Хм искрено се плашам дека нема да се омажам но многу повеќе ми е страв да не даде Господ да заглавам во брак со погрешна личност, кој само ќе ми донесе неволја на врат и деца па после разводи и триста чуда. Повеќе сакам да верувам дека секој ќе си го најде вистинскиот партнер спрема себе и ќе доживее вистинска љубов, ќе има топол дом и детенце. Реално многу поразвратни и лоши личности се скрасиле па зошто не и сите ние што ние шуга ли имаме?Бог да чува. некој ако не не сака за животен сопатник негов проблем, тој губи не ние, домаќинкски, образовани и културни девојки. Така да главата горе за секого има нешто запишано во ѕвездите, за секоја желба да стане реалност потребно е време. На некого среќата и радоста порано му доаѓа, друг покасно ама со крупни чекори затоа што е поголема па дури поубава среќа ќе му испадни и од претходна пропадната врска.
Ќе си основаш семејство и ќе оставиш потомство кое што ќе продолжи да живее понатаму - тоа и не е така лошо, баш напротив, добро е.
Убаво е да имаш семејство, деца тоа е најпрекрасното и свето нешто! Но, според мене, подобро сама и на 50, отколку со било кој за да не речат луѓево - ете ја остана стара мома. Луѓе ко луѓе - секогаш ќе оговараат што и да направиш...
Интересна тема, мене ми се чини не постои им некој на стравот да не оформи семејство, за девојките мислам зш нагонот да се биде мајка не е мал, а од др страна е во денешно време стравот уште поголем да не се заглави со погрешна личност. Од искуство, ко 100год да имам, а денес ко 300 да се ... мене ми викаа кој ќе те земе ваква дива хаххахха се најде и таков и не беше погрешен ама судбина јбг, така што не се замарајте многу што е ваше нема да ве одмине, а што ќе рече народот да не ве тангира многу, народот мора да си има занимација.
gladam mnogu luge so 30 god i uste nemat seriozna vrska takvite ne gi opravduvam sekoj saka da uziva bez obvrski ama treba barem od 22 god da ima sekoj seriozna vrska i veke na 25ili26god da stapi vo brak i da stvori familija bidejki sto pomala razlika vo godini so decata tolku podobro a za toa sto ima i razvod brak pa nemora brak i odma deca prvo treba sigurnos od partnerite za zaednicki zivot potoa se na red
Најдобро е така како што пишуваш ама денес и пред 10 и повеќе години на "пазарот на партнерите" правилата се многу сменети, да не речам ги нема како во друг свет да се живее. Сите се во право и тешко и за жените и за мажите, едно време беше тешко само за жените сега барем во тоа приближно се изедначивме.
Јас мислам дека човештвото треба конечно да еволуира од такви форми на коегзистенција, како брак, семејство и сл.
Можам да замислам како им е на луѓето - постарите генерации кои што се сеуште сами и без никого.. Тешко е, иако тој факт кој што боли се сваќа и излага на површина баш кога на човека што би се рекло возот ќе му помине за некои работи, тогаш гледаш околу себе и се запрашуваш каде тоа со згрешил и зошто само ти си сам наоколу. Сметам дека секој човек доколку се потруди и сака од срце да основа семејство тоа би можел да го реализира доколку не прибира што би се рекло премногу и не наоѓа маани премногу. Тоа е и мислам клучниот проблем кај луѓето што ги познавам а се сами, премногу се критични спрема останатите, премногу осудуваат и одбираат.. Ама како што би се рекло, еднаш ти бираш а после некое време тие те бираат. Некои пак не се трудат, и најнакрај сваќаат дека многу загубиле, сакаат ама не мрдаат со прст и мислат дека некој нив треба да ги бара наместо тие самите. ... Многу фактори и различни карактери играат фактор овде, некој што би се рекло едноставно нема доволно среќа за да зачекори по тој пат, секој пред се е приказна за себе. А самиот факт дека самотијата плаши е совршено точен. Може додека си млад и виток и сам ти е убаво и најпрекрасно кога си слободен од се и излагаш со кого сакаш и каде сакаш, но, кога годините одминуваат човек за сам никаде не е.. Буквално!
Јас имам фобија од мажачка, а не од тоа дека нема да се омажам. На мои 20 години помислата на мажачка ми е кошмар. Буквално сум имала кошмари како треба да правам свадба, а ја плачам затоа што не сакам да се мажам. Целата помисла на брак (на овие години) ми е застрашувачка. Здравје некогаш за 10/15 години ако најдам некој што ќе ме сака ваква "благо" пореметена, ако не здравје Секако дека некој ден би сакала да имам свое семејство ама има време до тогаш Пс. Тоа што можеби нема да бидам мажена не мора да значи дека ќе ме спречи некогаш да се остварам во улогата на мајка.
