Дали постои „среќа“ (luck)?

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 3 декември 2017.

?

Дали верувате во "среќа"?

  1. Да

    109 глас(а)
    80,7%
  2. Не

    26 глас(а)
    19,3%
  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.419
    Пол:
    Женски
    Научно гледано среќа не постои. Не може да се докаже. Се е тоа сплет на околности.

    Бидејќи психологијата обожава да се занимава со непипливи конструкти, среќата е многу често истражувана.
    Многу често се истакнува дека да се верува во среќа е позитивна работа, и јас би се согласила со тоа. Со самото тоа што пример сте убедени деќа сте среќна личност, самиот мозок ги обработува информациите поинаку.

    Инаку на УКЛА, правеа истражување за среќата и баш имаше интересни резултати. Се верува дека нашите верувања за среќа може да бидат поделени на две групи: стабилна- константна среќа -луѓето кои припааѓат во оваа група веруваат дека постојат или среќни или несреќни луѓе, и дека среќата не може да се смени. Додека луѓето кој ја гледаат среќата како променлива, веруваат дека среќата зависи од некои околности. Со истражувањето се докажало дека луѓето кои ја гледаат среќата како стабилна константа имаат многу поголема мотивација за да успеат во животот, додека луѓето кои веруваат дека среќата е променлива се многу повеќе скептични, и помалку успешни во животот. И има логика, доколку сметаш дека си среќна личност, многу посигурно ќе се впушташ во ризици, therefore имаш поголеми шанси да успееш.
     
    Последна измена: 13 декември 2017
    На Dashing:), kikkki, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    А слободна волја?
    Секако дека не е се предодредено и секако дека во одредени моменти добиваме помош од Бога, само што не умееме често истата да ја протолкуваме, бидејќи сме со закоравени срца, се движиме со затворен внатрешен вид.
    Лично неколку пати сум се нашла во ситуации кога сум помислила дека " Господ ме погледнал".
    Бидејќи станува збор за " ненадејна среќа" во вид на точна сума на пари, кои ги пронаоѓам и веднаш знам и зошто сум ги пронашла.
    Двапати ми се има случено. Еднаш точно колку што чинеше автобуската карта до дома (бев во друг град останата без пари), вториот пат да платам нешто што го добив бесплатно, а всушност за мојот иден мир беше многу подобро да платам.
    Ова се толку очигледни примери, бидејќи се за материјално врзани.

    Моменти на одговори кои ни се потребни во одреден миг, за одредени дилеми или ситуации верувам дека добива секој од нас. Преку луѓе обично, кои ги запознаваме во одредено време. Преку збор секогаш. Реченица туѓа која ти се закачува како твоја. Па ќе помислиш "каква среќа", баш ова ми беше потребно во моментов...

    Светот е во совршен склад, само што ние несовршени го поистоветуваме со сопствените немири.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не постои слободна воља при постоење на креатор, семоќно, сезнајно битие кое е истовремено безвременско (da :D ) тоа се меѓусебно исклучиви категории и контрадикции кои најдобрите теолози не успеале да ги разрешат низ овие пар милениуми :)

    Тоа Бог ти ги пратил парите и те натерал да ги земеш, немало ништо тоа со слободна воља :party:
    Сите ситуации се последица на Неговото креирање на универзумот и следствието на настани кои ги предизвикал тој настан, секако со џокерот во вид на божанска интервенција кој останува во игра.

    Црна Ружа Аквински 8)
     
    На Аргентина *, Bender Rodriguez и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.636
    Пол:
    Женски
    Сѐ е слободна волја. Тоа е акција која си повлекува реакција.
     
    На hermosa, sonuvana и Briar Rose им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Слободната воља се огледа во начинот на кој ги искористив парите. Важно беше. Верувам дека сите ненадејни дарови имаат порака, околу која треба да размислиме.
     
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Употребата на парите во тој случај е однапред определена од Бог, тој знае однапред како ти ќе ги потрошиш и за таа намери ти ги пратил, нема ниакде слободна воља, само илузија :devil:
     
    Последна измена: 18 декември 2017
    На Аргентина * и hermosa им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Точно е дека не зависиме самите од себе исклучиво. Прво и основно, карактерот на еден човек го обликуваат другите луѓе од околината уште во самите почетоци: детство, рана младост...
    Позитивен е таквиот пристап дека самиот ги држиш конците во раце, затоа што се чувствуваш самоуверено, а самодовербата е потребна било што и да сакаш да постигнеш... ама колку и да не ти се допаѓа фактот, другите во твојот живот предодредиле и предодредуваат каков човек ќе бидеш. Само, нема зошто тоа да се припишува на фантастика како среќа и судбина.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Мене ме копка зошто насловот гласи среќа (luck)? :^) Не е доволно јасно дека е истата работа па мора и на англиски?

