1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сме “економски патриоти“?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Tanjamm, 23 јули 2014.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Темава е магарето му рекло на зајакот „имаш големи уши“. Некој што шопингува(л) во Солун ќе ти соли памет за твоето одење у Грчка и твојот економски не-патриотизам. Не го гледам мојот пазарлук, туку прво судам за твојот. Кое дежа ву. МислИм, сам себе го убијал, ко шо вика Абеја „ама одеднаш *тиит* не се стануе“. Како што иде и поминува лето oбавезно се наоѓаат по неколку сеир теми. :rofl:

    Наместо да изиграваме судии за содржината на нечиј туристички ваучер, треба да поработиме на сакање и прифаќање на самите себеси како еден народ. Во голем број случаи го глеам спротивното - етикетирање на другите и себеидеализирање и самокритичност левел 0. Не е туристичката дестинација проблем... никогаш не била. Ни за економскиот, ни за каков и да било патриотизам.
     
    На imelda, mimiiiii, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    11.219
    Па факт е дека самите себе не се цениме. А за Грците дека рекле дека само поединци имаат проблем со нашето име, не знам дали е баш така. Лани во Србија запознав Грк кој е српски зет и прво што кажа кога слушна дека сум Македонка беше “Па нас сите не сакаат, само Македонците не мразат“ и седна до мене. Потоа ми збореше како не е проблемот што само тие не не признаваат, туку никој не не признава, секој сосед не кочи на некој начин. Се фати за Бугарите да кажува какви биле, што ни правеле, шиптарите дека ги имаме 25% и така. Тој во Македонија не бил , ниту има намера да доаѓа и се смееше за тој феномен како тоа Македонците одат таму кај што не ги сакаат.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Леле, леле...не шири толку дезинформации на невидено.
    Далечна 2007ма, во екот на вриење хормони, душава ми знае колку се расправав со подеднакво идиотски настроени Грци по интернет. Денеска знаеме тук-таму да се подбуцнеме на шала еднаш годишно и муабетот го завршуваме во сосема десетта насока - пријателски и со смеење на сметка на поранешните расправии што оделе во ќорсокак.
    Има секакви малаки, ехааа, има и дебили, ама па и од кај нас ги има...еве најнов пример е Џони Браво што избоксирал фока на хрватска плажа. |(

    Пошто гледам си се фатила за Грција, а не за економскиот патриотизам, еве за тоа ќе збориме. Порано не сакав да чујам бре за Грција...их, кај јас во циганија земја, ама пошто нели, Марфи вели дека те (с)наоѓа тоа од кое бегаш, се погоди на двапати да престојувам таму и врска си нема народот со она што нам ни го пласираат од партискиве, наводно патриотски кабинети.
    Јасно ми е дека веројатно луѓето така се погодиле, но еве, постоеше во близина фамилија која не даваше соби на Македонци кои идеа на годишен одмор, но со таа фамилија ретко кој имаше и два реда муабет, едно Калимера беше многу.
    Првиот пат малку ми беше незгодно пошто идев со полна глава, па леле, како ќе ме прифатат, па како ќе реагираат на тоа од кај сум...врска си нема, две чисти не им пукаа дали ќе кажам Македонија, дали Скопје, дали ФИРОМ или Танзанија. Првиот газда беше старче во години, ми го погледна пасошот и се насмеа велејќи „И вие сте од Македонија, и јас сум од Македонија, наши луѓе сме“, друг кој и да прашаше, секогаш коментарите беа у стил аа, комшии..па како ви се допаѓа овде...не се замараат едноставно, и на нив им е скурчено од политиката. Еднаш другарка ми пред еден така построг чиче рече дека сме од Скопје, по што човекот веднаш ја исправи да си каже Македонија, и тој нагласувајќи дека политиката и нејзините пиунчиња се најдебилното нешто што гази по грчката почва и нарушува меѓусоседски односи, кои, за чудо, меѓу обичниве смртници се солидни.

