Дали сегашниот партнер ви беше прв избор?

Дискусија во 'Врски' започната од BigMisterP, 30 март 2019.

  1. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    93
    Како што гласи прашањето, дали сегашниот дечко/ девојка, сопруг/ сопруга ви беше првиот избор?
     
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    20.301
    Пол:
    Женски
    Прв избор? :^)
     
    На dayla, parrot и WildMk им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.825
    Допаѓања:
    115.099
    Во која смисла прв избор?
    Прв дечко?
    Не!
    Прв партнер за секс?
    Не!
    Прв и единствен избор за брак?
    Да! :inlove:
     
    На brokensoul, Milobebence, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    9.381
    Не бе па ти, така си седев замислена нешто и он налета ...и ај....што не би могло...8)
     
    На sj *O*, Lianna Anna, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    4.839
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Немам партнер, ама и да имав
    прв дечко-не
    Прв со кој ќе имам однос-не
    За брак не ни помислувам.
    А ако смислата на прашањето ,,дали сегашниот партнер ви беше прв избор” е како дали ни е прв и последен на некој начин требаше да појасниш малку повеќе и пак одговорот би бил не.
    Знам преблиска личност која е во таква врска, предолго се заедно и немале пауза воопшто.Осум години се заедно, алал да им е.Цело средно го истераа заедно, искрено во денешно време ретко кој во најлудите години може така да издржи без притоа да ,,шантра” по страна.
    Реално секоја чест, јас не би могла.Сеуште за кратко време ми здосадува.
     
    На Milobebence и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    406
    Не сум мажена за да кажам дали ми бил избор за маж али прв избор за дечко или прв дечко?
    Не го разбирам прашањето баш :^)
    Не ми е прв дечко :)
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    31.404
    Пол:
    Женски
    Сум била и пред него заљубена, но тој ми е: прв бакнеж, прва врска и прв со кого стапив во сексуални односи. И најважно, прв со кого сум најсреќна на светот (и така и да остане вооошто нема да се каам што сум немала друг). :inlove:
     
    На sj *O*, Harper, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.419
    Пол:
    Женски
    Прв, да...и што дека, не гледам причина ниту за фалење, ниту за кудење.
    Секогаш мора да постои ПРВ....само кого ли го занима ова, баш ме замисли:?:
     
    На Milobebence, Petar80 и WildMk им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    14.385
    Секако. Прв и последен.
    Зошто првиот ако те скине, понатаму се знае дека си фалш роба и никој нема да те сака. За да не те покажуваат со прст мора да го фатиш момакот за гуша, како умееш, дури и со лаги и уцени. Потоа, да се венчате и имате минимум три деца. Иако, сега веќе не е морално затоа што не е толку активна кампањата за трето дете.
     
    На Ivan4e04, SexiLy, Avery и 13 други им се допаѓа ова.
  10. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.375
    Пол:
    Машки
    casper?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.286
    Допаѓања:
    229.508
    Не.
    Не.
    Не.
     
    На Petar80, WildMk и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.419
    Пол:
    Женски
    Три во едно:rofl::rofl:
     
    На La.loca и Petar80 им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    31.404
    Пол:
    Женски
    Ако испаде некој да ти е прв и последен значи со лаги и уцени си го задржала? :^) Кога станува збор за вистинска љубов, нема правило дека мора да завршиш со прв, втор или десетти.

    А ако некој ги смета за безвредни девојките кои друг пред нив ги "скинал" треба да се преиспита самиот, бидејќи во него е проблемот.
     
    На cresa-jagoda и Stark им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.521
    Допаѓања:
    55.916
    Не знам за вас, ама јас темава ја разбрав дали имало повеќе да бирате на лагер, :D па сте го избрале овој партнер од прва. Или па откако не сте го „фанале“ тој шо го сакате, сте го одбрале овој.

    Во таа смисла прв избор. :?:
     
    На Konfetka, Harper, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    20.301
    Пол:
    Женски
    И јас исто така мислам.
    Затоа не дадов одговор.
    Маж на лагер се бирал. :D
     
    На cresa-jagoda, Doozy и Animali им се допаѓа ова.
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.358
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со @Doozy, и јас така ја разбрав темата :D

    Од тој и единствен аспект, нормално дека да. Личност сум што се заљубува еднаш на секои илјада години и нормално биле не прв, туку единствен избор.

    No offense to anyone, но мене ми е крајно грозно да бидеш со некого што ете не ти е нај нај, а си со него колку да бидеш во врска и бидејќи оној кој си го сакал/а не ти возвратил, те откачил, повредил и сл.

    Подобро сами некое време пред повторно да се заљубите, бидејќи ако се замислите во негова кожа, вие на партнерот да не сте му прв избор, чувството е навистина одвратно, зарем не? :)
     
    На WildMk, Herrera, sj *O* и 11 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.286
    Допаѓања:
    229.508
    Секој како дака си ја сфаќа темава:D.
    Јас мислам дека се однесува дали сеуште сме со тој првиот што сме го избрале. Сеедно потпишале или не во матично, што било сериозно и требало да трае засекогаш. Или пак првата голема љубов завршила и потоа дошла втората(не наблегувајќи во тоа дали е иста/помала/поголема).
    Малку ми е нереално да чекаат икс персони на нас за ние да ги избереме и да не венчаат:D.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.521
    Допаѓања:
    55.916
    Не бе Дани, ама не биднало со тој што сакале, па дај шта даш после. Немој стара мома да не остане. (facepalm)
     
    На WildMk, Konfetka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.560
    Допаѓања:
    86.780
    Да не треба во црно да се завие и да чека години или децении да поминат за да ја испочитува како треба големата љубов што се случила? Па после да чека иста таква или поголема за да почне врска? Не се сите такви карактери, не паѓаат сите во депресија и не им запира на сите животот после една голема љубов. Клин со клин се вади :D Поинаку кажано, постојат поинакви љубови, односи, врски, чекање на нешто исто како старото за мене е нон сенс. Секој однос е различен и постои голема веројатност со друг партнер да го немаме комплет она што сме го имале со претходниот. И е ок. Некогаш знаеш дека е крај и што побргу се помириш подобро за тебе. На некои им успева, на други им треба подолго време и тоа не секогаш има врска со силината на чувствата кон партнерот. Често до карактер е.
     
    На WildMk, LittlePinky, m.i.g и 2 други им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.499
    Допаѓања:
    25.419
    Пол:
    Женски
    де бре Бриџитке, се отепа од мудрување а пак не ни кажа дали ти е прв избор момчето твое??:P
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.