1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали спротивностите се привлекуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 9 јули 2010.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Некако би ја демантирала оваа изрека.
    Како можам да најдам некој со кој ке имаме заеднички муабет за дали тој се состои од музичката или филмаската индустрија, литература, кино/театар и сл ако сме сосема спротивни?
    Абре јас сакам некој со кој ке имам барем два/три реда моабет.

    Да можеби некогаш треба некој кој ке ти се спротистави на твоите мислења, ке ти докаже со аргументи дека не си во право, за карактерот е добро да си спортивен на пр. едниот смирен, а другиот избувлив, ама не и во секој случај. :angel:
     
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Во физиката да, ама во љубовта тешко :)
    Може се привлекуваат ама не опстојуваат. Мали разлики е препорачливо да постои, да има некој да те надополнува, да гледа од друга страна на работите. Ама огромни разлики во животни ставови, очекувања, идеи не би рекла дека ќе се задржат долго. Понекогаш спротиставени мислења е освежувачки и симпатично. Постојано спротиставени мислиење и докажување е фрустрирачко и нервозно
     
    На Strumfeta93 и innablood им се допаѓа ова.
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Во физиката да , но ви секојдневниот живот секој гледа да најде човек кој е сличен на него ,зашто комуникацијата се одвива многу полесно и без многу запрепастувања и недоразбирања .
    Многу подобро е да се дискутира околу заедничките работи ,отколку она што ве прави различни од другите.
     
  4. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    БАШ СЕ СУПЕР!! ке имаш занимација на пр. ако има разлицен вкус на филмови мозете да зборувате за тој филм или пак еден ден да глеате комедија друг ден трилер и така.... :D
     
  5. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    да за такви општи работи за забава и слично. но кога станува збор за соем спротивни интереси, гледишта и карактери тешко дека се привлекуваат
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тежнееме кон нас самите.Да најдеш некој спротивен на тебе навистина треба ти да го нацрташ и да го опишеш за да може да се привлекувате.Можеби грешам мое мислење :)
     
  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    спротивностите се привлекуваат според мене само одредено време,а кога после одреден период лугето свакаат дека се мн разлицни тоа води кон прекинуванје на врските,
     
  8. Black.Flower

    Black.Flower Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Јас мислам дека спротивнистите се привлекуваат, за да може едниот да го надополнува другиот слично на клуч и клучалка. :)
     
  9. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    Јас мислам дека спротивностите се оние што ја одржуваат врската здрава и разновидна, додека сличностите доведуваат до постепена монотонија. Поинтересно е да се иде контра и секогаш да се има за што да се дискутира него само да се клима со глава и она -- Да, да и јас исто мислам.
     
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Не знам дали целосно се привлекуваат спротивностите. :?: Со дечко ми во многу работи сме различни и понекогаш ми се допаѓа како размислува за некои работи, а понекогаш ми смета неговото размислување и ме нервира. :) Така да, не можам да кажам дека спротивностите целосно се привлекуваат, но има нешто и во тој мал дел што придонесува да се привлекуваат. :)
     
  11. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Магнетните полови,да да !

    Или секако дека спротивностите- male-female се привлекуваат .. :^)

    Но,искрено,карактерно и физички-спротивностите за мене не се привлекуваат !
    Како на пример јас би привлекла момче кое сака да патува низ светот,ако јас сум поврзана со мојот дом и сакам засекогаш да сум тука ?!
    Како мене би ме привлекло дебело момче кое не сака спорт и не сака да размислува со амбиција-ако јас сум слаба и обожавам спорт и планирам што со себе и сум одговорна ?
    Ако сакам да живеам мирно и здраво-како би ме привлекол дечко кој сака бурен живот во град ?
    Факт е дека секој карактер е различен сам по себе,но сметам дека изграден карактер неможе да биде привлечен од некој што е светлосни години зад него...Сметам дека доколку постојат спротивност во една врска би имало повеќе несогласувања... Можеби навистина грешам,но сепак мојот аспект на мислење е тој !
     
  12. Minka

    Minka Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Сигурно дека спротивностите се привлекуваат. Јас и мојот сопруг сме вистински пример за тоа. Секако, не е лесно, многу е тешко, посебно кога треба еден со друг да се убедиме во нешто, а размислуваме на поинаков начин. Но сепак, не можеме еден без друг. Старите би рекле ниту се тераат, ниту се водат. Ама ни е убаво заедно, не ни помислуваме на други партнери. Попат речено, јас сум и професионално астролог, и многу долготрајни брачни парови се спротивни знаци. Погледнете ги тие околу вас, прашајте ги за хороскопски знак, ќе видите дека им се сончевите знаци во опозиција (стручно речено). Тоа значи, многу привлечност кај Овен-Вага, Бик-Шкорпија, Близнаци-Стрелец, Рак-Јарец, Лав-Водолија, Девица-Риби. Ова нормално, не е правило, има уште милион ситни плус-минус работи, но овие спротивни знаци се секогаш привлечни еден кон друг, и како-така, успешно функционираат со години. Не им е монотоно ниту најмалку, напротив. Секојдневно со нови возбуди...
     