    Економичност...абее...производи си купувам претежно наши, си го сакам и јас Охрид наш и сум одела и пак би одела и таму, што да не, ама ако сум штедела година дена и моите ме потпомогнале за солиден одмор, сигурно нема да ги потрошам тие 10ина дена кај газди што се угостителски непотковани, туку беспарицата ги натерала да издаваат соби, па ќе ме фрлат во собичка со мебел присоберен од рушевините на втора светска и слика од Тито и ќе ми стојат пред врата во купатило, броејќи на штоперица колку се бањам. Преспа и Дојран пак се уште поочајни од Охрид во овој поглед. Немаме минимална претстава да ја процениме релацијата комфорт-услуга-цена, туку се прават споредби со комшилукот колку наплаќа, па се лупаат цени од ракав.
    Епа, ако некој цела година се килавел за и во оваа чудесна Македонија, најмалку што заслужува е просечната (да не речам мизерна) заработка да ја истроши кај му душа сака, без да му се вперуваат прсти и вртат патриотски муабети.
    Македонија цела да е, секој да ја знае, оставете го за подобри времиња.
     
    На Victorian, tessie и imelda им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А бе, решивте се' друго во Македонија, па ви остана само економскиот патриотизам?
    Да не случајно се притресил германецот многу оти СВОИТЕ заработени пари ќе ги даде за уживање на Санторини, или Малдиви, или Шпанија, секоја година на различни места? Светот има толкава разновидност, толку многу да се види, хоризонти и видици да се прошират, да економскиот патриотизам е последното нешто на кое му текнува на еден нормален и патриотски неопседнат човек кога размислува каде ќе патува следно.
    Се смеев на рекламите за домашни производи, ама очигледно сум го потценила нивното влијание и способност за манипулација и замајување...ако, фактот што се занимавате со ова прашање покажува дека сите други проблеми ви се решени, па патриотизмот го прифаќате како последна ставка, чисто онака, за да се ''исполните'' од внатре. Мило ми е за вас :) Јас продолжувам со желбата за подобро образование, фер судство, заштитни закони, работни места, добра бизнис клима и никакви етнички исценирани превривања...патриотизмот ми е на последно место, посебно економскиот.

    И не заборавајте - само Mexx да купувате, нашите мајки ги шијат за дури 6000 плата :)
     
    На darcy и imelda им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Темава е економски патриотизам и нормално е да се зборува за тоа. Јас не се сметам за изманипулирана од некоја реклама, но веке ако сум, еве ти давам можност да ме изманипулираш и замајуваш и ти во решавањето за подобро образование, фер судство и останатото. Те молам посоветувај ме мене лично како да помогам во решавањето на овие проблеми на пр фер судство. Еве може од тука да започнеме. Ти ветувам дека ке превземам се ако ми дадеш било какво решение.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Okcenzi, тоа ми беше поентата нели - во нормално развиена држава, кон каква целиме да станеме, оваа тема не ни постои, посебно во делот за туризам и трошење на парите за годишен одмор.
    Јас не можам да го решам судството, за жал, ниту да го запрам премиерот од самоуништување, ама можам барем да не се расправам на една непотребна (и да, одвлекува од реалноста) тема и да не ги ставам неистомислениците на гилотиња. Сфаќаш? :)

    Силата и ентузијазмот ни се намерно погрешно насочени, меѓусебно се обвинуваме зошто некој излегол од државава за уживање и одмор, а не дискутираме конструктивно за измени и предлози кои би довеле до развој и зајакнување на туризмот. Си брцаме во џеб, земајќи си за право на другиот да му ги организираме финансиите и ограничиме движењето, наместо да кренеме глас против сите ''странски инвестиции'' кои за 6-8000 ден ги експлоатираат нашите фамилии. Не, ние пре би да ги ''решиме'' тие 6000 во нивно име, отколку да ги сфатиме и оставиме барем во една работа да имаат избор, нешто што во државава рапидно се намалува.

    Немаме пристоен и непристрасен медиум, живееме во илузии решавајќи непостоечки ''проблеми'', покажуваме со прст кон другиот секогаш, зошто таков пример ни дава водачот на народот. Седиме со наведнати глава за да не не' фати сабјата и со молење чекаме подобро утре, додека сите измени ни се носат преку ноќ, зад завесата на некој друг ''проблем''.

