Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали понекогаш стравувате дека можеби нема да се омажите?

Дискусија во 'Врски' започната од Oluska, 10 март 2010.

  1. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    isto i jas imam 18 i sum vnemala zad mene seriozna vrska osven muvanje...aha da i sekako od toa voopsto ne mi e sram...ima vreme se ke si dojde na mesto i voopsto ne stravuvam deka ke ostanam nemazena...za mazacki ima vreme vaka kako sto si planiram do kaj 25godini ima ima....uste mnogu a za toa vreme SIGURNO ke se najde ~vistinskiot~ koj ke te saka,cuva...zatoa ne ocajuvaj sigurno ke si go najdes i ti princot kij ke ti go osvoi srceto :D :*
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.494
    Пол:
    Женски
    Озбилни сте дека на 18 години ве фаќа паника дека ке останете немажени? Озбилни ?!? На 18 главна преокупација ми беше што да облечам у град и кај да идам а не дали ке останам немажена. Ако на вас од 18 ви е страв да не останете немажени ние близу 30 што сме а сме сингл значи комотно можеме да се обесиме од секирација. :D:D:D
     
    На Free Spirit, Milobebence, Дугокоси Швалер и 19 други им се допаѓа ова.
  3. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    леле на 18 години се секирале абе јас на 18 години уште се немав бакнато :D
     
    На ***nekoja***, SAMIRA, sladok-bitola и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Кхм.. Еве ме по една и пол година откако сум го пишала постот што значи имам 20, и сеуште стојам на истото мислење.. А сега што правиме? :^) И да можеби звучи смешно и нелогично, но да бидеме искрени.. За да стапиш во брак со некој човек треба да го познаваш добро и најчесто претходно треба да си бил во врска неколку години.. Не можеш туку така да се запознаеш и по некој месец да направите свадба, можеби некој не се приджува за ваквото мислење но според мене тоа е најправилно и најлогично.. И официјално ако не фатам озбилен дечко уште некоја година.. стварно ќе изгубам надеж дека ќе се мажам некој ден :rofl::worried:
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Не мора да бидеш во врска со некој неколку години, ако сфатиш дека човекот кој го имаш до тебе е она кое ти треба за да ти биде животен сопатник.
    Мајка ми и татко ми биле во врска само шест месеци кога одлучиле дека сакаат да живеат заедно, а потоа да се земат. Тогаш и двајцата имале по 28.
    Ниту била бремена, ниту пак тоа го направила за да излезе од ред и да не остане со епитет „немажена“, иако секогаш вели дека баба ми и дедо ми биле преплашени дека ќе им остане девојчето неомажено, куку.

    Секогаш кога ги прашувам како знаевте дека тоа ќе биде тоа, татко ми се смее дека он не се сеќавал зашто мајка ми му правела магии по бајачки :rofl::rofl: , а мајка ми се смее злобно и си ликува, дека уште кога си закажале втора средба, знаела дека има нешто во него што ќе ја натера да се врзат за цел живот.
    Едноставно, со тек на време си градиш сопствени гледишта и сакаш да имаш некој покрај тебе што можеби и нема да биде твоја копија во ова, но ќе има разбирање, ќе знае да направи компромис и ќе биде „ти“ во извитоперен облик. :)
    Секако дека ќе успееш да го препознаеш кога ќе го сретнеш.

    Јас немам време да мислам на мажачки, барем не сега. Ми пулсира главата кога баба ми планира плејлиста и ручеци за мојата свадба, ама и` го правам ќефот и и` угодувам и правам шала на моја сметка, зашто не сакам да ја фати срце ако и пред неа спукам како од пушка малихерка - сеедно ми е дали ќе се омажам. :wasntme:
    Никогаш не ме потресувало ова прашање, само сакам да бидам среќна, без разлика дали ќе се омажам или не.
    Имам дечко, заедно сме неколку години и засега сме на иста фреквенција, се гледам со него и во иднина, но никогаш нема да кажам ДА, тоа ќе направам и вака ќе направам, зашто ова е живот и тука ништо не се знае и планира однапред и ништо не е сигурно. Така да, ќе го правам она во кое сум најдобра - ќе бидам спонтана и ќе се трудам да бидам среќна, без разлика на каков избор ќе ме натера животот. :)
     
    На MayDiamonds, Marossa, ♡Lady♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Ne stravuvam, si imam cuvstvo deka nema da se mazam ili mojt da se mazam na 60 god...taka da znam deka eden den ke se mazam bez razlika koga, pa makar I samo taka na hartija za nekoi dokumenti, knigi I takvi stvari:emo:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.488
    Пол:
    Женски

    Го прочитав и твоето прво мислење, и ова што си го напишала, дека по година и пол ништо не се променило. Драга моја, некогаш промените ќе се случат многу брзо, не се потребни години. Само ќе ти кажам, уживај во животот, грабни ја секоја шанса што ти се нуди, а вистинскиот човек за брак и семејство ќе си дојде, кога тогаш ;) ако седиш и очајуваш дека никогаш нема да имаш семејство, многу се големи шансите тоа да се случи. И не мора човекот да го знаеш со години за да знаеш дали со него сакаш да остариш ;) долгите врски не се гаранција за среќен и исполнет брачен живот.
     
