1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали спротивностите се привлекуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Не баш...Во мој случај спротивностите се привлекуваат ама на почеток...Понатаму кога станува озбилно мислам дека не опстануваат....Како може некој со различни мислења, ставови и гледни точки да ме привлече? Па има да биде вадење очи за докажување кој е во право! Не сум дека се привлекуваат...мислам дека сличните поише опстојуваат ;)
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Кратко и јасно НЕ. Можеби изгледа така само на почетокот али понатака не, и како ќе живееш со некој човек што има различни ставови и мислења за СЕ од тебе. Јас не би можела сепак. И јас сум се обидела, ама џабе, не вреди.
     
  3. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Токму така, спротивностите се привлекуваат, но со тек на времето се продлабочуваат!

    И тоа е тоа што му се случува на еден пар излуден од љубов, од година на година да почнува се помалку да го разбира другиот.

    Никој со никого не си одговара целсно, тоа е невозможно, меѓутоа да си сличен во повеќето клучни работи, ставови, перцепции, мислења, дејствувања со партнерот, мислам дека тоа би можело да се каже дека е еден вид на формула за успех (не секогаш делотворна).

    Сум имала дечковци кои биле апсолутно спротивни од мене... И да сме се сакале лудо и незаборавно! Се тоа што јас сум го немала тој го имал и обратно! Но, после година две, мене веќе не ми било интересно да ја гледам неговата пасивност, иако пред тоа сум ја дефинирала како негова симпатична карактеристика (баш заради тоа што јас сум хиперактивна), неговата неамбициозност, неговата незаинтересираност и флегматичност!

    Сега се чудам, како сме успеале и толку години? Па, сега од оваа гледна точка, не би успеала ни една недела со некој како него (јас не го кажувам ова во негативна конотација, не ги осудувам тие луѓе, само ги сметам за различни до мене и не ги посакувам за мои партнери).

    Затоа, моето момче ми е погодено, бар за клучните работи!

    Во се не се согласуваме и тоа е добро, затоа што секогаш имаме непресушен извор на теми за разговор на кои секојденвно дебатираме и се убедуваме :devil:
     
    На MarchelineAmaru, Phyramide, alisa222 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Најчесто за сродна душа го сметаме оној кој има слични размислувања и ставови. Оној со кого добро се согласуваме. Но во најголем број случаи не привлекува и интересира оној кој има сосема различни мислења. Не интересираат нековите идеи, замисли, ставови. Тие нам ни се непознати, мистериозни. а мистериозноста не копка да истражиме. Да се зближиме со таа личноност.

    Но со тек на време доколку се привлечат спротивностите нема повеќе да бидат спротивни. Едноставно едниот прифаќа од друѓиот и некако се вклопуваат и создаваат еден нов начин на размислување.
     
  5. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Зависи до личностите,но од моето искуство барем до сега би рекла дека спротивностите помалку се привлекуваат односно ако се мисли на караткер,мислења,ставови дефинитивно спротивностите идат во лоша насока.Додека сличностите(ист карактер,мислење,хороскопски знак...) повеќе можат да опстанат во взаемен однос,бидејќи многу подобро можат да се разбираат и почитуваат од оние спротивните.
     
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Се согласувам од А до Ш ;)
     
    На Bokicka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. milk.honney

    milk.honney Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    23
    Дефинитивно ДА! Јас и дечко ми се тотално различни. Јас сум импулсивна, премногу енергична, нервозна, додека тој е многу посмирен, сталожен, толерантен. Баш поради тоа имаме некој баланс. Што би било кога и двајцата би биле така енергични?? Не дека не се караме..напротив. Ама тој е тука секогаш да ја смири ситуацијата и да додаде малце вода на оганот :)
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    На самиот почеток да, но по кратко време НИКАКО не се издржуваат еден со друг. Ретки се таквите кои успеваат.
     
  9. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Па вака да кажам и јас мое мислење :)
    Мене не ме привлекуваат спотивностите кога се работи за љубов ,врска или слично.....
    Но кога се работи, за пријателство имам многу другарки другари кои што е далеку поразлични од мене :geek:
    Сакам различни мислења , дискусии итд! :rock:
     
  10. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Мислам дека спротивностите не само што не се привлекуваат,туку и дека се одвлекуваат :lol:
     
  11. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Јас мислам дека кога партнерите се со сличен карактер, нивната врска опстанува! Не може некој да биде со личност со која не дели заеднички интереси!
    Јас и мојот дечко, сме заедно баш поради тоа што сме исти карактери, имаме исти интереси и желби, и што во животот сакаме да постигнеме и доживееме исти работи и авантури заедно!
    Не може, да речеме, сакаш да патуваш со својот партнер, за да поминеш една незаборавна авантура, ако тој е со спротивен став! Едноставно не е компатибилно! Разликите доведуваат до нефукционалност, пропаднати стремежи за промена, губење на време! Волкот го менува влакното, но не и карактерот! За да се промени еден човек, треба години, треба нешто да се деси, некое просветлување, чудо за да се смени!
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Многу е погрешно што мислите дека ако двајца имаат исти карактери, нивната врска ќе опстане.
    Во никој случај. Треба да има рамнотежа. Не може една врска да опстане ако двајцата се на пример, импулсивни, поагресивни, зборлести.... Замислете ги во караница, па ќе се убијат! Или во друштво, кој побрзо да каже нешто.
    Или и двајцата да се мирни, ќутливи, рамнодушни... Ги замислувам онака секоја вечер седнати пред телевизор и едвај уста отвараат, јадат чипс, гледаат филм.... Ако едниот нема иницијатива за нешто, ништо од бизнисот.
    Мора да се има некоја разлика во карактерот, инаку ништо не би функционирало. Врската ќе биде монотона, мислам ме разбирате. Само така би се одржувала врската, кога едниот ќе се нервира и ќе збеснува тој посмирениот да го теши и смирува, кога едниот ќе се дери другиот да проба да му објасни на убав начин, итн итн... И со тек на време ќе си се усогласат скроз. :)
    Не дај боже да имам дечко таков импулсивен како мене, ќе се истепаме :tmi: Ќе биде тотална спротивност од мене и на убав начин ќе ме смири :wasntme:
    А во врска со интересите, е тоа е веќе друга работа. Си знам каков човек би ме привлекол, знам каков човек ми треба, знам што би ми одговарало. Пример, знам дека не би фатила турбофолкер, кремац во смисла на дечко што си вози убава кола на мама и тато, без амбиции за да работи нешто, значи такви типови автоматски знам дека немаат никакви интересни ни приближно на моите.
    И тоа е тоа. :)
     