    Каде се видело бе покачување на патарините од денес за утре, во време кога ги прават автопатите?? Сте виделе ли дека на ''автопатот'' се вози во 1 лента, на сред летна сезона, а цената рипна за 30%? Земаат евра од странците, а им даваат фискални во денари - 1 евро за 40ден, разликата каде е, кој ќе ја земи, се прашал ли некој? Наместо да ги средат патиштата па да зголемат цени, ние НИВ ги кредитираме за после да можат НАМ да ни се фалат и замајуваат.

    Да прашам за цената на струјата, или добра ни е штом ќутиме? Знаете ли за случаеви со последниве сметки каде им стигнале износи од по 2-4000 ЕВРА за потрошена струја во 1 месец, или нормално дека не, пошто нема кој да се нафати да го отвори тоа прашање? (барем не додека не соберат некој фонд од првите будали) ЕВН им вели: Грешка во броилото, струјата наместо во домаќинството, ви отишла во земја. Има тука некој кој се разбира во струјни кола (и јас не знаев, ми објасна експерт) дека муабетот на ЕВН е побивање на теоријата на Никола Тесла? Знаете ли дека фаличното броило, кое ЕВН им го наметна и МОРАЛЕ да го прифатат, иначе казна затвор за крадење струја, ќе им го сменат ОТКАКО ќе си платат за ново, иначе ќе им го остават старото да им троши ко лудо? Даваш барање за комисија, која треба да излези на терен за да утврди каде бил проблемот, ама ти во меѓувреме ќе мораш да си ја платиш сметката зошто иначе ќе те исклучат. Ќе живее некој без струја во денешно време? Земаат кредит за да ја кредитираат ЕВН, која после ќе им одбивала од сметките....а кредитот, а каматите сите години, а стресот? Каде е државата да регулира, или е презафатена со "отпишување долгови" за струја? Чудна коинциденција, нели?

    Ехх, се изнапишав за се', само за економскиот ''патриотизам'' не, ама мислам дека ме сфаќате сега зошто...
     
    На Dentina, Edie.S, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    11.219
    Темата за судството е виша математика за нас и додека да се среди државата ќе се распадне. Ние да дискутираме за она што е во наша моќ. Еве okcenzi кажа дека орбит ги увезува некој љоч и мило ми е што знам таква информација. Рекламите за домашни производи не се манипулација. Се сеќаваш на ова девојче што си носеше капа пред камин со македонско сонце и вика на куклатата “Ако сите ние купуваме домашни производи, мама и тато ќе имаат пари да не однесат на летување, а во зима на зимување каде ќе правиме голем снешко“. Сепак е поучна. Да се свртиме кон домашните производи. Сметам дека имаме многу квалитетни производи и тоа на “Екстра меин“, “Здравје радово“, “Бучен козјак“, “Витамника“, зачини, грицки и суво грозје од “Макс“ Струмица и други.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не Тања, нема да имаат мама и тато повеќе пари, чичко Газда ќе има, а тој неговите ќе ги троши на Малдиви, зошто му се може и има избор! Мама и тато ќе работат и прекувремени, ќе пакуваат деноноќно за поголем и навремен извоз, за на крај пак да се кријат во ВЦ над шоља за да спасат газ од инспекциите.
    Сепак, добра реклама, поучна....
     
    На Dentina, Edie.S, andromedae и 3 други им се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    А кај многу од нив платата ќе легне на сметка во Стопанска банка па и провизиите ќе одат во Грција :D
    Премногу сме мала држава и имаме мало производство, и низок стандард, за да бидеме јаки патриоти при купувањето. Да, купувам битолско млеко и јогурт, и македонско сирење и смоки, ама кога бирам меѓу Милка и Европа ќе купам Милка. Да не збориме дека Др.Еткер пудинзите не се споредуваат со Витаминка, пршутата на Крас баш нема пандан кај нас, Баланс овошниот јогурт не е убав како тој на Ерман... КАМ маркет растура со продажба ради ниските цени, многу од производите таму се германски, ама луѓето гледаат да купат што повеќе за својот мал буџет. Реалноста е таа.
    А на реклами сме многу јаки...
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Инаку он топик, да, со оглед на производството, се сметам за економски патриот и гордо си признавам дека за многу работи и ден-денес тука наоѓам највисок квалитет со мали исклучоци. Од прехранбени продукти до фротирки и пижами. :) Квалитетот е најдобра реклама и најголема гордост за државјаните на земјата од којашто потекнува. Млеко и дестинација за одмор малку ми е чудно во исти кош да се ставаат.
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас можам ете на тој начин директно да помогнам на оваа земја, значи да купувам наши производи. Знам дека битолска млекара ги плаќа добро работниците, знам дека и здравје радово исто и за тоа само нив ги купувам.
    Моето мислење и инфромација ги истакнав во предходен пост.


