Дали се замислувате како невеста?

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 14 април 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.716
    Допаѓања:
    34.008
    Девојки што мислите? Дали кај нас уште од мали девојчињата се задоени со таа помисла дека единствена цел во животот им е да се омажат? Знаеме дека кај нас се уште владее мислењето дека ако една жена е немажена е распуштеница и е несреќна во животот и или ја гледаат со сожалување или ја озборуваат. Има некои жени кои целиот живот им се вртел околу свадбата и ја имаат испланирано до најситен детаљ.
    Дали се сметате себеси како таква или повеќе си го сакате самечкиот живот?
    Што мислите за немажените девојки/жени? Како гледате на нив?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    pred se,ne mislam ama bas nisto loso za nemazenite zeni,nekogas i ne e do niv,a i tie si imaat nekoi prednosti.ne bi bila nesrekna ako ostanam sama,bi si go posvetila zivotot na kariera,patuvanja, druzenja so prijateli.mislam i deka niedna devojka ne smee da razmisluva deka ako ostane nemazena ne se realizirala vo zivotot.kako ke se cuvstvuvme zavisi od nas,bez razlika dali sme sami ili ne,sami si go kreirame zivotot.
    a jas ne sum se zamisluvala nesto posebno,samo znam deka edinstven uslov za da se omazam e da bide strogo od ogromna ljubov.ako ne bide taka togas ke si ostanam sama ;)
     
  3. violetblue

    violetblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    638
    Мислам дека и те како уште има такви девојки со такви сфаќања, што побргу да се омажат постојано зборуваат како едвај чекаат дечкото да ги побара за жена иако едвај имаат работа и егзистенција. Некој девојки се едноставно воспитувани да бидат добри домакинки и ништо повеќе. Лично моментално бракот не ми е приоритет повеќе ми се допага да си живеам самостално и сама да си одлучувам за мојот живот, а бракот и семејството не бегаат никаде има време и за тоа
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.693
    Мислам дека кај нас тука не се учат девојчињата од мали дека еден ден треба да се омажат. Барем мене не ме учеле така. Јас лично сакам да се омажам, сакам да правам свадба со најблиските луѓе, сакам ваков-таков фустан.... Не дека имам се до детаљ испланирано (според мене тоа е глупаво), ама си имам така некои зацртани работи.
    За оние девојки кои не се мажени воопшто немам лошо мислење. Сепак не е работата само да се омажиш ради-реда. Треба да ја најдеш вистинската личност за таа работа. Па и да си ја нашол вистинската личност: некои луѓе едноставно не ги исполнува мажачката. Повеќе им се допаѓа оној послободен живот и тоа е сосема во ред.
    Секој има различни ставови и размислувања на оваа тема, па не сметам дека ако некој не размислува како мене - дека тоа не е правилно. Изборот е индивидуален.
     
  5. PeachGirl

    PeachGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Не мислам ништо лошо за девојките што одлучуваат да не се мажат. Тоа е прашање на избор.
    Но, еве јас лично, не би можела да функционирам сама. Ми годи поддршката од партнерот, гушкање кога ми е тешко...
    Уште не можам да се замислам како „мажена жена“, попривлечно ми е да бидам мажена млада девојка. Не сакам да се заробувам во рамка на типична традиционлана женичка, која после првото дете, ќе се направи 100кг, облечена во тренерки, со 10 кг злато на неа (да се покаже златото од свадбата де. :puke: )
    Да пазам што ќе кажат комшиите, да се натпреварувам со другите која е поголема домаќинка и секој муабет да ми се сведува на рецепти, кујна, дечишта и сл. :wasntme:
    Сакам во тој дел да се скрасам, но дефинитивно не сакам да му ставам толкаво значење.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.221
    Допаѓања:
    1.260
    Што да не ,има да бидам невестиче ипол бре :lol:
    Со некој секси ,бел фустан со неколку ситни црвени розички ,па вел од 3 метра ,па онда го соблекувам огромното здолниште и под него - кратко ,сексоповикателно сукниче сето со вал и пуфки...ретро фриз (задолжително пуштена)...
    Си имам јас свои сценарија низ ова главчево ,само проблемот е што сакам се ,баш се ,ама се не се може одеднаш :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. n.a.k.e

    n.a.k.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    5
    lelee jas nevesta :o :tmi: е ке треба да бидам наредната година офф немозам да замислам како ке биде се нервирам...како се ке треба инаце како ке бидам јас е тоа најубавa ;) :lol:
     