  13. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Кога јас се запознав со дечко ми скоро исти бевме, исти работи сакавме, несакавме луди забави во дискотеки до сабајле, не сакавме да штедиме пари, ги трошевме како луди до последен денар, сакавме дури и исти бои, го обожававме мирисот на кокос. :)
    Тогаш се чудев како е можно толку да сме исти, пошто дотогаш бев уверена во таа теорија дека + и - се привлекуваат.
    Но, како помина времето, заедно со него, сфатив дека сме биле многу различни. :lol:
    Заедничко нешто ни остана е тоа што и двајцата сеуште сакаме мирис на кокос...и љубовта -секако! :rofl:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Колку само не.
    Барем, мене не ме привлекува некој со кој немам заеднички точки. :D
    Секогаш тежнеам да пронајдам партнер кој ќе ги има сличните интереси како мене, не знам, некако подобра комуникација остварувам со сличните на мене.
    Инаку, колку и да сме слични, спротивности секогаш ќе постојат - нормално е, меѓутоа ги преферирам во што помал број. :lol:
     
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    На изглед да, во карактер не. Барем од мое искуство.
     
  16. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Во почетокот на врска мислам дека подобро функционираат луѓе кои се различни ,но за долготрајна врска, брак... партнерите треба да бидат слични инаку бргу ке се појавуваат проблеми и не само за клучните прашања туку и за најобичните секојдневи работи.Затоа многу бракови и врски се распаѓаат за ситници кои се резултат на различни ставови и уште пострашно различни погледи на животот.
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не! Тоа е само неиздржана фраза која кружи и ништо повеќе. Нема логика две работи кои се различни да изнаоѓаат заеднички излез и решение, можеби за нешто да, но не доволно за да функционираат.
    Како и во повеќето мои постови, ке се послужам со примери.
    Сакате на одмор, ти можеш да си дозволиш, тој не. Зарем нема да искочи од ова проблем?
    Обично излегување, кафуле/диско, а сте различни стилови, ти дотерана, тој рокер, и автоматски изборот е пример хавана или парадизо. И од ова проблем нема ли ?

    Многу се зборовите јаки, ама тешки се да се применат, и има некои работи кои попречуваат и во љубов и се останато.
    Тврдам дека спротивностите може за кратко евентуално да се привлекуваат и ништо повеќе, а за повеќе се потребни исти соништа, исти поставувања и иста реалност.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас по ова прашање сум неодлучна.
    Кои особини се земаат за репер? :wasntme:

    Еве на пример, јас сум многу зборлива, поголем дел од времето хиперактивна, темпераментна, а дечко ми е тивок, не е многу зборлив и е смирен... ама енергиите ни се поклопуваат совршено.
    Со претходниот бевме сосем исти во овој дел, буквално не можевме да се надзбориме :D и мене искрено ме маваше ужасна мигрена после секоја средба.
    Не можев да го издржам просто тоа темпо на урлање (од обете страни). :lol:
    Мене ми треба некој да ме смири, јинг на мојот јанг, минус на моето плувче, и тука сме спротивни, признавам.

    Но, од друга страна, имаме интерес за слични нешта, музика, книги, дизајн... приврзани сме кон домот и семејството и двајцата, јас обожавам да готвам - он обожава да јаде :D , имаме слични размислувања околу животот и сексот, сакаме ист тип на одмор и излегувања...

    и тоа.
    И пак не можам да најдам одговор на прашањево.

    Не знам, индивидуално е веројатно кој како ќе си се поклопи со своето тенџерче.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Да, физиката ми кажува дека спротивно наелектризираните страни се привлекуваат, а јас и верувам на физиката. :)

    Инаку, мислам дека луѓе кои бараат партнер сличен на нив немаат доволно самопочит и не се запознале доволно себеси.
     
  20. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    "Sprotivnosti se privlace,a slicnosti se vole"
    Спротивностите сепак мислам дека се привлекувааат. Секогаш различните погледи и мислења имаат поголемо влијание, а исто ја убиваат монотонијата. Еве мене лично спротивностите ме привлекуваат

    А пак од друга страна не рекле дека ‘‘ Skim si takav si‘‘ Мора да имате барем поголем % исти мислења за да опстаните.