Мене когс ќе ме прашат размислуваш ли џа свадба за кога ќе бидеш невеста каков ќе ти биде фустанот па што сакаш што неќеш и така натаму и така натаму.? Искрено не сум размислувала, како дете можеби да за тоа каде ќе отидам со кој ќе се омажам па каков ќе земам, а сега ме се замарам со тоа и не се замислувам како невеста затоа што мислам дека тоа нема да ми се случи. Еден пријател ми вика сите женски сонуват да станат невести да имат маж деца, па сега сите тоа не сонуват еве јас за такво нешто сега за сега не сонувам и не се ни замислувам а и како прво кога ќе дојде тој момент за тоа и тоа тогаш ќе му ја мислам а пред време да си правам фантазии тоа ме можам па после да се разочарам не поарно вака без мислење оти поубаво ќе си прокарам. Поубаво ми е да сум си сама затоа што јас не можам да се замислам да сум во врска со некој а не па невеста а не па и во брак премногу сум наплашена од некои работи.
Никогаш не сум се замислувала како невеста што влегува во брак . Никогаш тоа не ме привлекувало. Невестата носи бела боја , а јас носам само црна боја .