Da be mora da si godini vo vrska nie so mm bevme tri meseci pa sto mi fali nisto a znam nekoj sto bea so godini vo vrska pa pak ili se svalerisuvaa ili se razvedoa zatoa toa nema pravila
Ич немам страв.Верувам во себе и знам дека тоа ке биде кога ке дојде прав момент. И во последно време слушам мајка ми како збори дека сум требала да забрзам..ОК РОДИТЕЛ...битно јас си знам кога...
Си поминуваат годините, гледам скоро сите мои врснички се во сериозни врски и сите сакаат да се омажат, да бидат среќни и да имаат фамилија, арно ама други проблеми има што мене ми покренуваат прашања. Во денешно време, можноста за пристап кон интернет е возможна во секое време и на секое место, што ги прави луѓето желни да си ги исполнат мрачните перверзии и да се задоволат на страна ако не се задоволни во бракот или во врската, наместо да седнат и да си ги решат проблемите како што треба. Мислиш дека познаваш некого, но 100 % не можеш да познаваш никого. Многу е тешко да изградиш доверба, посебно ако имаш докази дека некој ти работи нешто зад грб. Од виртуелноста ќе премине во реалноста и ќе биде многу лошо. Денес најтешко е да најдеш дечко што е искрен. Мислам дека секој има излажано за нешто, но најтешко е ако лаже за врската. Убаво е да мислиш дека имаш стабилна врска и дека го сакаш па чекаш тој да ти докаже нешто, ама некако не оди. Веднаш се јавува сомнеж и ако е некоја девојка како мене доаѓа и до докази. Тука е крајот на таквите глупости. После две вакви ситуации во кои сум се нашла мислам дека како поминуваат годините се потешко би се решила да стапам во брак, заради тоа што не сакам да ме лаже некој, ниту па да ме прави будала. Не стравувам, само се разочарувам од помислата дека некои луѓе се подли и гнаси.
Ако еден од партнерите лаже, немора да значи дека не те сака,, туку може да сака да сокрие нешто.Најубаво е двајцата да се искрени, ама тешко тоа оди на обете страни. Интернетот и социјалните мрежи не само што водат кон други перверзии туку го менуваат и начинот на размислување кај самата индивидуа.Ако некоја нејзин/а пријателка се слика на фенси плажа или слично се појавува желбата и самата индивидуа тоа да си го пружа, па така и перцепцијата во реалноста се губи. Мислам дека најпрвин треба да се разговара за погледите кон индината, па да се образложи сегашноста и двајцата партнери да се сложат во истата реална сегашност. Најмногу од се што прави раздор во една врска е љубомората... каде е, дали е навистина искрен... и сл. И да не се преокупирани со мислата, што другите мислат за нивната врска. Убавината е минлива.
Да, страв ми е дека нема да се омажам. Не заради тоа што лошо изгледам или имам комплекси туку заради тоа што се разочарав од последната врска. Мислам дека е многу тешко да најдеш дечко кој е спремен да стапи во брак и кој е спремен на компромис. Повеќето мажи се неизживеани и бркаат женски кога се во брак. Од таквите ми се лоши. Можеби е подобро да не се омажам од колку да сум во брак со некој лажго.
Хм, не. Никогаш немам размислувано, бидејќи знам дека со сигурност еден ден ќе се омажам. Еве и да не се омажам, па не е крај на светот
Ako se omazam toa ne e garancija deka kje bidam srekjna, najvazno mi e da bidam srekjna pa dali mazena ili ne ne e vazno.
Бракот никогаш не ми бил приоритетен во животот. Никогаш не сум се плашела да останам немажена дури јавно со бивши партнери сум споделувала да не се залетуваат дека не сум некоја брачна жена што сонува од малечка да облече бело,да се омажи и толку. Имам желби/амбиции/замисли кои не сакам брачните стеги да ми ги уништуваат.
Воопшто не! И да не се омажам и стапам во брак со одредена личност нема да правам проблем. Би живееле заедно, би имале деца, би била среќна и без тие венчавки, свадби, ветувања дрн дрн. Стапувањето во брак не ми е никаква гаранција дека ќе останам со тој човек по секоја цена. Битно е да се има почит, разбирање и љубов. А и ако е друга ситуацијата, да не најдам човек кој би сакал да биде со мене, да треба да бидам цел живот сама, океј. Целата енергија би ја насочила кон професионален успех и самонадоградба и би имала милион миленици околу себе (многу сакам животни).
Од она што највеќе се плашиш на крај тоа се случува. Размислувај позитивно и кога ке ти дојде оваа мисла само Ignore/block Не треба да стравувате да ќе се омажите или не, никогаш не се знае во животот, понекад работите доаѓаат толку брзо и спонтато се случуваат и на крај во вода целиот страв. И на крај ви посакувам добро, среќа и радост, млади девојки сте полесно ви е за разлика од нас машките.
Никогаш не се плашев дали ќе се омажам или не. И на крај се омажив многу мала на 18 год...на 19 више имав керќа и убав брак. Но со текот на времето ја изгубивме љубовта и мирот во бракот. Сега имам 28 години и сум сама мајка со една прекрасна ќерка. И више не размислувам за брак. Сега знам дека веќе не сакам да се мажам.....
На кој како му е судено така ќе си дојди тоа.. Нема зошто плашење и јас се плашев па ете се омажив .. на секој ќе му дојди времето кога е пишано
Нема пρичина за стρав најлесен чеκоρ е бρаκот е отκаκо ќе го напρавите тој чеκоρ со неκој што недоволно го знаете после тρеба да стρавувате дали е болен у мозоκ пρави лоши ρаботи сите сте свесни κаκви психопати постојат затоа очи отвоρете да не ви биде κасно имам сестρа помала стално и збоρам да внимава со κаκов дечκо иде κамоли неκој маж да и се погоди таκов од пишаното не се бега али неκад сами си го пишуваме со сρеќа неκа ви е
Навистина во последно време ме фаќа страв дека ќе останам немажена! Но, си викам нека биде како рекол ГОСПОД.
Колку и да звучи фрустрирачки,си мислам да,речиси сигурна сум дека нема да се омажам. Не дека сум немала прилики до сега,или нешто да ми фали,далеку од тоа,но доста пребирлива и неодлучна личност сум,а далеку од совршена. Па ако ми било пишано да сум сама тоа е,нема да се форсирам,само колку да не сум сама,што ќе биде нека биде
Иако девојка или жена не се прашува за години,еве да не бидам некултурна,ќе ти одговорам-скоро наполнив 28 А зошто прашуваш?