1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали спротивностите се привлекуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Спротивностите се привлекуваат мнооогу но не сум сигурна дека можат да опстанат. Пред брак имав врски исклучиво со различни од мене, и се беше интересно, возбудливо...али само на почеток. Со тек на време почнуваме да си одиме на нерви и се повеќе не можеме да се сватиме еден со друг. Со мојот сопруг сега карактерно и за најглавните работи (одгледување на деца, финансии, начин на живот) потполно се согласуваме и разбираме и имам мир и спокојство каков што не верувам дека би имала со некој спротивен на мене.
     
  2. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    мене искрено, повеќе ме привлекуваат спротивностите, т.е спротивните машки од мене, но би било убаво коа би имал и некој со слични интереси :)
     
  3. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Според мене спротивностите и те како се привлекуваат. Од лично искуство сум забележала дека кога ќе најдам некој што е ист како мене, за кратко време не можам да го трпам, постојано се расправаме за безвезални работи...Е сега, да не бидат па ептен спротивни еден со друг, зашто и тоа не бива :D
     
  4. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека спротивностите се привлекуваат ама неможат да функционираат долго време како на пример брак,јас сум таков пример со дечко ми толку сме различни и сеа за сеа идеме накај 3години,порано мислев дека тие разлики мегу нас ни ја прават врската цврста,но сеа гледам дека страшно ме нервираат а исто и него,ама како и да е неможам без него. Не сум идела со некој што има слични размислувања како моите па затоа и незнам како е,може па тогаш да ми биде досадно. :D
     
  5. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Убаво е што сме различни, но и што имаме заеднички работи. Две личности како мене се неподносливи.
     
  6. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Сигурна сум барем во мојот случај дека спротивностите се привлекуваат , затоа што еве јас имам веќе тригодишна мултифункционална и преубава врска во која љубовта секој ден ни се зголемува , а ние сме тотално 2 различни светови кои уживаат гледајќи го светот на другиот. Толку се разликуваме што освен љубовта и сексот ,немаме ама баш ништо заедничко, а најдоброто е што и после се јас сеуште сум истата и тој се уште е истиот,односно не започнавме како многу други парови да се однесуваме исто.Кога сме со луѓе кои што никогаш не не виделе претходно,секогаш се чудат како 2 такви карактери се во врска, ама знам ова е љубов и љубовта никогаш не познава никакви граници. На шала си ги пееме стиховите од САРС кои како да се напишани за врската меѓу нас:, ратујемо ти и ја ко пиво и ракија,ко гитара и хармоника,ко гужва и празнина,ко Бин Ладен с Америма , ко Рим и Цариград,ко систем и анархија,ко крпа и прашина... за на крај кога ќе дојде вечер ,да престане секое ратување :rofl:
     
  7. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    На патот во потрага по партнер пожелно е да се здружиш со луѓе кои се разликуват по темперамент и карактер па и со различен животен концепт од твојот, од аспект на надоградување на љубовно искуство и заради спознавање на туѓите животни вредности.
    Не верувам во одржливост на врската на подолг рок, помеѓу луѓе кои се карактерно некомпатибилни и со различни ставови околу битните животни прашања.
    Ако едниот од партнерите ака на сите страни, без замислен животен патоказ, влечен од моментот, авантуристички настроен, а другиот бавен, тврдоглав, дисциплиниран со утврдени животни цели во очите на другиот ќе изгледа како досаден, старомоден а овој пак ќе го гледа како неодговорен, вејка и пердув на ветерот, со кого би било ризично да градат заеднички живот. А плус ако секој влече на своја страна, на крајот останува само разлитана прашина.
    Според мене, здраво е пред брак претходно да се дипломира на неколку љубовни врскички, па кога ќе дојде судниот, не за друго, благодарение на женската проникливост и искуство, ќе знаеш кои особини ти одговараат, со кои маани можеш да се носиш и да ги надминеш.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Јас мислам дека спротивностите се привлекуваат , така на луѓето никогаш не им е досадно , имаат некој што е спротивен од нив , а ако бидат исти се ќе биде некако монотоно...
     