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    104
    Си ја немам замислувано свадбата како мала. Ниту пак од дома ми велат дека најважно е да се мажам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fashion.n.a.d.e.44

    Fashion.n.a.d.e.44 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    28
    Ponekogas :D da !! No toa e samo pred da zaspijam navleguvam vo takov histericen film sto ne znam kade mi e glavata ..prvo ja zamisluvam vencanicata pakko jas vikam Da i toj vika Da pa kako sime ses smuvale pa kako se frlale bonboni leblebija paricki i sve ostalo vrz nasata kola pa kako sme si dosle doma pa ona sto go im ana prvata brakna nok :D :D :D ..A za deca nemam razmisluvano :D
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.356
    Поголем дел се задоени токму со таа помисла.
    Да се омажат. Со време.
    Тоа време за мене е мошне субјективно и дискутабилно, врзано за многу фактори, ама на постарите генерации им е важно девојчето да се омажи и да основа семејство.
    Тоа е примарно. Во заден план се става каков ќе биде мажот, дали добро ќе се однесува кон неа, имаат ли услови за нормален живот, дали се психички спремни за брак, финансиски и емотивно за дете... демек, се може да се среди попатно, ВАЖНО ДА СЕ ОМАЖИ!
    :^)

    Мене таквите кои до ситница и секој еден детаљ си ја имаат испланирано свадбата ми се чудни и не се наоѓам многу во муабет со нив.
    Мажачката не е моја примарна аспирација и не се заморувам многу околу тоа прашање. Моментално имам толку многу поважни работи.
    Тоа не значи дека не го почитувам изборот на оние кои сакаат да бидат нечии сопруги, домаќинки, мајки.
    Напротив, секој со своето.

    Нашето општество се' уште гледа чудно кон немажените на кои им влепува етикети како стари моми, распуштеници, незакуќени итн.
    Точно е дека се озборуваат, се премеруваат под око, се ставаат под лупа на секоја групна седенка.

    Истата таа која го дава коментарот можеби живее во еден тотално нефункционален брак, без љубов и хармонија, со маж прељубник или пијаница, ама ете - пред светот е мажена, ја завршила небаре најважната света животна обврска и сега се дрзнува да пика нос во туѓи манџи.

    Порано воопшто не се замислував како невеста.
    Сега веќе полека почнувам. :D
    Не лажам, навистина е така.
    Но и да не се случи, нема да е крај на светот.
    Зборувам за мене.
    Не можам да тврдам и за остатокот од фамилијата и комшилукот. :D
     
    На crazylady, lola-86 и 1209 им се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    5.467
    Па да, еден ден,кога ќе имам завршено факултет, со веќе најдена работа, и после добро оформена врска во која наравно има многу љубов.

    Не сакам,и не верувам дека ќе стапам во брак на млади години,со незавршено високо образование,или со некој човек што не го сакам премногу за да му го посветам животот нему,и на нашите деца.

    Нејасни ми се оние жени кои стапуваат во брак чисто онака,колку да не се остане немажена и без деца,и искрено не знам ни како функционираат во таквите бракови. Знам дека тоа никогаш не би го направила,и дека попрво ќе останам немажена.
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.422
    Јас имам стара мајка,стара спрема мајките на моите другарки,сите тие имаат 40 и некоја година,а мајка ми ќе полни 60.Ама на сите тие другарки мајките им викаат да се мажат и слично,а мајка ми стално ми вика имаш време ако си будала мажи се уште сега.Стара скопјанка е жената и има подруги сфаќања,во нејзино време на 30 години се омажила,можете да замислите,таква е,дури и не ни сакала брак со документи,секогаш му викала на татко ми,мене документите не ме држат,туку љубовта.
    Е сега што се однесува до мене јас сум спротивно од неа,значи не ми е желба што побрзо да се омажам,никако не ми е само тоа целта во животот,туку спротивно во смисол,сакам брак со документи и црква(не дека тоа држи ама си сакам).И да се замислувам како невеста за неколку години,со човекот што го љубам,а претходно се надевам вработени и колку толку добри услови за живот.
    Имав другарки во средно што ЖИВОТНА желба им беше да се омажат и уште за матурата се верија,да не закаснат.
     
