Povekje bi rekol deka postojat momenti na srekja, ako ispolnetosta i mirot se ednakvi na srekja togash veruvam deka postoi i trajna srekja. Chesto se meshaat zadovolstvoto i srekjata.
И лак и хепинесс постојат. Иако не се баш поврзани. Имаме ист збор ама не треба да се поврзува секогаш. Иако хепинесс резултира често со лак. Лак не резулира баш со хепинесс. Хепинесс е состојба а лак е математичка веројатност. Кога си хепи правиш нешта со кои си ја зголемуваш веројатноста за успех тоа си правиш позитивна математика за лак.
Не. Сите случајности подлежат на законите на математичката веројатност. Освен, доколку Бог не замеша прсти. Но среќа како битие или ентитет, не постои.
Верувам дека среќата постои,но таа не е постојана,доаѓа и си оди. Понекогаш се крие во малите нешта, како што се мирот и моментите на задоволство со сами себе.Психолошки гледано, среќата зависи не само од надворешните околности, туку најмногу од тоа како ги гледаме и како ги перципираме своите мисли, односи и достигнувања во животот.
Гледајќи "Се или ништо", секој ден се помалку верувам дека некој има среќа. Можеби затоа и сме на дното за најнесреќен народ во светот. Пред распадот на Југославија луѓето посреќни биле отколку во денешницава. И јас верувам дека немам среќа. Немам среќа да се пријавам во "Се или нешто" за да си ја пробам среќата. Немам среќа да си фатам африканка, како што многу направија во Македонија. Немам среќа во секојдневниот живот. Немам среќа да фатам ливче на спортска веќе 2 години. Немам среќа да отидам да живеам во Финска и да почувствувам што е среќа.
А да почнеш да мислиш дека имаш среќа, па да видиш дали ќе се случи нешто. П.С. ама на некои горе наведени желби треба да се работи една ќе се оствари
Џабе е желбата кога не можеш да ја оствариш. Живееме во банана-држава каде што 80% од народот живее несреќен живот, поради погрешните политики и "тивкото убивање" на народот. Еве, вчера не беше исчистена улицата од снег и ја удрив колата во ѕид. Отидов да пријавам, ништо. Ми викаат терај си, нема да завршиш работа. А при крајов на месецов договорен сум да одам со неа на патување и нема друга опција за жал освен таа. Кој ќе ми ја направи толку брзо? Што да им кажам на луѓево што ќе одат со мене (а немаат кола), кои веќе уплатиле во хотел и земале слободни денови од работа? И како во ситуацијава да бидам среќен во животот кога државава те е*е во здрав мозок секој ден? Луѓето во Македонија се несреќни поради политиката. Колку и да не ја следиш, пак зависиш од неа, а политичарите си играат со луѓево мајтап на секаков начин.
Дали зборуваме за среќа како карма, космичка сила и слично или зборуваме за чувство на среќа. Лично сметам дека некогаш, ама многу ретко за одредена работа треба да се склопат коцките (среќа за заигра), ама во поголем дел од времето треба баш, баш да вложиш труд и напор за да оствариш нешто. Е сега чувството на среќа е субјективно. Или се чувствуваш среќен или не. Има луѓе што вака од страна гледано имаат се, а пак не се среќни, и некои што изгледа дека имаат малку и пак се среќни. И научно е докажано дека во тоа колку некој се чувствува среќен зависи од тоа како ги интепретира работите и дали е задоволен со тоа што го има во моментот, а не од тоа колку има и каде живее. Кај нас имаме развиено некој глуп менталитет во кој некој друг треба да ни каже како да се чувствуваме, се споредуваме едни со други, се натираме и само кликаме и читаме лоши вести. Немој ништо убаво да се сподели, да се честита и слично. Секогаш е тревата позелена кај комшијата итн итн.
Те разбирам целосно и во право си дека ситуациите кај нас знаат да те извадат од такт, особено кога последиците паѓаат врз тебе, а системот не функционира. Нормално е човек да се чувствува немоќно и разочарано во такви моменти. Од друга страна, јас искрено верувам дека колку и да не зависиме од многу работи околу нас, начинот на кој ќе ги прифатиме и решаваме ситуациите е нешто што ни останува во раце. Се се случува со причина, идеален живот без проблеми не постои, а среќата најмногу зависи од нас самите. Во ваква ситуација, мислам дека најважно е разбирање и меѓусебна поддршка — ако пријателите можат да помогнат околу колата, одлично, ако не, тогаш треба да имаат разбирање. И тоа многу кажува за тоа кои луѓе ти се вистинска поддршка. Патувања и планови ќе има и понатаму, животот не се мери со еден месец. Најбитно е да останеш смирен и да не дозволиш неправдите да ти го одземат внатрешниот мир.
Тие би требало да имаат разбирање, ама мене ми е глупо. Неправдите нема да ми го одземат внатрешниот мир, но ќе ми ја расипат радоста и среќата што колку толку сум ја имал пред патувањево.