  9. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ако двете личности се тотална спротивност врската нема долго да трае.Секогаш едниот партнер ќе се обидува да го наметне своето мислење на другиот партнер и обратно.Ќе настануваат кавги поради различни интереси.Но сепак не треба ни многу сличности.Бидејќи така се ќе биде монотоно и ќе ја нема таа страст.Значи најдобро е малку од ова,но малку и од она.И сличности и разлики.Барем за некои работи да се имаат исти мислења,а со љубов се ќе оди како подмачкано. ;)
     
  10. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Да.. Сепак досадно е кога двајцата имаат исти карактер.. Се станува монотоно. Па некогаш треба малце да се оди лево место десно. Кога се спротивни карактерите, еден лудува до крај а другиот е секогаш тука да го смири :)
     
  11. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    ДА! Јас си ја имам таа среќа што и јас и дечко ми сме две комплетно различни особи со секогаш спортиставени мислења и баш ни е супер, во досега успешна и среќна врска од 6 години.Не верувам дека спротивностите би ми посметале било како на развојот на понатамошната врска па и на брак. :*
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Moжеби се привлекуваат, ама не се задржуваат бидејќи после првичната привлечност разликите кои произлегуваат токму од тие спротивности почнуваат да преовладуваат уништувајќи ја првичната привлечност :!:
     
    На Phyramide и marama им се допаѓа ова.
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Да спротивностите се привлекувааат еве јас на пример би сакала да имам покрај себе некој што е поразличен од мене всушност тоа што го немам кај себе тоа го барам во другиот !!Сакам да запознаам и некој поразличен од мене да ми го покаже малку поразлично светот и животот од оној начин на кој јас гледам .Доколку овие разлики би се надминале или би се надополниле тогаш ќе можеме да речеме дека ќе зборуваме за љубов или квалитетна врска .
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не можам генерално да зборувам, бидејќи не е се така едноставно, како што многумина и милуваат да ги претстават работите, сеедно се на светов е или црно или бело бело и не постои ништо измеѓу, нема други нијанси, нити пак други бои.
    Како прво, се' зависи од двајца, значи две индивидуи, две личности, секоја од кои има свој карактер, во крајна сметка и своја глава со некакви замисли и размисли за тоа што сака, од што има потреба, што пак и не секогаш се покажува како исправно. Се зависи од личните потреби и желби, бидејќи разликите меѓу двајца и те како можат да се надополнат и токму тоа да биде причина поради која тие двајца единки ќе издржат заедно, ќе премостат секакви разлики и буквално ќе истраат бури, ветришта, маглишча и пепелници.
    Многу често, она што му недостига на едниот, како способност за нешто, вештина во нешто, интерес за одредени теми, црта во неговиот карактер, односи со околината.... да е токму тоа што таа другата личност, различна од него го има и со тоа да биде личност каква всушност тој бара да има крај себе. Може тој дури и да не знае дека токму тоа му е потребно, се додека не го сретне, не го види со своите очи и не го искуси.
    Има луѓе кои само со различна од нив личност можат да функционира многу подобро, одошто кога би биле во врска во која интересите, неговите и на партнерот ќе се поклопуваат, ќе му бидат познати, бидејќи тоа се две личности, но со исти гледишта кон светот и животот во него. Со таквите личности тие можат да одржат врска, но само пријателска и ништо повеќе.
    Но, исто така, токму разликите да, можат да бидат причина да ве одврати од некого веднаш штом бил задоволен тој порив од емоции, нагони..., а што впрочем, и кој може да гарантира дека истото нема да настане и доколку личноста си се испробала со личност негова лика и прилика. А, исто така и сличните едни на други можат многу добро да функционираат токму поради истата музика во која уживаат, истите филмови, храна и се друго што ги прави слични.
    Односите меѓу луѓето и не се толку прости, еднолични. Бидејќи и самите ние како личности не сме прости, а напротив, секој од нас е прилично комплициран и тежок за разбирање од луѓето околу нас. Не ли ви се чини дека само вашите партнери, оние со кои сте подолго време се единствените кои најдобро ве познаваат, подобро и од вашите најдобри другарки и дури премногу често знаат како би реагирале во секоја ситуација, ја знаат секоја ваша гримаса, секој потег уште пред да помислите да го направите?!? Но, кој пак ќе повторам може да гарантира вечност на некоја врска, без оглед дали двајцата кога ќе влезат во продавница се фаќаат за истиот производ или пак тргнуваат во различни насоки да шараат по излозите.
    Единствената вистина е дека ништо не трае вечно, па и колку и да се поклопувате со вашиот партнер, дури и да сте од оние парови кои ги потплукнуваат да не ги урочат, бидејќи сте премногу слатки, толку слатки што си личите и физички еден на друг, сепак врската да ви заврши. Нема рок на траење за ништо, како што и она до крај на животот не секогаш е баш до крајот на животот.
