Дали сме економски патриоти ? Јас лично не сум . Сакам да ја истражувам Македонија , и многу се радувам кога ќе одам некаде низ Македонија ( без разлика дали некогаш сум го посетила тоа место или ми е прв пат ) , но реално би одела и надвор од земјата . Сакам да видам како живеат другите луѓе во светот , какво културно наследство имаат , какви традиционални вредности имаат и слично .
Иако не живеам во МК, секогаш гледам кога ќе дојдам максимално да поддржам домашни локални брендови, да посетам нови места, дури и голем дел од ентериерот за домот ми е набавен во МК, пример завеси, постелнини, пешкири итн. Секоја посета правам медицински испитувања ( како класична дијаспора ) и секогаш си ги плаќам испитувањата на приватно. Па на секое испитување до сега прво прашање ми е зошо немаш упат, и после совет абе дај оди земи си упат на име на мајка/сестра/другарка, да не бараш за џабе. Или најнов совет, да се пријавам во биро за невработени за да ми се бесплатни испитувањата Ова ми се ноторни глупости, и не ми е јасно како може вакви предлози да доаѓаат од вработени во јавни установи. Али тоа е што е
За тоа што ми е интересно од понудата, сум 'економски патриот', тоа што не ми е, не сум. Не може друг да ми кажува каде да ги трошам своите пари.
Бев и гледав да купувам македонски производи од маркет. Ама сега не сум… нашите брашна, масла, кашкавали, путери, јогурти итн се најскапи. Кога некој сака да ме користи, нема моја поддршка. Исто гледав и облека - пижами, бањарки, крпи и се што се произведува тука да купам што се може. Одамна не сум купила не ми требале… ама ако и нив ги летнале со цените, ќе купувам турско. Тоа е, не може јас да јакнам економија со празен стомак, така?
Jaс на пример сум се фаќала за најскапиот зејтин, нашиот, иако имало увозни, поевтини, оти едноставно 10, 15 денари, не ми менуваат многу. Но, разбирам дека луѓето гледаат да поминат поевтино.
Eпа тоа е поентата, не треба да купам 15 денари поскап зејтин за да биде македонско. Треба македонското да е поефтино затоа што е тукашно, нема увози и сл. Е сега тоа што нашите производи тука се изгор, а во Косово истите се багатела... ете нема да сум економски патриот. Работниците кои ги произведиле тие производи платени мизерно, на купувачите им се нуди огромна цена, значи пак народот не е во ќар... и за некој деген да се богати економски патриот да се правам? не не
Јас српски производи, грицки, смоки, чипсови во Србија ги купив со 3 денари поскапо од овде. Со извозот се договараат некои поволности, веројатно.
А бе конзумирам тоа што е квалитетно и ми се допаѓа, не ми е гајле од каде е. Јас знам луѓе кои не пијат Цедевита и ја заменуваат со македонски бренд, кој има вкус буквално како неколку капки портокал исцедени во вода, тоа ли да го купувам од патриотски мотиви?
Никој не мисли така. Таман работа. Туку да купува човек тоа што му се допаѓа. И јас не купувам ако нешто не чини. И таман работа, нема Македонија да ја шетам до крајот на животот, но сакам да видам што се има и нема во Македонија, и ниту ми е тешко, ниту жалам пари, затоа што реално да шеташ во Македонија не требаат многу пари. Мене 10 денари за зејтин плус, нема да ме осиромашат. Земав домашен зејтин, и пред кризава, одмна кога увозниот беше до 60 денари, а нашиот 70 денари на пример.
