска самодоверба тешко дека и ќе успее да биде некогаш среќна па макар била и покрај нај идеалниот маж.
Исто како и @calliope - многу повеќе се плашам од тоа личноста дека ќе ми го направи животот рутина, односно дека нема да биде со „вистинската“ личност. На толку можности во светот, мислам дека сами на себе си должиме да искусиме многу работи, па после тоа брак, семејство и слично. Мене од балканскиов менталитет ме нервира баш тоа, дека мораш да се омажиш млада, и општо дека МОРАШ. И, што ако јас сум повеќе заинтересирана за успешна кариера отколку за брак? Некако целата атмосфера тука е создадена само за тоа - достигнување во животот да ти биде само брак на помалку од 30 години. И ако не се омажиш до тогаш, осудена си да ги трпиш сите луѓе околу како ти зборуваат за тоа, а згора на се па и од страна сите кога ќе почнат да се земаат, ти иде да се преселиш од државава ако не.
Не, не стравувам. Не сакам да се зарекувам сега оти сите знаеме дека животот е полн со изненадувања, ама мажењето ми е некако за после 26 години минимум. МОЕ МИСЛЕЊЕ е дека девојка на 17, 18, 20 години(барем во денешно време) не е спремна за да се сноси со обврските на семејство. Многу избрзуваат или на грешка бремени ќе останат и се мажат/женат пребрзо па се чувствуваат задушено и после се почнува со неверства, разводи итн итн и на крај пак најоштетени се децата. Не велам дека нема исклучоци и дека на некој тоа му е најдобрата одлука во животот. Сепак е индивидуално, за некој достигнување во животот е да биде доктор, за некој домаќинка и ова не го велам со сарказам туку сериозно знам девојки кои едноставно сакаат да се грижат за маж и деца и тоа да им биде работа. И никој не осудувам. Искрено јас би сакала некогаш да сретнам некој со кој ќе сакам да го поминам животот, но нема да се мажам по секоја цена односно колку да не останам „стара чупа“. Ако се мажам, сакам да биде од љубов и од желба. Поголема цел во животот од мажењето ми е да бидам мајка. И знам многу од вас ќе си речат е па како може мајка а не мажена. Е така може. Јас не знам дали некогаш ќе сакам да бидам нечија жена, ама сум 100% сигурна дека сакам да бидам нечија мајка!! И мислам дека доколку не се мажам до одредено годиште, дека ќе си имам бебе. Иако не би било идеално, на тоа дете би му го посветила цел свој живот и се што имам! Исто така би сакала и да посвојам дете без разлика дали мажена или не. Желби ми се тоа со децата. Јас сум растела без мајка и сакам да му ја дадам на некој љубовта по која што јас мечтаев. Толку.
Веќе подолго време размислувам на оваа тема и се` си смислив . Можеби воопшто нема да се омажам и немам некој проблем со тоа. Ќе си имам некаква авантуричка со фино типче на кое ќе му објаснам дека само сакам да ми направи дете без да го обврзам ( звучи неизводливо- ама јас ќе си изнајдам начин. Кога се сака се може се` нели?) Ова колку да не си умрам девица . А во краен случај ќе си се оплодам вештачки и ќе си имам детенце. Дали ме интересира што ќе ме озборуваат? Не ни најмалку. Сакам мене да ми е убаво на душичкава и не патам од злобни јазици. Туку, став ми е ако некако ми се згреши да се омажам . Конкретно страв ми е дека ќе бидам како мајка ми. Јас ја почитувам и најдлабоко ја ценам и сакам. Ја сакам целата нејзина пожртвуваност и посветеност на семејството, но навистина некогаш и` се чудам како го издржува татко ми. Ама навистина како да нема две деца туку три! До толку! Освен тоа, во вртлогот на животот, се жртвувала за татко ми да напредува во кариерата, додека нејзината тапкала во место. Е јас одбивам да не се остварам целосно! Не знам можеби така функционираат работите во бракот, но од оваа гледна точка, сметам дека нема да бидам среќна во такви околности и затоа ми е страв од брак.