    На Дугокоси Швалер, SAMIRA, tessie и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Никогаш не стравувам и не размислувам дали ќе се омажам. Животот е еден и вреди да се живее во вистинска и целосна смисла на зборот. Доколку човек не се сака самиот себе и незнае како да се усреќи нема да знае ни некој друг да го усреќи. Па боже мој немора сите и не е морално да стапиме во брак. Секој со својата среќа.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    Пa дa,пoчестo тoa и гo мислaм.. незнaм зoштo..
     
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    Во раните 20ти сум, и свесна сум дека не смеам тоа да го помислувам ниту осеќам па потреба. Ама пусто , околу мене има такви што стално тоа го кажуваат , Ајде уште ние останавме или И оваа се омажи , ние не . тоа малце ме чепка така, ме боцка ама вештачко е.
     
  11. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Женски
    Не.
    Искрено, сеедно ми е дали ќе се омажам некогааш или нема.Мене ме плаши помислата дека ќе завршам во бесперспективен брак со сопруг со кој не сакаме очи да си видеме , а единственото нешто што не држи е стравот од осаменост на стари години.Е тоа ме ужаснува, затоа никогаш не би влегла во брак ради реда со личност која не ми ги исполнува критериумите, ама еве ќе се омажам оти веќе ми дошле годините за брак и така треба.
    Пример:
    Во врска сум со некој веќе седум-осум години и ајде ќе се земеме оти така требало иако чувствата се одамна избледени, а се што останало се спомените на добрите стари времиња.
    Или пак, во врска сум со некој што не и ме баш физички привлекува, не знам дали го сакам, ама ете ќе се омажам со него само затоа што ете добар е, ми угодува, не е дека гледам огномети кога ќе го видам него ама ми чука биолошкиот часовник, околината ме притиска секојдневно за мажачка и внучиња и ќе се задоволам со тоа што ми се нуди моментално и цел живот ќе бидам мизерна само затоа што не сакам да излезам од комфор зоната и ќе ги прифатам нормите што ни ги наметнува општеството наместо да се борам за својата среќа.
    Или ќе бидам со вистинскиот, кој ќе биде спремен за мене да поместува планини и светови и ќе го сакам со секој атом од моето битие или ништо.
    На крај краева има живот и надвор од бракот и ако животот ми сервира никогаш да не се омажам ќе се посветам на нешто друго.
    Примарна цел ми е на мене да ми е убаво и ЈАС да бидам среќна без ралика дали ќе сум омажена или немажена.
     
    На Дугокоси Швалер, Victorian, MayDiamonds и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    3.830
    Пол:
    Женски
    Of lelee... Bez gajle bidete si, za sekoe lonce si ima kapace...pa makar podizgoreno :D
     
  13. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Никогаш не стравувам дека нема да се омажам.. како што кажва комшиката моја
    КОЈА СТРАЧКА ОСТАНАЛО БЕЗ ОПАШКА па ние да сме останалее пфф... :lol::lol::lol:
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Нормално е да постои одредена доза на страв кај секого за тоа што го чека во иднина. Верувам дека секој си се запрашал каде ќе биде за 10-20 години, дали ќе успее во сѐ што си замислил, дали ќе постигне сѐ што посакувал.

    Мене ми е страв да не останам несреќна, ама тоа не е правопропорционално на немажена. Не знам што ќе ми донесе животот, некои работи не зависат од нас самите. Само се надевам дека ќе имам доволно нешта во животот кои ќе ме прават исполнета и среќна.
     
    На ♡Lady♡, crazylady, Adina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Јас на пример не стравувам дека нема да се омажам оти не ми е лошо сеуште вака слободна, ама некако не гледам надеж во поблиска иднина оти и јас ќе најдам со кого ќе сакам да се омажам.:wasntme:
     
    На sladok-bitola и crazylady им се допаѓа ова.
  16. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Да се плашам, нормално. Но дали е тоа знак дека треба да се омажам за првиот кој ќе изгледа малку загреан или ќе ми понуди брак??? Нема шанса
    Се ке си дојде на свое...горе кажаа, секое грнче свое капаче
     
    На fallenangel, crazylady и SAMIRA им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.601
    Допаѓања:
    79.213
    Пол:
    Женски
    Малку сум се плашела од тоа, но сега со дечко ми сериозно планираме заеднички живот така да нема од што да се плашам :)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Кон слободата треба да тежнееме, а не да се плашиме од неа.
     
    На Дугокоси Швалер, LeleD, VivienLeigh и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Релативна ствар ти е слобода, ти може да бидеш со некого а да се чуствуваш слободен,а можеш да бидеш сам а у окови да си,така да се е како ќе си се поставиш спрема самиот себе.А дали стравувам дека нема да се омажам,уф и да стравувам и да не стравувам,не би сакала,така да си викам Бог е уз мене.
     
    На zhap4e и crazylady им се допаѓа ова.
  20. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    баш добра тема...лично јас да имам 26 год имав врска од скоро 4 год..сега раскинавме и мислам дека никогаш нема да си фанам друг дечко дека никогаш нема да имам свое семејство.....иако тоа не го покажувам ама реално се плашам дека нема да се мажам....
     
    На Milobebence, fallenangel, ♡Lady♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.