    Токму тоа и ми беше поентата.

    Moira добро е што не си го криеш незадоволството и добро е да зборуваме за сето тоа, но реално гледано што можеме ние да сториме за тоа да се смени? Јас и предходно те прашав истото. Ако знае некој било каков начин да издејствуам за таква промена јас ке го сторам тоа, иако како поединец нема колку да придонесам, но ке се обидам.
    Ако неможам за се да помогнам во земјава, бар ке им помогнам на македонските производители ( тие што ги набројав) затоа што знам дека и тие се фер со македонските работници. А тоа значи јас помагам на некоја тетка стрина, братучедка, за нивите семејства да имаат барем просечен живот.



    И сакам да прашам нешто Дали знаете македонија колку изуми имала до сега а дека нема патенти? Зошто не се побуниме за тоа? Зошто некој изум да се продаде надвор за смешна-мизерна цена и да биде претставен како германски или француски а не како македонски?
    Еве јас пробав тука да дејствувам уште пред 3 год, но како што кажав, како поединец неможев ништо. Ајде да почнеме од тука.
    Ако сакате ке ви дадам потатоци за наши изуми и да позборуваме и за тоа.
     
    На Tanjamm и daylight им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    11.219
    Има многу иноватори Македонија кои се поделени во две друштва, Државен завод за индустриска сопственост и Берин. Има и млади, ученици, студенти кои патентираат се и сешто, ама тие нивни иновации си остануваат на хартија. Не знам зошто е така. Никој од странските компании најверојатно не се интересира за нив.
     
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас знам како наши 4 иновации заминаа во Германски раце за бедна цена,а кај нас можеше да има добра промена. ЗНам за 3 други кои заминаа за Франција за иста таква глупа цена и 1 за Русија.
    Кај нас е проблем и што неможеш да го дадеш надвор и да е добро платено, затоа што нема кој да те заштити. Да да ова јас лично го имам видено. Нашиот институт не беше многу заангажиран, но и да беше се разбира дека на друго место ке заглавеше. Дда не одиме многу надвор од тема, здравје ке приберам повеке информации и ке отвориме таква тема, па да видиме дали сме мокни нешто да промениме.
     
    На Lavander му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    11.219
    Само што јадев чипсови и поттикната од темава си викам дај да видам производител. Чипси кинг се прават во индустриска зона во Здруње. Твој крај е ова, производителот да не е некој „љоч„ ?
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Здуње да село во гв е, со само 4 македонски семејства а останатото лоч. Инаку фабрика има наша на почетокот и нивна некаде скоро на средина. Ке се информирам што побрзо и ке ти одговорам.

    Проверено не е наша, но има доста наши вработено.
    Нашата ја затвориле ( бог знае зошто)
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Патриотизмот е убава идеја која е нереална, но многу корисна. Економскиот патриотизам, е нешто на кое најмногу треба да се посвети внимание од сите други видови патриотски чувства, но... и тоа има граница чие поминување се изедначува со глупавост.

    Економскиот патриотизам е перпетуум мобиле за економијата на една земја. :) Не бара гориво и може да работи засекогаш ако се применува на дневна база. Сите нешто се мрштат, се бунат и филозофираат, ама сите пијат виски кога сакаат да се кул, никој не пие Лозова или Мастика струмичка. Никој во маркет не гледа дали се тетовски јуфките, граба тоа што му одговара, ама приказната е премногу опширна за да се нападне обичниот купувач во маркет, односно обичниот човек кој се лаже себеси дека е патриот бидејќи ја мрази Грција.