    Верувам во среќа бидејќи е дел од мојот живот. Колку даваш, толку добиваш назад.
    Има периоди кога ми се чини дека сѐ е против мене, ама откако ќе помине сфаќам колку многу сум добила од таквото негативно искуство. Сѐ е до перцепцијата, чашата може да биде половина полна или половина празна, нели.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Бидејќи на македонски јазик зборот среќа може да значи и happiness и luck
     
  10. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Верувам во среќата и нејзе не можиш да ја мениш. Многу лоши работи ми се случиле да биле случајности. Да имав срејча, че имав мајка и татко, че станев чоек некој и нешто. Че бев срејчен.
     
  11. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Среќата во најголема рака од нас зависи... Имаше моменти во мојот живот кога сум била бескрајно среќна, па ми се чини дека сум ја изгубила среќата... Но, никогаш не ја изгубив надежта. Кога почнав да се радувам на најмалите нешта, да сум среќна што работите кои ги изгубив не се до толку трагични... Тогаш ја пронајдов љубовта на мојот живот. Сега сум најсреќната жена на светот, посреќна од кога и да е! Се радувам на неговиот поглед, насмевка... Се радувам што моите најсакани се здрави и живи, а починатите ги носам во срце и се радувам што имав чест да ги запознаам. Животот е краток да си ја кратите среќата! Правете она што ве прави вас среќни, а оние од околината ако ве сакаат ќе бидат уште посреќни поради вас! [​IMG]
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.301
    Постои среќа, но не како 'магична сила', туку сплет на коинциденции, кои кога ќе се исподесат, ќе се подредат така, да за некого, во баш конкретно време, би му било многу од корист.

    Не знам дали убаво доловив што мислам..
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Знам дека поназад на темава беше спомнато влијанието на ѕвездите врз животот на човекот. Јас вака гледам на тоа, доколку постои судбина запишана во небото :D, некаде во универзумот, поединецот не може да влијае врз неа, па бадијала ќе се заморува со прашањето на среќа. Освен ако не верува дека преку манипулација може да ја пренасочува среќата (МАГИИ). Ама во тој случај, бабите кои веруваат во тие ствари и остваруваат такви посети досега ќе беа милионерки и 30 години помлади. Што би значело дека и за магии не е секој предодреден :D
     
  14. Mr.Lover

    Mr.Lover Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    1.028
    Пол:
    Машки
    Постои секако
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.727
    Хм, I'm on the fence about this. Многу пати со другарка знаеме да си се пожалиме како немаме среќа во ништо, а Х особа има среќа во се. Но, тука доаѓа и фактот што таа Х особа и јас водиме тотално различен начин на живот, може таа е сто пати поотворена од мене за преземање на ризици, впуштање во непознатото и пробување на нови работи, додека јас нема да направам ни 10% од тоа, и после ќе се пожалам дека немам среќа. А и секој човек си има своја "ѕвезда", односно енергија што зрачи од него, и доколку зрачи со позитива, ќе биде и посамоуверен, енергетичен go-getter, додека другиот зрачи негативно и е пасивен, ќе оствари многу помалку и ќе се жали после како немал среќа.

    Од друга страна, има исклучоци од правилото и кај едниве и кај другиве луѓе. Понекогаш каков и да си, што и да направиш, нема да успееш, нема нешто да ти се потрефи, народски кажано - немаш среќа. Или можда имаш :D, да не било нештото за тебе. Или некој да не мрдне со прст и во последен момент да му се посреќи.

    Еве, мене конкретно летово кога бев на одмор, ми се чини денот пред да си одиме ги потрошив последните 500 денари, и тоа у казино мислам, бев убедена дека ќе направам повеќе ;). И вечерта еден другар не викна да сме му правеле друштво во казино, ми даде пари, ми рече еве играј за мене. Не знам како, ама секое вртење ми беше добитно, и ми даваше по 11 слободни вртења, му направив пари и на крај ми рече еве ти 500 за тебе. А јас во стресови како ќе преживеам наредниот ден до автобус. :D

    Сум имала и ситуации кај што сум била ептен во тесно и под стрес, и во последен момент се дешавал некој преокрет и среќата ми се насмевнувала. :) Особено на факултет сум имала доста вакви ситуации.

    Е сега, не може човек да не мрднува со прст и да очекува нешто од небо да му падне, да се потпира на тоа - е ако имам среќа ќе биде, ако немам не. Океј, ако нешто веќе си пробал 5 пати и гледаш дека не бива, остави и ете речи, не ми била среќата. Ама да си седиме со скрстени раце и нозе, па да си чекаме нешто од нигде никаде да ни се оствари - тоа не.
     
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.236
    Постои, во смисла на сплет на околности што не зависат од нас самите.
    Или во смисла на тоа човек да се најде на вистинското место во вистинското време.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GirlWithACat

    GirlWithACat Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Секако дека постои :)
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    15.391
    Пол:
    Женски
    Не постои среќа. Среќата е илузија.
     
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.954
    Допаѓања:
    9.721
    Пол:
    Женски
    Постои. Ама никој не знае како точно функционира таа, зошто едни ја имаат, други не. Може само да се претпоставува.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.398
    Пол:
    Женски
    Постои дефинитивно. Некогаш како знаат да се наредат коцките за некоја ситуација што не си ни очекувал...
     
    На Dashing:), cresa-jagoda и Justicija им се допаѓа ова.