Дали некој се запрашал која е причината што немаат врска наместо да се збори дека сакаат да бидат без обврски иако не велам не дека не постојат такви? Како прво тие што се подолг временски период сингл сигурно асално се имаат изгорено од некоја врска, некој тешко преболува и тешко стекнува доверба во другите. Некого ако му се посреќило да си најде партнер спроти себе и се му е глатко на некого не му е толку баш лесно. Има икс примери кога некоја мандија истриена ќе му влези поткожа, друга можи ќе остане трудна и одма се забораваат сите мигови, години поминати заедно, се забораваат сите планови, заедничко живеење, формирање фамилија. И сега во кого да имаш доверба? Што сме ние социјална установа, утешна награда до наводно подобра? Друга причина што некои врски не виреат е многу мешање од страна од другари/другарки, роднини НО и тие не се виновни некој што нема грам мозок па го влечат за нос и го командаат како ќе му кажат другите така. Прво кликнав лајк ама го повлеков пошто ја прочитав омилената фраза на моите роднини/ пријатели па морав да се повлечам. Ќе бирам ама не оставам да ме бираат! Прво не сум некоја, простете на вулгарен израз Спојлер курветина па да дозволам да ме бираат, пошто веќе се ми е поминато, секој ме знае па ај кој ќе ми се понуди тој само да затнам усти на народот ама Богами и такви се омажија па заборавија со колку биле и дека до вчера дека се продаваа за пари па сега глумат лудило на домаќинки и зборат за нас немажените. Друго најлош совет што сум го применила е да си ги намалам критериумите. Го послушав советот ајде не мора да биди лепотан од цеца, не мора да биди образован, нека биди со средно, не мора да биди не знам што само нека биди нормално просечно момче кое ќе ме сака, штити, почитува, прво ќе ми биди најдобар другар а потоа и љубовник. На крај излези на состанок со таков акции до плафон ги кренал типот, второ тоа сирото гледа да брцне нешто ( што ич не ме бендисува на некого само бројка да му бидам ), трето не е едуциран, немаш тема на муабет, се гледате како мулиња. Што да пробаш со таков да започнеш нешто кога од старт е осуден на пропаст или ко што спомна феминка погоре лоша хигиена како ќе го бакне, како ќе легне со него? Никого не барам, нека ме бараат слободно и ќе ме бараат, со прст за никого не мрднувам, ако и со овај сега дечко што ми е не ми успее, ич не му ја мислам. не се замарам. Да молам за љубов како сираче, како ја да не заслужувам љубов, да се чувствувам помалку вредна и достојна за некого? Ако секој секаков заслужува што ние другиве помалку вредни сме од некоја друга, па не сме ние за сопрузи ни за деца? Основни правили за сингл девојки Бидете свои, сакајте се себе си и почитувајте се, поставете си критериуми и не отстапувајте од истите, не се задоволувајте со површни работи, ситници,трошки. Тргнете од тоа што очекувате од врска/ брак, љубов, потпора, разбирање, почитување, меѓусебно поддржување во остварување на соништата. За да си создавате фрустрации и нервози не ви е потребен некој кога имате роднини, пријатели, заостанат менталитет на околина.
Јас не се плашам за мажење ќе се омажаам ама какпв ќе биде понатамошниот живот е тоа го гледам да не ми се киксне животот
Не е тоа страв. Си мислам понекогаш дека нема да се омажам ама не се потресувам од помислата. Подобро сама отколку со идиот.
Ne se sekiraj poraboti na misliti zosto kakvi ti se mislite takov ke ti bide zivotot.Mnogu e bitno sto ke vtisnes vo potsvesta ako postojano mislis na ova i se preokupiras navistina ke ti napravi problem.I jas taka razmisluvav no od 19 god napolniv i 20 a nemav decko na 21 god go zapoznav mojot soprug prv decko odevme dvaipol meseci i si se zedovme i eve ne 13 god brak.Jas vo mojata glava si staviv deka ne mozam da imam deca i navistina so toa se boram sive ovie god .Zatoa te sovetuvam da ne bides premnogu opsednata so toa zapoznavaj novi prijatelstva pa nikogas ne znaes koga i ke go zapoznaes tvojot soprug.Samo Opusteno