    На L-enna, Diamond и bona им се допаѓа ова.
  13. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Спротивностите се привлекуваат на почеток на врската,и додека трае заљубеноста.Тогаш е интересно,се смеете на тоа колку сте различни а сепак вљубени,но...со текот на времето тие спротивности се повеќе ќе доагаат до израз во различни сфери на животот,и на крај мислам дека сепак доаѓа до она познатото: Едноставно не сме еден за друг,премногу сме различни.
    Е сега,секоја врска си е приказна за себе,па и не мора да значи.
    Еве пример за тотална спротивност,но во другарски односи.
    Имам другарка,која ми е како сестра,додека да замине во странство,бевме неразделни,не делеше само едно спиење,а на карактер сме толку различни.Ама буквално во се.Од вкус за мажи,до најсентименталните делови на човечката душа.Јас сум по смирен тип,таа е сосема спротивен,дури додека бевме во лудите години во средно,често се закачаше со сите,знаеше да доведе и до некоја тепачка :D
    Јас сум сентиментална,таа е ладна како камен.Никогаш солза не пуштила за дечко,а и не знаела да утеши некој,за разлика од мене која секогаш сум рамо за плачење на другите другарки.Таа е љубопитна во врска со другите околу нас,и секогаш знае што се случува,сите трачеви ги собира,а јас пак не,воопшто не ме интересираат такви работи.Многу луѓе ни се чуделе,како можеме да бидеме толку блиски,со оглед на тоа колку сме различни.
    До ден-денес сме во одлични пријателски односи,иако сме сосема спротивен карактер :)
     
  14. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    јас па баш мислам дека двајца со различни размислувања пдобро функционираат и би имале подобра врска, а еве и зошто мислам така: ако едниот има едно размислување а другиот друго, тогаш заедно ке го изберат најдоброто,ќе направат еден баланс, а ако се двајца истомисленици, и ако рече едниот вака ке биде а другиот одма `се согласувам`, значи побанална врска од тоа нема. па треба контраст, да се испробува едниот начин па другиот, па мислењето на едниот па мислењето на другиот...така врската ке биде ем интересна ем променлива..не едно та исто "мислиш дека треба вака? да,потполно се согласувам..."ако ме сваќате што ми е целта на муабетов.треба малце контрање и така до најдобар заклучок ;) ;)
     
  15. malena23

    malena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    koga lugeto se razlicni a znaat da napravat kompromis mislam deka postojat poveke varijanti za resavanje na nekoj nastanat problem zosto bi imale raz idei i razgleduvjki gi bi dosle do poveke solucii ...i ako isto razmisluvaat ednostavno ke se slozat i toa e toa dali e greska ili pravilnata rabota da se napravi e na niv dvajcata[mod-kirilica:27tixhor][/mod-kirilica:27tixhor]
     
  16. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Спротивностите се привлекуваат, се надополнуваат но сепак мора да постои бар една нишка што ги поврзува, заеднички интерес или карактеристика ..



    А што е со физичкиот изглед? Имам приметено дека највеќе ме привлекуваат машки со сличен тен, боја на коса и очи :)
     
  17. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    За физичкиот изглед секогаш ми се допаѓале машки со слична конституција како мојата.Што се однесува до карактерните особини и темпераментот исто така мислам дека треба да си одбираме човек сличен на нас, бидејки со некој што е дијаметрално спротивен нема што да те држи заедно.
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    во физиката можеби, но во реалниoт живoт според мое мислење-не!
    Никако, јас и дечко ми сме спротивни, и нон стоп за нешто се караме, се нешто ни смета... не оди тоа така!
     
  19. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ..Сепак,не.
    Би јаделе ли ајвар и еурокрем..? Таа комбинација прво е никаква комбинација,а второ можете ли да го замислите вкусот каков ќе биде...? :puke:
    Има исклучоци,секако.

    Јас сепак мислам дека за да успеат двајца во врска,треба да имаат доста заеднички работи.
    Не да бидат слепо исти,сепак монотонијата ја убива врската,но за да го наречете некој ваша сродна душа,треба да имате многу сродни работи.

    ... :)
     
  20. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека да. Спротивностите секогаш се привлекуваат зашто има нешто во другиот што нас не ни е познато и сакаме да дознаеме повеќе. Ако веќе имам партнер со кој ги сакаме истите работи ќе ми биде интересно еден период, а потоа може да се јават конфликти, па едниот да се прави попаметен од другиот и сл. Имав дечко кој беше целосна спротивност од мене, во стил на живеење, изглед, стил на музика, филмови и заедно бевме 3 ипол години,ама колку многу научив од него тоа не се опишува. Кога и да се видевме секогаш дознавав нешто ново, полека го запознавав неговиот свет и не беше толку црн колку што мислат сите.
    И сега да можам пак би барала некој со различни размислувања од моите,попривлично е, барем за мене