Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали се цени искреноста?

Дискусија во 'Врски' започната од Superiska, 8 март 2010.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не. Туку испаднеш злобен (оти си кажал како што е). Бидејќи никој не сака да ја слушне вистината, let's be honest :)
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Искреноста е доблест,а сите луѓе не се способни да се носат со таква карактеристика.
    Дали се цени?
    Сите се декларираат како искрени,а всушност не се(посакуваат да се )
    Според мене не,не се цени воопшто.Искривени се вредностите денеска,други работи имаат приоритет! :)
     
  3. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас сметам дека се цени.
    Другарките секогаш ми зборуваат за тоа како сум имала среќа со мажите, бидејќи,покрај личноста со која сум моментално и многу ме сака, рака на срце, сум била вистински сакана од неколку, и тоа ми го покажувале и откако сме се разделиле... Веднаш да расчистиме, не сум нешто екстра убава или згодна, затоа секогаш им кажувам дека верувам дека ме сакаат(ле) затоа што секогаш со сите нив сум била своја и искрена, никогаш не сум им глумела лудило или недај боже некои забрани да поставувам, а и не сум изневерила ниту еден до сега.
    Не велам дека сите ме испочитувале, но љубовта е секако најголемиот подарок за некој кој е искрен и добар со тебе, затоа што го даваш несвесно и искрено.
     
    На honey.11 и Geronimo им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Сите бараат искреност ама ко ќе им плеснеш нешто во лице одма се лутат. Мислам дека не, се сфаќа како навреда.
     
  5. Brandy

    Brandy Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Кога станува збор за сериозни теми, би сакала да ја слушнам вистината, без разлика каква е и колку ќе боли. Сепак гледам дека многу луѓе не сакаат да ја слушнат, иако тврдат дека ценат искреност. Искреноста не секогаш се цени, искрените луѓе повеќе патат.

    Што се однесува до оние мали лаги, не се на одмет, ако се добронамерни и не штетат никому :rofl:
     
  6. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Каква искреност бе. 21 век сме.
     
  7. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Не се цени. Колку само пати сум била искрена со дечко ми околу било која тема, за на крај да добијам едно - Ти само сакаш да се караш. Искрена сум буквално во секој сегмент од мојот живот, не само во врската, не можам да глумам лицемерие ама сфаќам дека за да опстанеш денес, искреноста е нешто што најмалце ти треба. Жално ама тоа е.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Нее, и не вреди !
    зашто ако бидеш искрен и на некој му кажеш све у лице одма се љути, а и ако го лажеш пак се љути.. Па сеа ти види, и иди па погоди им :envy:
     
  9. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    многу ретко кој ја цени искреноста јас ценам искреност колку и да боли :)
     
  10. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас ценам искреност, не сакам некој лице да ми прави и глуми лудило.
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Да и тоа многу.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Јас ја ценам.Премногу.
    Доколку е некој скроз искрен према мене, ќе ја има мојата почит и лојалност што и да биде меѓу нас.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Сите бараат искреност, а малку ја возвраќаат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Се цени. Обожавам искрени луѓе. И секогаш сум искрена, па тест на пријателство и човечки односи ми е тоа кој ќе ја злоупотреби искреноста, а кој ќе ја цени.
     
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас лично ја ценам многу. Ако препознаам искрени намери, тогаш јас сум уште подобра и поискрена.
     
    На cresa-jagoda, poenta и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Мислам дека не се цени (колку и да не ми се допаѓа ова), или евентуално подоцна кога ќе се увери личноста дека другата страна навистина била искрена.