    Некој ги спомна Германците и Малдивите. За Германците, врвот на coolness-от, е да пијат Јегер, да возат БМВ и да јадат кобасици со домашно пиво. Нивниот економски патриотизам е на највисоко можно ниво. Но, поважно дури, компаниите кои ги нудат производите исто така се на највисоко патриотско ниво, па производите кои ги прават за своите граѓани, ги прават беспрекорно за патриотите да можат да го оправдаат својот патриотизам. За споредба, кога во маркет некој ќе рече, не купувам од овој српскиов еурокрем на Таково, ќе купам од ова бучкурушов, иако е поскап малце и ќе отиде дома и ќе проба каква бљувотина купил, си вика, батали патриотизам, дај да не се отрујам.

    Исто е со секоја сфера од живеењето, ништо наше, Македонско, не е кул и не вреди да го купиш, зашто за поголеми пари не добиваш ништо подобро. Соко штарк смоките и Стоби флипс имаат иста цена. Пред некое време имав можност во соседството да видам ракија Тиквеш, со релативно пониска цена во маркет кај нив, отколку кај нас. Да не збориме за производи од други области. Индустрија воопшто немаме, а ако имаме, тогаш производите кои се носат од други земји се поевтини од нашите, а оние кинеските, пак, донесени од другата страна на светот, да не збориме колку се поевтини.

    Минатата зима влегов во Тетекс и бев фрапиран од цените. Ми објасни навредената продавачка дека тоа се модели наменети за Германија и Англија и дека се од највисок квалитет. Супер тоа, ограбете ги енглезите и швабите, ама зошто мене ми го продавате тоа по таква цена? Каде е економскиот патриотизам од нивна страна? После одат Македонците на шопинг во Солун? Па нормално дека одат, да можат со комбиња и камиони би оделе, зашто еден тросед на просечна македонска фабрика за мебел чини 500 евра, а во Икеа чини 200 евра, со сите тие царини на Швеѓаните да продаваат во Егејска Македонија. Економски патриотизам... ограби го Македонецот.

    Одмор спомињате и кај ни е економскиот патриотизам? Мислам дека стварно на сите им е јасно дека само луѓе кои немаат пасош би оделе во Охрид или кое било друго македонско место на летување, зашто цените се како да спиеш во Швајцарија на Алпи. Нормално дека ќе одиме секаде каде е поевтино и поквалитетно, додека оние кои нудат сместување не станат малку економски патриоти и да ги спуштат цените, зашто Македонците сепак земаат некои просечни 200 евра плата.

    Уште ова, вие што шиптарите ги нарекувате нивни, а македонците ги викате наши, не сте патриоти, туку сте националисти и заради вас, албанци и македонци националисти, оваа земја е заглавена во сиромаштија и лоповлук, зашто побитно ви е да се лупате во гради и да се делите на наши и ваши, отколку да размислите и да преземете чекори за да излеземе од калта. Секогаш другите се криви за сè, никогаш не сме ние самите.
     
    На green.eyes, tessie, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Captain-Omni со целиот твој пост се согласувам освен со :

    Уште ова, вие што шиптарите ги нарекувате нивни, а македонците ги викате наши, не сте патриоти, туку сте националисти и заради вас, албанци и македонци националисти, оваа земја е заглавена во сиромаштија и лоповлук, зашто побитно ви е да се лупате во гради и да се делите на наши и ваши, отколку да размислите и да преземете чекори за да излеземе од калта. Секогаш другите се криви за сè, никогаш не сме ние самите.

