со оглед на тоа што со дечко ми сме заедно 2 години, а сме доста различни, значи може да има вистина во тоа дека спротивностите се привлекуваат.ама со тек на времето двајцата партнери си ги менуваат карактерите малку, за да се дојде до некој позаеднички. и секако, ако има љубов, се е можно.
И тоа како се привлекуваат,само не секој може да го издржи тоа. Сум се нашла до моменти кога навистина сакам да избегам од таа личност но не можам бидејќи сакам да сум послилна од тоа. Едноставно си помислувам дека секој си има различен карактер и јас треба да го прифатам тоа доколку ми одговара таков карактер во понатамошниот живот.
Па да, се привлекуваат ама ретко кој успева да одржи таква врска.. Еве јас, на пример сум во врска во која со партнерот сме небо и земја, имаме различни погледи кон различни работи.. Друго е кога имаш до тебе некој кој има сличности со тебе но, јас би бирала нешто во средина..Ако е ист ко мене ќе треба да се тепаме секој ден а вака златна средина ни многу спротивен ни ист..
Лично јас поубаво би функционирала со човек/луѓе кои се слични на мене.Сега добро,не можам да очекувам да дишиме исто но барем да имаме исти цели во животот.Можеби спротивностите се привлечни но според мене поубаво се живее,се функционира,се работи со човек кој е сличен и дели некои особини со тебе..
Мојата теорија е дека спротивностите можат да се привлечат, но дефинитивно не можат заедно да опстанат. Ако немаат сличен карактер, ќе почнат да се расправаат за многу нешта кои едниот ги сака а другиот не и ете ти проблеми.
Се привлекуваат и тоа како,е сега некои би успеале да издржат до крај како целина,а некои се разделуваат стартно,нема тука некоја математика,ако демек сте исти карактери се ќе биде подмачкано?не би рекла,се е индивидуално..
Дали спротивностите се привлекуваат? Големо ДА од мене. Чист пример сме јас и дечко ми. Заедно сме 3 години и до сега не сме имале никаков проблем ни караница (под караница мислам некоја голема, да не зборуваме долго време да не се гледаме и тд, а не ситни секојдневни). Многу сме различни,претерано. На почетокот мислев дека не би можеле да функционираме така ама грешев. Јас сум многу брза на јазик, тој е посмирен. Кога и да има некаков мал проблем јас одма глеам тука со карање да почнам ама секогаш знае да ја смири топката,тој попушта и такви работи. Затоа мислам дека некои работи функционираат многу добро поради спротивностите.
Сакав да отворам ваква тема и си реков прво во search да побарам. Баш ми е мило што веќе имало некакво дискусија. Еве и јас сум на страната за ДА, а јас и дечко ми сме чист пример. Тотално различни карактерно, а сепак заедно. Можам да набројувам многу примери, ама еве неколку: - Јас учам, тој не. - Подобро ми е кога сум сама, него со друштво. - Јас сум повлечена, тој поопуштен а глупости. Воглавно, во се' сме спротивни. Не знам нешто заедничко да имаме освен што двајцата неизмерно многу се сакаме. На крај краева, нели спротивните полови на магнетот се привлекуваат? На почеток од врската, другарка вљубена во физиката ни викаше магнетска љубов. Добар поим. Ако со партнерот сакате различни работи и имате повеќе спротивности, тогаш ќе имате повеќе теми за разговор и можности за и двајцата да научите нови работи. Од друга страна ако се' е заедничко не ќе може да трае бидејќи брзо ќе си ги кажите вашите исти ставови и крај на дискусија.
Да, се дур е на база на однесувања, т.е некои постапки и навики (секако доколку не се драстични). Но доколку е на база на верувања и слично, многу помалку.
Se privlekuvaat,no za stabilna vrska sto vetuva,pa i brak treba mnogu kompromisi, mnogu ljubov i trpenie. Nie sme vo takva vrska / brak. Ako sakas ke opstoi takva vrska no bara mnogu razgovori,mnogu poznavanje na sprotivniot partner,negovata dusa, karakter, namerite,mislite,pa i koga ne zboruva treba da se "citaat negovite misli so pogled", zatoa sto samo taka moze da se uvidi dali i kakva idnina bi imale. Vrskite se komplicirani sami po sebe, no treba da se ima volja i zelba za takov odnos da se gradi so godini.
Според мое искуство, на почетокот е интересно, интересно ви е како неговото секојдневие и начин на размислување е поинакво од вашето но, со тек на време почнува да смета и настануваат многу несогласувања и не успева врската.
Не, не би можела да бидам со личност доколку имаме спротивни интереси би имале премногу несогласување, со оглед на моите принципи
Дали спротивностите се привлеκуваат? И науκата вели спротивностите се привлеκуваат. Оваа теорема има научна потκрепа од физиκата, плус и минус сеκогаш ќе се привлеκуваат. Човеκот е сложено суштество и е попаметен и од κомпјутерот, бидејќи човеκот ги измислил. Следствено, човеκот κаκо дел од природата е обдарен да живее во општеството. Значи κолκу спротивнистите се привлеκуваат, толκу се и одбиваат. Според моите сознанија досега, спротивностите се привлеκуваат но, само на почетоκот. Таκво нешто не може да опстои.
