Дали спротивностите се привлекуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Што мислите дали спротивностите се привлекуваат?
    Дали мислите дека луѓето несвесно се стремат да најдат некој кој нема да има сличен карактер, размислувања, или пак тежнееме да најдеме некој како нас самите?
     
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Па зависи, познавам еден пар што на пример имаат спротивен вкус на музика па заедно функционираат долго време.
    Мислам дека поубаво кога двајцата се различни за да никогаш не им биде досадно, но од друга страна пак кога имаат заеднички интереси можат да дискутираат без проблем.
    Интересно е кога ќе согледаат дека во нешто се различни, па така ќе си ги разменат искуствата и ќе научат нешто еден од друг.
    Нема да барам некој како мене, и не можам да најдам, можам да најдам приближен со мојот карактер , ама не тежнеам, најбитно да ме почитува и сака таква каква што сум и да биде искрен не битно дали сме со исти или различен карактер, ако можеме да најдеме заеднички јазик ќе го најдеме било да сме си исти размислувања или со различни.
     
    На Justinna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Според поговорката "Sprotivnosti se privlace,a slicnosti se vole" и јас мислам дека спротивности се привлекуваат ама останува само на привлечност,а не на нешто повеќе.Знам мн. примери каде што партнерите се со тотално различни интереси и различни вкусови и никогаш не опстанале заедно долго,меѓутоа секогаш постои исклучок и секоја чест на исклучоците.. :)
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Мислам дека ако 2ца се слични многу полесно и побрзо ќе најдат заеднички јазик и ќе ги надминат несогласувањата за разлика од некои кои се целосно различни со целосно спротивни ставови и погледи. Но тоа не значи дека е невозможно да се сложат. Ако постои разбирање и почит од двете страни ќе ги надминат разликите.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Конкретно, јас и дечко ми сме ептен различни. Единствено имаме ист вкус за музика, ама сме различни во размислувањата. Карактерно се разликуваме, дури и сме приврзаници на различна политичка партија :lol: :lol: Ама одлично се согласуваме, иако некогаш се негодуваме. Ги имаме надминато тие разлики, некогаш полемизираме па мора едниот да попушти, а најчесто тоа сум јас :D
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Е баш мислам дека важи онаа старата-паднало грнче си нашло поклопче-Зошто? Мислам дека спротивностите се сепак попресудни, до сега во мојава околина не познавам ниту еден пар кој личи на близнаци, со потполно исти вкусови мислења и слично. Најчесто се луѓето во врска со некој кој ги надополнува нивните вештини и емоции. мaјкa ми често знае да каже дека на послабиот Бог му доделува појак за да го потурнува во животот, е па и тоа е спротивност. Моето искуство досега секогаш било кон таа точка-ептен спротивни карактери, вее сум во сериозна врска ама ќесто пати знам да се прашам што барам јас со овој, речиси се мислиме различно. Е сега позитивно или негативное тоа, за кој како. Ако добро знаеш да се поставиш може да донесе само позитивни работи во врската. Ако ептен не се трпи се знае крајот.
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.713
    Можеби и има некоја вистина во ова.
    Нормално дека во ваквите случаи приспособувањето е потешко, но ако успее да се воспостави рамнотежа тогаш врската е нераскинлива и поцврста.
    Кај оние парови кои имаат слични интереси и карактери не е потребно вложување на посебен напор за одржување на врската, па можеби заради тоа е и полесно раскинлива.
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.575
    Допаѓања:
    16.116
    Пол:
    Женски
    Како физички закон, потврдено. Само кај луѓето е сосема поразлично. Јас лично подобро фунционирам со личности со кои имам слични мислења, интереси и сфаќања. Секако не до таа мера тој да се согласува со се што јас ќе кажам или обратно, тоа би му дошло како дружење со самата себе. Ама пак кога ќе размислам најчесто грешен е спојот на 2 исти карактера. Замислете како би се истрпиле двајца тврдоглави или двајца инаетливи луѓе. Секој ќе тера по свое и нема да попушта. Затоа тврдоглав човек најдобро се согласува со некој попустлив и толерантен. Или пак двајца депресивци или меланхолици, ќе се фатат за рака и ќе скокаат од 10 спрат. Да не зборувам пак за спој за двајца колерици, воен судир не им бега. Така да, се е релативно, и за двата случаја има многу примери кои се вистинити и токму затоа што и да се каже ќе биде право.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.376
    Допаѓања:
    37.026
    Се согласувам со погорните коментари дека само се привлекуваат, но не функционираат.На пример, ти ако не си авантуристички тип и повеќе си сакаш одмарање и лежерност, а имаш спротивен дечко кој сака да си шета, да патува, нормално дека ќе се појави незадоволство и од двете страни. Ова само најпрост и најбанален пример.
     