Јас никогаш не користам сончогледово масло, така што, масло од грчко и италијанско производство биле моите опции на располагање. Секој знае што ќе прави со своите пари, и никој кога влегува во продавница не одминува намерно македонски продукти затоа што се македонски, не знам како ова воопшто станало предмет на дискусија. Јас лично ќе го одминам ако не ми се јаде и ако сум пробала повкусен. Некогаш нема ни избор. Еве кечап на рафтовите во македонските маркети се сретнува претежно македонски и српски, а српските ми биле блуткави и што останува ако не македонски. Плус и прашање на навика е, ама пред се вкус. Кашкавали и сирења јадам од ЕУ фирми, тие ми се највкусни. Пораснав со македонски, па ги сменив. До душа македонските сирења ми се поокеј од кашкавалите. Единствено кисело млеко и јогурт имам купувано исклучиво мк, а благо млеко не пијам. Леб, јајца, зеленчук, дел овошје се по дифолт македонско производство, нема сакаш-нејќеш кога живееш таму. Сувомеснато не јадам, болест. Многу ретко конзумирам сувомеснати производи и тоа ЕУ или српски. Српските производи гледам многу се популарни, а јас не ги јадам нешто, освен благи работи понекогаш.
Ова со етикетирањево ''економски патриоти'' кхм... Никогаш не сум се вклопувала во некој калап, па неприродно ми е декларирањето под ваква етикета исклучиво како економски консумент на мк.производи. Купувам и шетам по потреба и мерка раководена од моментално расположливите финансии и пред се според квалитетот на понудените услуги или производи.
Српските и бугарските кечапи се лоши, најдобар ми е тој на Витаминка, иако е поскап од нив. Вреди за парите. Еве и какаото српско или бугарско е лошо, а на Витаминка е убаво и вреди за парите. Јас ги јадам српските грицки, чипсови. Има и наши тестенини, се прават во источна Македонија, и од тие земам. Сирења македонски, сувомеснато македонско и некогаш нешто словенечко.
Да, кога имам избор преферирам да купувам наши домашни македонски производи, кои често пати се поквалитетни од увозните, а со тоа се помага и опстанокот на нашите фирми и крајно сметам дека е добро да си помагаме едни на други.
Секогаш гледав да купувам домашни производи, ама сега во оваа криза и не гледам баш. Масло за јадење си купувам Српско од 119, нашето од Витаминка е 150. Смоки 40+ денари се Стоби Флипс, е па си земам на Штарк за 33. Лименка пиво од нашите пивари 50-60 денари, е па нека, си купувам за 29 денари Германски или Чешки пива Сенф, кечап, супи, тестенини и слично исто земам поефтини кои се странско производство, и не ми е гајле ич, штом знаат нашиве да се богатат на наш грб и да билдаат цени од ден за ден, ајт таму. Ах да, од наше производство купувам само јајца, зеленчук, овошје од пазар, и леб од маркет и тоа е тоа.
Не, никогаш. Ама на пример Крушевски домашни јуфки, ни Италија може да ми ги замени со тестенини. Си имам некои така омилени производи
Ако мерило за патриотизам е дали купуваш брендирани производи со домашно потекло пиши пропало. Повеќе економскиот патриотизам ми соодветствува за користољубци, ака државни профитери, протекторати и лажговци со тежок капитален новчаник отколку за обични граџани. Од витаминка речиси редовно купувам производи, особено доматно пире, ете, ако тоа нешто значи.
Не сум некој патриот. Пред да дојдам овде, гледав да купам поевтино. Голем дел од нашите производи се поскапи од балканските. Работев во маркет и знам како одеше нарачката. Тоа што е од страна евтино се нуди. Зејтин купував најевтин. Брилијант е скап. Игра улога цената. Скоро секој гледа да помине поевтино. Средства за чистење купував од најевтините.
Да. Кога можам, каде можам се обидувам да купувам и се служам локално. Купувам од големи маркети ама купувам и од помали продавнички, овошје и зеленчук задолжително купувам на пазар и гледам да не биде од прекупци. Толку можам, толку правам. Се обидувам колку што можам, ама во некои случаи ако има огромна разлика во цена, нема да изберам локално. Ако е ист производ, тогаш веќе не е патриотизам туку неекономичност за себе. Речиси и да не порачувам од страни кои се наменети за масовно производство и гледам што нудат македонските и помалите бизниси како замена. Ако има подобар квалитет, секако дека ќе изберам македонски бизнис.