    ЈАС ги делам и ке ги делам за век и векови. Се знае кој може да биде мој ( наш) а кој секогаш ке биде оној другиот. Неможам да наречам некој кој не ја смета мојата земја за матична иако е редон тука, иако тука работи државно, иако тука се школувал, иако тука е цел живот итн. НИкогаш некој таков нема да го наречам наш. Никогаш!
    Пред 10 мин ја читав темата за масакрот во вејце и после го прочитав твојот пост. Чуството ми беше “топ“.
    Еве конкретно во мојов град има производство од нивна страна, но немаат пријавено фирма, не плакаат данок, немаат фискални, имаат една цена за нивни, друга за наши итн. А сигурна сум дека во Кочани или Виница или Пробиштип се е законски.
    Навистина несакав да ја започнам темава и тука ке застанам, зошто несакам да си ја уништам вечерта со нервози. Само ке ти кажам, дека можам 10000 примероци да ти набројам зошто тие ке бидат -нивни, а моите- наши. И пак ке кажам, никогаш нема да купам албански коњак или орбит, затоа што така директно ја финансирам Разбуди се, која ми копа гроб додека сум сеуште жива. Да истата Разбуди се која ги здроби македонците на кале, која ја води терорист кој убиваше македонци во 2001 и која е против црквата и македонската нација и јазик. КРАЈ.
     
    На Tanjamm, Abeja и Daydream им се допаѓа ова.
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^Комплетно ти го разбирам бесот, но муабетот ти е заглавен некаде меѓу дневнополитичка програма и патриотско-национално лупање на маса со тупаница уз три чашки ракија. :worried: Тоа, е далеку од економија, патриотизам и темава.

    Економски патриотизам не трпи наши и ваши, трпи национална валута и плаќање данок. Луѓето кои сакаат да мразат слободно нека мразат, секој треба да го прави она кое му ја исполнува душата, ама кога се работи за економијата, нема простор за мразење. Ако тој етнички Албанец кој живее во Гостивар ти даде фискална, тој е исто толку економски патриот колку ти што ќе купиш кај него, зашто двајцата придонесувате за подобрување на економијата од која треба да се изгради автопатот за да стигнеш од Кочани до Кичево.

    И сега ти ќе ми кажеш дека не издаваат фискални. Знам и вистина е и тоа е проблем пак на дневнополитичката програма и неможноста власта да се справи со криминалот, ама никако на темава не смееш секој што се вика Љутви да го поистоветиш со оној шиптарот од Кале кој тепа или терористите кои убија невини деца. Јас имам пријатели Албанци, работат на нива, работат во канцеларии и работат сè она кое „твоите“ Македонци го работат. Плаќаат ист данок како и јас и не можеш криминалците во земјата да ги наречеш нивни. Не се нивни, туку се криминалци, исто како што познавам еден цел куп „наши“ кои ги прават истите финти зашто работат во предели кај што полиција не допира. Тие не се наши, тие се криминалци.

    Затоа, кога се работи за оваа тема, Вејце и Радишани треба да ги исклучиш, зашто еден глуп шиптар не ги претставува сите Албанци во земјава, исто како што Амди лоповот цигански не ги претставува сите Роми и брат Љубе каурот не ги претставува сите Македонци, особено не мене. АМА, додека овие работи народот не успее да ги разграничи, дека секој човек не е само brick in the wall, ништо и нема да се смени.
     
    На nena2010 и tessie им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.075
    Допаѓања:
    11.219
    Од наивни Македонци што веруваат во соживот сме дојдени до тука. Се додека не плаќа данок и живее во МКД, јаде македонски леб од наши пари, од наш данок, а ме малтретира со веење на шиптарски знамиња и терористички песни на празници не е наш и нема да биде. Okcenzi мило ми е што не купивам орбит. Сведоци бевме што се случи со полицаецот од Гостивар што ги уби двајцата шиптари, избега од градот, се отсели. А тие убиваат луѓе и уште силни на улица, невини биле. До кога ќе прават криминал и ќе малтретираат нормален народ со протести под изговор дека се невини. Што не ме уапси мене некој за убиство?
     
    На sajonaramucaca и okcenzi им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Аман имаш некоја друга работа овен толку да се замараш со Албанциве?? иди кај Премиерот па кажи му го ова. Ти си полна омраза, па како живееш не ми е јасно. Дека има неправди има, не велам не ама до толку па да се опседнувам со нешто што е вон моја контрола па ни тоа не бива. Дај малку скулирај се. И те молам немој пак да ми дробиш вакви биле онакви биле сум живеела 15 години во албанска населба знам какви се и што се. Секој пост ти е со толкава омраза према одредена нација тоа чудо нешто.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.