Ова отприлика звучи како мене и дечко ми, само што ние двајцата не сме религиозни и сме од Македонија. Другото, исто. Не можеш да знаеш, ако ти е убаво со него и го сакаш, не ја расипувај врската. Со никој нема да се погодиш потполно, и никои двајца не се исти.
Штубава тема. Мислам дека има разлики преку кои се преминува и разлики преку кои барем јас лично, не би преминала. Во однос на финансии, потполно се согласувам со @DAngel , не ми е важно човек од каква финансиска позадина доаѓа, туку каде планира да оди. И јас доаѓам од скромна позадина, ама многу посветено работам на тоа да моите деца еден ден, не ги гледаат и чувствуваат дел од работите што јас сум ги гледала како дете. Страшно ми е важна амбицијата и визијата за себе во иднина, и тука сметам дека сериозни партнери мора да имаат визија за иднината што се надополнува. Е сега кога спомнав деца... не би преминала преку разлика во гледишта како детето треба да е воспитувано. Што се тиче мене, темава треба да се начне на прв дејт, заедно со хигиенски навики и пракси, и преференца за тоа на која страна на креветот сакаш да спиеш. Мислев дека имам кул другар, додека не слушнав дека мисли дека ќотекот е излезен од рајот и дека разговорот не е секогаш најдобра алатка за разбирање со децата. И тука, чао адио. Растена сум од многу авторитативен татко и знам какви трауми ќе си влечам за цел живот. Тоа во мој дом никако нема да дозволам да се случи. Е сега, интелект. За мене, заедно со емотивната интелигенција, ми се на врвот на листата на приоритети, како кај партнер така и на близок круг на пријатели. И тука не правам компромис. Ми треба константна интелектуална стимулација, дисусии, intelectual jokes и banter, некој што на моето р'чкање знае појако да ми врати. Имам потреба да со некој дискутирам се што сум прочитала во текот на денот, и некој што сака да чуе мое мислење за некоја негова идеја, замисла или мислење. Е тоа страшно ми треба. И никогаш не би можела да бидам со некој што не гледа разлика меѓу аргументирана дискусија и расправија. Nope, nope, nope. А во однос на религија... не ми пречи, се додека религијата ја сфаќа како морална и етичка водилка за да си првенствено добар човек но, не и човек што религијата ја сфаќа како законик. Значи пред се', повеќе спиритуалност, отколку религиозност. А дека спомнувате интровертност/екстровертност, еве јас сум краен интроверт, до с'рж, и не ми пречи да имам екстроверт до мене, се додека не ме тера, во чести интервали, да си го напуштам дувлото, или евентуално читалната. А за излегување, нек си излегува, не ми пречи, нема сигурно да го терам да вегетира како мене, или па најубав компромис според мене - да излеземе, ама да нема други луѓе. Проблем е кога едниот партнер му пререкува на другиот за начинот на функционирање. Секако дека има работи и разлики што не можеш да ги предвидиш во почеток на врска, на пример дека ги остава чорапите расфрлани по соба кога ќе се врати од работа, или мисли дека океј е да не ги измиеш садовите веднаш после ручек. Океј. Ама сите овие останати важни работи, стварно сметам дека мора да се продискутираат уште на почеток, а некои се повеќе од очигледни, и ако се раскрстуваат видиците, идемо даље. Кај мене за многу работи нема компромис, и не сметам дека претерувам, бидејќи апсолутно не барам нешто што јас не сум способна да го дадам. И тврдам дека многу живци може да се сочуваат на овој начин.
Јас познавам личност која ќе стапи во брак со човек со кој едвај се гледаа, секогаш на нејзин трошок, не ја прифаќаат неговите оти се патријархални. Никогаш не би губела време со некој таков, а не па во брак да бидам. А каков брак ќе има ќе видиме. Инаку јас не се надевам дека ако нешто било крш 3-4 години дека сега преку ноќ ќе биде ок. Во право си за се што опиша. Се случувало во врска иако мислам дека некој е луд по мене, по месец дена да ми се распадне пола филм за него. Едноставно го гледаш, дали тој лаже, дали е неодговорен, порочен како што кажа, има пари, ама пак и со нив неодговорен, гледаш дали е себичен, се прашуваш за неговото минато итн. Не е се така убаво како што изгледа на почетокот.