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.730
    Здосадено ми од тетки и постари роднини кои на секое видување ме боцкаат: ајде време ти е, кога ќе ти играме на свадба...итн... Што им е ним гајле за мене и за тоа кога јас ќе се мажам? :^)
    Ќе сум останела стара мома, срамота било уште дома да седам и не знам уште какви глупости. Навистина ми се напорни.
    Премногу си земаат луѓето за слобода да се мешаат.
    Бракот е личен избор.
    Иначе порано се замислував како невеста, ама потоа ми следеа разочарувања со партнерот, така да сега воопшто не ни помислувам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.867
    Искрено моја животна цел не било тоа да се мажам, да изнараѓам деца и да чистам и готвам цел живот...
    Мислам дека секоја девојка/жена треба прво да се обезбеди себеси, да изгради личност и кариера а потоа да мисли на мажење, дом, фамилија...
    Е сега немажените девојки/жени имаат причина поради која не стапиле во брак односно не сакале да стапат во брак.
    Искрено преку глава ми е од тоа кога ќе слушнам каде што ми попова некој: „Ајде што чекаш. ;Таман си за мажење. ;Време ти е да мислиш на тоа“. Па луѓе сакам прво да завршам факултет да се обезбедам па потоа да стапам во брак. Што ќе ми е брак на овие години кога за брзо може да дојде до развод или пак да стапам во брак и да не е подносливо па потоа цел живот да се туфкам и да се каам за неславно завршената кариера...(само примери наведувам).
    Имам другарки кои во прва година средно веќе беа верени...
    И да, кога би се мажила сакам брак во кој ќе има љубов, разбирање, простување...Ништо не е сјајно како во бајките, но се се може ако се сака :)
     
    На Lolo5, crazylady и Hipster им се допаѓа ова.
  15. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    hahaah sakam svadbata da bide kraj more
    da sedam na nevestinsa masa
    da nosam prekrasen nevestinski fustan
    i ga ne si go frlam bidermaerot haahahh

    samo ovie detali mi se vazni za svadbata

    i da imam mladozenec haahhahaahah
     
  16. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    595
    Колку и да пробам, не можам да се замислам како невеста ама никако. Не сум типот на девојки кои од мали нозе сонуваат да се видат во бело и едвај го чекаат тој ден, напротив ако нешто сакам тоа е да НЕ правам свадба. Едноставно не се за мене тие работи.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.672
    Од сите работи во животов, мажењето ми е последното нешто на кое помислувам, и не верувам дека наскоро ќе се промени тоа, па и под услов да се појави некој кој ќе го сакам неизмерно. Таква сум, никогаш свадбата не ми била некоја амбиција, ниту па сум се замислувала себеси во бело. Сега за сега имам многу други приоритети, листата е долга, па дури откако ќе се средат сите тие работи (можеби) ќе помислам. :lol: Па и да не се омажам, не би си го сфатила тоа како нешто трагично, ќе се посветам на други работи, а другите нека зборуваат колку сакаат.
     
  18. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Не се замислувам себеси така.Искрено мислам и дека никогаш нема да се омажам.Искрено и мислам дека да го направам тоа ми е страсна пасија скриена длабоко во мене.Дека целото мое однесување и моите заобиолени животни цели се сведуваат на истото, дека имаат едни корени а тоа е мојата желба да носам нечие презиме.Мислам дека постојам на земјата да бидам мајка и домаќинка и туѓа загуба е што не си удомил една Бри Хоџ за женичка.
    Која иронија,работев во бутик за вечаници и редовно ги облекував во истите, организирав венчавки и заменував невести на проби.А никогаш да не се омажам.Чуден сарказам имаш Господе, сатира до дијареа, ете до таму напната.
     
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.088
    Допаѓања:
    2.357
    Пол:
    Женски
    Се замислував и тоа многу,но ете не ми било судбина,не било пишано ;( .
    Сакав да застанам до мажот кој најмногу го љубев во бело,го сонував на сон тој ден,но само тоа ми остана,соништата и неговите зборови и ветувања :emo:
     
  20. Jelena-JK

    Jelena-JK Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    7
    Нема девојка која не се замислува како идна невеста и која не би сакала да стапи во брак со тој што го сака,секако и јас,ама сепак мислам дека е рано за тоа барем додека не најдам некоја убава работа според мојата професија е тогаш ќе може да се замислувам 8)