Се согласувам со тебе. Еве ќе кажам низ личен пример како мене ми се посреќи. Јас не знам англиски и го мразам тој јазик. На матура во средно знаат сите дека мора да се полага англиски. Јас бев спремна за препишување иако појма немав што ќе препишувам. Пред влез во школото јас се онесвестив. Не сум можела да се разбудам. Сум ги преплашила сите и викнале амбуланта. Прво кога се вратив при свест не сакаа да ми дозволат да полагам ради тоа што ми се случи. Но, класната ги замоли сите за да не ми остане за покасно да можам да се запишам на факултет на време. Тогаш ми се погодија златни професори кои имаа разбирање и ми го решија тестот. Ова да го планирав сигурно немаше вака да испадне. Не се е во наши раце.
Тоа веќе посебен талент е.. Го извежбав во последните година и пол.. Сама не се трпам не па некој друг.
Верувам дека постои, само јас ја немам. Сите ми го имаат тоа кажано ова: "ХХХХХХ, ти под каква ѕвезда си родена, никогаш во животот не си имала среќа". Али у ред е, се помирив со тоа, сега сама си ја градам среќата.
Верувам, може ја губам на моменти, ама на моменти и си иде.Базично гледано, имам живи и здрави родители, покрив над глава и иам шо да јадам, у тој поглед среќна сум.А дечковци, другари, другарки, то нек си ебе матер, шо како дошло така и си иде.Најбитно е сами себеси да не се изгубиме
Верувам и може лесно да се види. Едноставно некои луѓе ја имаат повеќе некои помалку. Некогаш имаш, некогаш не.
Сè што постои е среќа. Скоро врз ништо немаме контрола и скоро сè зависи од тоа дали имаш или немаш среќата во моментот. Ако те мавне кола, тоа е зошто во моментот си нема среќа, а не зошто си направил нешто лошо, па те казнила карма или пак, зошто заспал ангелот чувар.
Добро и да не стоеше тоа англиското luck ќе разберевме дека се мисли на среќа. Кога за влакно ќе избегнам некоја катастрофа да ми се случи, или сум блиску до физички удар ради небрежност и невнимание знам да кажам бреј среќа за малце … ама длабоко во мене знам дека не станува збор за никаква среќа туку се тоа е сплет на околности
Среќа во смисла добра карма, енергија што одредена личност ја има, да, верувам. Во смила заштита, виша сила, во одредени ситуации во кои баш требало да се наместат коцките во прав редослед, исто верувам, и сум ја осетила не еднаш и тоа.