Не сум воопшто поборник на она дека целосни спротивности се привлекуваат, но секако некои различности можат да не претставуваат никаква пречка при доволно емоции и разбирање. Тука се секако прво вкусовите и интересите, па и друг тип на карактер (екстроверт наспроти мојата интровертност) не би ми пречел сè додека не наметнува. Финансиската состојба не ми е воопшто важна и клучна, не ги ценам луѓето според тоа и ја сметам за надминлива и променлива. Е сега, интелектот и длабочината на размислување ми се и тоа како клучни, но нив треба да ги приметам дека се присутни за воопшто да ме привлече еден човек, бидејќи како што имам кажано не се заљубувам лесно и само поради надворешен изглед + најосновни вредности Тука би ги навела и прогресивните ставови... не би прешла никако преку патријархални размислувања ни за со мене, а камоли во воспитување дете во иднина - ама пре би рекла дека некој таков би го откачила по прв подлабок муабет. За децата, се согласувам дека тоа мислењето по тоа прашање општо е доста важно во една врска. Моментално не би била со некој кој ги планира во блиска иднина, ниту пак да му се најголема цел во животот - а и хипотетички слични гледишта за воспитување ми се важни. И така
Финансиски - Не ми прави разлика.. Почнавме со многу малку со сопругот. Интелектуално - Мора да биде на мое ниво или попаметен. Нема да имаме теми за разговор иначе. Политички- Да не е со екстремни ставови. Десничар, ни под разно. Да ми збрчи против абортус нешто или жените 'се за дома', има да му летне главата. Деца- Колку-како-што, мора да имаме слични видувања. Религиозност - Ок е, ако е во блага форма. Ако е голем верник, нема да не биде. Интровертност/екстровертност - не ми прави разлика. Јас сум екстровертна, мажот ми е интровертен. Се премостуваат разликите со пријатели, не мора се' заедно да правиме.
Верувам дека во животот може да се надмине секоја разлика ако и само ако се сака и се има воља за истото. Но, не верувам дека тотална спротивност може да опстане една покрај друга. Мора да се има барем една заедничка тема околу која партнерите ќе се согласат, која ќе биде база за понатамошни компромиси. А без компромиси не се живее, оти скоро се што правиме во животот е компромис, почнувајќи со себе си, па со сите останати. Па така секој со своите приоритети на маса. За секој од нас постојат непремостливи работи, преку кои не можеме да поминеме, ни значат најмногу и од кои нема никогаш да се откажеме. Потоа работи кои се помалку или повеќе дискутабилни и за кои може да се разговара и работи кои ќе ги отстапиме оти се исто толку битни за другата страна и оти на крајот од денот, сите треба да си легнеме среќни. Не сум запознала парови кои се на различна “интелигентна фрекфренција”. Скоро сите бираат партнер горе-долу сличен на самите себе. Па тоа не ми е воопшто дискутабилно. ( на страна дисфункционалните врски/бракови поради употреба на наркотици, алкохол, потоа насилници, криминалци, на кои ако им се изработи психолошки профил ќе се дојде до причината поради што се развила девијацијата, а истото важи и за нивните партнери). Многу битен фактор е погледот кон иднината, ако не и клучен. Ако не се гледаме заедно и на исто место после ХY години, џабе е се. Ниту е битно кој на која нација или вера припаѓа. Оти пред се, сите сме луѓе и така треба да гледаме едни на други. Кога на другата личност гледаме првенствено како на човек ист како нас, со желби, потреби, чувства, со свои борби со свои демони.. и како битие од емоции, во тој момент почнуваат компромисите.
Не постојат никакви компромиси во врски каде има различни нации, вери, политички убедувања и слично. Тоа се глупости. Порано или подоцна доминира само машката страна во воспитувањето на децата како авторитет.
Некогаш ме привлекуваат машки спротивни од мене карактерно и тогаш се наодполнуваме еден со друг и правиме баланс.Некогаш ме привлекуваат исти/слични на мене и се чувствувам со нив како со другари а не со партнери/мувачи што год.