Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се замислувате како невеста?

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 14 април 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Како помала да, ама само надворешно, од типот на каков ќе ми биде фустанот, како ќе изгледам и сл . На тие години со овој памет, само би се молела да најдам човек кој бескомпромисно ме сака и почитува и за среќа на своја кожа почувствував колку вреди тоа (секако, се надевам дека не сум се излажала...ах јас и тој мој скептицизам :$ ).
     
  2. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    секоја девојка сонувааааааа за деноот кога кје бидее невестаааааааааааа :)
    јааааааас одваај чекамм
    фустаноот сакам да ми бидеее од напрееед кратоок до коленоо, и надолее да се пуштаа :) хехе
     
  3. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Не.
    Сакам да се омажам, како и сите други девојки ама некако во глава неможам да си создадам слика како невеста.
    Времето ќе покаже што и како ќе биде.
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Дааа, многу често се замислував. :$
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не сум се замислувала како невеста. Арно ама, бев невеста. Татко ми сакаше да правам свадба и јас му го направив ќејфот.
     
  6. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    сум се замислувала како мала.
    сега како доага време за свадби некако не ми иде на памет што и како ке биде,но сакам нешто едноставно и скромно :$
     
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Се замислував :)
    Низ годините вкусот за венчаницата ми се менуваше.
    Од балски раскошен, до кратко модерно фустанче, па долг припиен фустан со гол грб.
    Само фризурата не ја сменив, секогаш се замислував со пунџа под која излегува велот. :wasntme:
    За два месеци ќе дојде и тој ден, јас нема да носам венчаница бидејќи нема да правиме типична свадба.
    Секако дека ќе бидам дотерана и ќе бидам во бело, но тоа ќе биде обичен фустан, без тулови и слични тракатанци.
    Знам дека ќе бидам можеби не невеста каква што се замислував, ама сигурно ќе бидам најсреќна! :)
     
  8. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Да, се замислувам, доста често :)
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.200
    Пол:
    Женски
    Не се замислувам и не ни сакам да се замислам, во животов мој никогаш нема да го облечам тој фустан.
     
    На Lolo5 и zuto им се допаѓа ова.
  10. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Да! Се замислувам и одсекогаш сум се замислувала во балски фустан, со некое по едноставно фризурче. Торти, сарми и слично не доаѓа во предвид. Вел ОБАВЕЗНО!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.206
    Пол:
    Женски
    Не, никогаш.
    Како мала се замислував единствено како балерина. Никогаш не сум имала мерак по венчаници од соништата, дури се сомневам дека кога ќе се мажам ќе направам свадба, ама тоа е друг муабет.
    Едноставно, не сум таков тип на девојка, не ме фасцинираат венчаниците воопшто и не се замислувам во такво издание.
     
    На Lolo5, crazylady, Аliсe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.250
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не.
    Никогаш не сум мечтаела ниту за венчаници, ниту за велови, фризури, шминки и чевли.
    Сето тоа ми е излишно и безпотребно.
    Никогаш не сум мечтаела ниту пак за ора, ресторани, венци, свирачи, китки итн... ова никако и никогаш нема да можам да го сварам а камоли да сум го мечтаела и посакувала.
    Никогаш не би дала брдо пари за вакви "луксузи" и веселби од овој тип, да така секој со свој карактер желба и став.
     
    На Lolo5, PiaMia, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Da vo posledno mnogu cesto se zamisluvam kako nevesta so raskosen fustan i taka prirodna sminka no samo toa go zamisluvam a svadba lele nikako se se mislam da bide taka mala i kako nekoj sobir masite da bidat ukraseni so beli navlaki nadvor i taka nekoja violina da sriri vo pozadina :D
     
  14. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    Не.Никогаш не сум мечтаела да бидам невеста,да имам свадба и сл.И да се мажам еден ден,сигурно тоа нема да биде свадба со народна музика,премногу гости итн..
     
  15. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.040
    Еве си најдов тема да си изнадрдорам.
    Прво, не мислам ништо лошо за оние кои се замислуваат и сакаат да се невести и за тие другите на кои тоа не им е желба и животна цел. Јас спаѓам во оваа втора група. Знаете, во несфатените, чудни за македонското општество жени.
    Ниту се замислувам некогаш како невеста ниту пак сакам да бидам. Имам стабилна врска со нормален дечко и многу му е јасно кажано моето мислење околу бракот (thank God we're on the same page). Едно парченце хартија со потписи не е доказ дека некого ќе сакаш цел живот и дека цел живот ќе го поминеш со него. Важна е конекцијата меѓу две лица (без разлика дали станува збор за хетеро или хомо брак) која се негува со љубов, почит и разбирање.
    Би сакала да живеам со човек со кој ќе ги имам овие работи. Не ми треба неговото презиме, прстен или скапа свадба. За мене е тоа непотребно трошење пари. Сите знаеме дека трошоците за свадба се преголеми, зошто со тие пари да не се оди на некој убав далечен одмор или да се инвестира во некоја заедничка идеја (дом, бизнис и сл.)?
    Зошто свадба со гости кои ги гледаш прв пат во животот? За нив ли да давам пари, а утре да слушам муабети каква била свадбата, а каква требало да биде?
    Си забегав јас од темава. Најјако ми е кога ќе видам "classy" невести или ептен "модерни", а на свадбата вришти турбо фолк или народни со 600 орца вртење, а тие глумат класични фацки или рок/метал бајкери.
    Инаку, почитувам невести и свадби со посебен уникатен стил (друга боја на венчаница освен бела, патики наместо високи потпетици, природни фризури и шминки, опуштени забави и приеми со модерно музиче). И тоа. :)
     
    На Lolo5, Dust, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  16. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    не никогаш, просто никогаш не ме интересирале такви работи ,ниту сум се лепела по излози да гледам фустани и да си правам филмови како би ми стоеле или што ти ја знам свадба не правев од причина што за мене свадбата е плод на човечката глупост (без навреда).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се замислував како невеста, едноставно бегав од целата таа идеја, чувствував страв, но на денот на венчавката сакав да трае вечно.
     
    Последна измена: 5 декември 2017
    На orhideea, Asistentkа, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Не , никогаш.
     
  19. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.145
    Допаѓања:
    50.524
    Пол:
    Женски
    Понекогаш да, но ме фаќа срам. :$
    И чуствувам скоро ќе биде ко што запнал дм :D
    Само сакам скормна свадба не 300 гости ниту одење по невеста и сите тие адети.
     
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не. Единствено од модна перспектива, бидејќи не ми се допаѓа што носат повеќето невести, па ми доаѓаат некои идеи како една венчаница би требало да изгледа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.