  10. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Епа зависно од луѓето. Јас со мојот дечко апсолутно се сакаме исто. Една работа нема што се разликуваме. Па прекрасно функционираме. Но кога се караме е интересно :rofl: И јас инает и тој. И јас го кажувам истото и тој а сеуште се караме :rofl:Сне имале повеќе сериозни проблеми а сепак завршиле без да се приметат. Баш позабавно е кога се е слично. :D
     
    На lorijana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunymoon

    sunymoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Мое мислење по однос на ова прашање е дека не можат спротивностите да се привлекуваат. Зошто? Ако двајцата имаат различни мислења, различни сваќања, различни погледи на светот, како би функционирале, секој би си терал по свое. Од лично искуство го пишувам ова. Поздрав
     
  12. prettyButerfly

    prettyButerfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Mislam deka sprotivnostit se privlekuvaat..bidejki cesto go barame ona sto go nemame(na povleceni devojki im se dopagaat cesto fraeri momcina glavni vo drustvoto..)..No od druga strana pa tesko e da funkcioniras so nekoj mn razlicen od sebe..so razlicni pogledi,mislena naviki razlicen nacin na zivot..vo takva vrska e potreben postojan kompromis i tesko bi opstoila..no sepak kako i slicnostite taka i sprotivnostite se privlekuvaat (spored mene) ..toa e individualno :) :)
     
    На butterfly.mimi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    1.173
    Хм...не сум баш сигурна.Мислам дека најдобро функционира односот помеѓу различни,но компатибилни карактери,во смисла да се воспостави рамнотежа и едниот дава тоа што другиот нема и обратно.Ако се тотална спротивност еден на друг,мислам дека таквиот однос го прати многу тензија,конфликти и фрустрации и не би можел да опстане подолго време.


    Спротивностите се привлекуваат,но колку долго време?Вака,од прва сигурно е интересно да си со некој сосема различен од тебе,со кој ќе можеш да ги согледаш работите од друга перспектива,да стекнеш нови искуства,едноставно нови хоризонти ќе ти се отворат.Но,другата старана на медалот е што треба да си спремен на многу компромис,прилагодување,отстапка од она што навистина си и со тек на време полека ќе почне да се развива чувство на себежртвување,на губење на идентитетот,конфузија и желба за слобода.

    За еден подлабок,потраен однос по мое мислење и покрај разликите потребно е да се имаат еве ако не исти,барем слични или блиски цели,амбиции,стремежи и очекувања од животот.
     
    На baki-dk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Јас и другарка ми порано бевме спротивни до тука и назад и не се поднесувавме многу - но со тек на време се избалансиравме и двете - се претопивме во едно. Се разбира врз тој баланс голема улога играа годините. Не верувам дека ќе продолжевме да се дружиме ако мислењата ни се спротивставуваа.

    Имав дечко кој беше спротивен на мене... и се разбира дека врската не опстана. Глупаво ми е времето да ми поминува во убедување - вака е, така е...
     
  15. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    Мислам дека не можат да функционираат двајца кои имаат многу спротивности но не можат ни двајца кои имаат многу сличности. Зошто? Ако се многу спротивни ќе имаат секако многу различни погледи и сфаќања во животот, нема да се согласуваат никако колку и да сакаат и да пробуваат, но ако се пак многу слични не можат да функционираат затоа што ако на пример и едниот и другиот се големи инаети ни тој ке попушта и ќе води инат, ни другиот ќе попушти зошто и на него инатот нема да му даде. Мислам дека како и се во животот и тоа се сведува на некој количина. Се треба да биде се мерка. Нормално дека треба да има и некоја разлика во сфаќањата со партнерот и дека треба да има и сличности но се во размер.
     
  16. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    486
    На почетокот на врската бевме тој црно, јас бело-немавме ни една заедничка допирна точка... сосема различни, но со тек на време работите се променија и еве скоро 4 години сме заедно... се прилагодивме еден на друг, сменивме и јас и тој некои ставови и иако сме различни мислам дека си ги потполнуваме празнините заедно. :)
     
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    8.561
    Мислам дека во зависност од периодот во кој се наоѓаме го бираме партнерот. На пример во еден дел од животот интересно ни е да запознаеме различни карактеристики и сфаќања од нашите па бараме таков партнер.И тогаш да, спротиставностите се привлекуваат. Во друг период пак, бараме смиреност и потврда дека нашите навики,мисли,погледни кон светот се оние вистинските па сме во потрага на сродна душа. :)
     
  18. BlackCat

    BlackCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    197
    Не....баш кога ке најдеш некој сличен на тебе од одма почнувате разговор и можете долго да зборите и од одма ти станува мил....+ спротивни луге многу се караат дури и за најмали работи...едниот едно другиот друго .....А и ако пример девојката е авантуристка и со смисла за хумор сака да се зеза , да искача, да пробува нови и луди работи а машкото му е страв да пробува нови работи, не свака шали, и сака да седи само дома на нет што ке прават заедно?
     
  19. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    101
    Исти вкусови и размислувања ралични карактери. Доколку немаш ист или барем сличен вкус со некого немаш голем избор на теми за разговор. Исто е и со рамислувањата неможеш да имаш контакт со некого кој има тотално различни гледишта за разлика од тебе. Што се одесува на карактерот поинтересно е ако се спротивни. Се разбива монотонијата, позабавно е и поинтересно, можеш да откриеш карактерни особини кои ги поседуваш, а не си бил свесен за тоа...
     
  20. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    332
    се согласувам со сите оние кои велат дека спротивностите се привлекуваат.па навистина е така,многу докази постојат за тоа.а што се однесува кај мене мислем дека досега најмногу сум комуницирала со спротивностите :|