Не се сложувам, особено со последната реченица мислам дека само со личност со исти или слични интереси може да опстои една врска. Јас на 17 годишна возраст имав дечко со кој што бевме сосема спротивни , потполно исто како твојата ситуација што ти ја опиша и патиштата ни се разделија токму поради тие спротивности јас сакав да продолжам на факултет, сакав да се школувам да градам кариера, а тој сакаше да се жени, сметаше дека се видел во животот и дека му е време за тоа иако беше само една година постар од мене, не само тоа имавме сосема спротивни интереси и погледи кон животот, иако се сакавме се разделивме. Не се слошувам со тоа дека ако со партнерот сакате различни работи и имате повеќе спротивности, ќе имате и повеќе теми на разговор. Како може да разговараш со некој на тема за која тој појма нема, на пример мене ако мене ме интересира астономија, а тој нема појма за тоа и го интересира само каде ќе испадне вечер, не може да имаме заеднички теми на разговор. И за последната реченица потполно не си во право, треба да си среќен ако пронајдеш личност со која имаш знаедички теми за разгвор, личност со која ќе сакате да правите исти работи , личност која те разбира и ти ја разбираш, тоа се нарекува сродна душа. Ако јас сакам да слушам рок, како би живеела со личност што сака турбо фолк, ако јас сакам да читам книги, како би можела да бидам со личност што сака да игра игри на ком, ако јас имам авантуристички дух, како би можела да бидам со некој што сака да седи дома. Но ова е голема реткост партнерите да се сложуваат во се и тоа не е можно, но и двајцата тогаш би требало да прават компромис.
Не ми се допаѓаат споредбите со физиката. Точно е дека спротивно наелектризирани полнежи се привлекуваат, негативните имаат тенденција да примат електрон, а позитивните да дадат електрон. На тој начин тие се неутрализираат и стануваат исти. Но, ова не е случај кај луѓето. Ние не можеме да се промениме со цел да сме компатибилни со партнерот. Никој не може да ме натера да ги променам моите ставови или карактерни особини и нема шанса да ми биде убаво во врска со некој што е тотална спротивност од мене. Ниту јас ќе прифатам негови особини и мислења, ниту тој од мене. Затоа сосема сум сигурна дека сличностите се привлекуваат.
Еве јас и дечко ми сакаме многу различни теми, но сепак имаме добри дискусии. Поентата е што јас сакам да знам и научам нешто повеќе за неговите интереси и обратно. Јас учам, па го замарам дечко ми со рандом научни факти и иако тој врска си нема од наука ме слуша и ме прашува плус прашања. Се интересира да сфати само затоа што МЕНЕ ме интересира тоа. Од друга страна, еве пример него го интересираат мотори, коли. Се разбира се' и знае и проблемите каде се' иако сеуште нема возачка. Често ми зборува за тоа, па иако јас пре него мразев мотори сега сакам од причина што ми е интересно кога тој ми објаснува. Имам и многу други примери од мојата врска. Дали ќе опстоиме - не знам, имаме време иако имаме по 18 години. Јас сакам да одам на факултет и дури и во моментите кога сакав Америка, па Германија тој заедно мечтаеше со мене за иднина. Ми кажал и сеуште ми кажува дека ќе ме подржува за тоа и се' друго е моја одлука. Тој не знам дали ќе оди на факултет, а ни самиот не знае. За мене тоа не е пречка. Не знам како ќе се одвива во иднина. Нормално, сме имале и судири но многу многу поретко. Еве и последно не ни беше баш врската, но сега фала богу си е супет деновиве, баш како што секогаш била. Така што ќе се сфатите меѓусебно и ќе ги правите заеднички сите работи. Најважно е вие да се сложувате, а музиката и се' останато е најмал проблем. Дечко ми слуша музика што за мене е селјачка и кога ќе сме заедно пушта често, па се научив да ја игнорирам музиката и да се посветам на него лично. Ако сака да игра игри, може некогаш и ти да го дружиш. Јас женско што врска немам од игри многу пати сум била во интернет кафе со него и сме се газеле од смееее ради што абер сум немала. Така ќе си посветите заедничко време и на твоите и на неговите интереси. Јас одам по натпревари, па иако ете не сака толку да патува или па најмалку натпревари, на секој натпревар во државава ме има дружено до сега. Сме оделе сами двајцата. Да можеше и настрана би доаѓал само затоа што тоа мене ми значи. Сфатете го тоа како заедничко поминување време. Игнорирај ги работите што не ги сакаш, посвети се на љубениот и се' ќе биде супер. Се надевам го објаснав добро моето мислење.
Спротивностите никогаш не се привлекуваат. Некој само може да одглуми во стилот демек еве, јас имам сличност со тебе а сосема друг карактер да е. Тоа е класичната желба да ја повлече другата страна надолу, па да го злоупотреби тоа и плус да вреѓа. Кога психологијата ќе го објасни ова, многу работи ќе реши. Во фејк општество сме до гуша.
Спротивностите може да се привлекуваат, но за кратко. Мислам дека сличните карактери се тие што имаат потенцијал да останат заедно подолго време.