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Најпрво потребно е време да се види колкава е всушност спротивноста или па сличноста. Бидејќи и во случај кога таа е во фенси оделце и со тренди штиклички, а тој на мотор со кожњак може да имаат повеќе сличности одколку што се чини на прв поглед.
    Според мене и врските и луѓето се склони на промени. Некои промени се развојни, други па деструктивни, ама дефинитивно не постои статус-кво барем во човечките врски.
    А и цело време ми се мота низ глава како секој човек е посебен и неповторлива комбинација на психо-физички спој, па со самото тоа секој ни е на извесен начин различен од нас самите. Е, сега колкави се тие разлики не може со сигурност да се увиди, бидејќи секојдневно човек доаѓа до нови сознанија за себе, па за друго човечко суштество, па макар ни бил и партнер и да не зборувам. И иако секогаш потајно сум верувала дека ретко што може да ме изненади, често сум сфаќала колку само сум во заблуда со ова уверување.
    Мислам дека не се пресудни спротивностите туку способноста да се носиме со нив. Еве конкретно ако имаме различен вкус за филмови, некои а-приори ја отфрлаат можноста да го изгледаат филмот заедно, додека други се согласуваат и овде ќе има 2 можни исходи - да им се допадне на двајцата и тоа не само филмот туку и заедно поминатото време или па, на едниот од нив не само што не му се допаднал филмот туку може да настане и некоја ситуација на разочараност поради неквалитетно поминато време заедно.
    Најискрено речено човечките љубовни врски се најкомлексната работа на светов, тука постојат безброј непишани правила, исто толку исклучоци, така да не се наоѓа конкретен општоприфатлив и применлив заклучок. Некои партнери можат да се носат со сопствените екстремно изразени различности и да ги сметаат како движечка сила во врската, за други пак спротивностите ќе се вечниот камен на сопнување, некои трети пак не ни размислуваат толку длабоко на оваа тема или на било која слична бидејќи кај нив се‘ е сведено на примарни нагони и нивно задоволување, па нема тука многу простор за мисловни активности :lol: и да не набројувам зависи од секој пар посебно која е и дали функционира формулата за прифаќање и живеење со спротивностите.
    Сепак реално луѓето повеќе склони кон дискриминации, предрасуди и ограничени сфаќања потешко би се носеле со овој проблем од оние со полиберални и потолерантни, па и пофлексибилни ставови. И со самото влегување во врска веќе треба да се размислува и за партнерот, ако сме егоцентрични нарциси кои ни за миг не се запрашуваат како и е на другата страна значи без трошка разбирање, залудно е да бараме поинаков фид-бек или нефер во краен случај, ама нема да го потенцирам времетраењето на врската кое често не е соодветно на карактернтната поклопеност, причина за крај може да е невидена баналност или па нерешив проблем итн значи тотално независно од ова.
    Како заклучок спротивните партнери си одговараат до оној степен до кој можат да се носат со својата спротивност на конструктивен начин за нивната врска.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Па може да се привлечат, ама на долга релација незнам колку би успеале. Јас сум доказ од оние другите. Со маж ми сме језиво слични, и тоа во карактер, мислења, ставови, музика, филм, па донекаде и си личиме физички :D .
    (барем така ни велат сите.)
    и можам да кажам дека функционираме супер. Знаеме да се скараме, поточно јас знам сама да си се скарам, само кога ми е досадно или ПМСам. Сум имала и претходна врска со некој кој беше различен по некои ставови и сваќања на работите, а по се изгледа и двајцата си имавме големо его, па имаше тешки дискусии без никаков компромис. :D Фала Богу се откачивме еден од друг навреме. ;)
     
  17. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    различности се привлекуваат или не ?

    Не постои дефиниција според која би дефинирале дали се или не се привлекуваат.Тоа е индивидуално.
    А за карактерот,нема зошто да не се привлекуваат,само што доколку има разлучни карактери и двајцата партнери би требало да се потрудат секој од своја странаа да допридонесе за решенијата кои ги носи да одговараат и на другата половина ;) Според мене многу подобро е кога партнерите би имале разлиични карактери,бидејќи на тој начин не би имало монотоност,одлуките би биле златна-половина,ни бело ни црно,туку сиво :)
     
  18. swanprincess

    swanprincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    различности се привлекуваат или не ?

    Да, се привлекуваат на почетокот. Тогаш и се интересни оние несогласувања и различни ставови за нештата. Но за да потрае врската според мене сепак требаат повеќе сличности.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Од лично искуство знам дека прво се привлекуваат но подоцна се појавуваат проблемите и несогласувањата, така што мислам дека е потребно да постојат сличности и заеднички интереси. :)
     
  20. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    има нешто, кој знае!?