Според мене не, затоа што јас барам партнер со кој што ќе имам слични ставови и мислења. Фала Богу не мора за се секогаш да се согласуваме, но да се пронаоѓаме во поголемиот број на теми. Нема идеален човек, ќе се прилагодуваме еден на друг, но глупо би ми било дечкото пример да збори за материи кои за мене се непознати и тотално неинтересни. Така да, мислам дека спротивностите не се привлекуваат.
Зависи како различен. Не барам копија на мене во никој случај. Но, исто така не сакам да сум со некој, со кој не ги делам истите ставови и мислења. Сметам дека за битни работи, како планови за иднина, деца, брак, место на живеење е морално да сте на иста бранова должина. Но, ако навиваме за различни фудбалски тима, не би ми пречело.
Можеби на почеток, но подоцна спротивни ставови или различен темперамент или интереси ќе бидат непресушен извор на закачки.
Сличностите се привлекуваат за одржување на долготрајна врска. Но, ИСКРЕНИТЕ сличности, а не постојано да лажеш некој за да му се допаднеш и да бидеш како него за да само да ги дознаваш неговите тајни. Сепак се осеќа кога некој искрено е сличен со тебе, а не само од корист.
Според мене не баш. Не мора целосно ист да си со некој, колку повеќе сличности имате толку поголеми шанси да се дружите или било што. Луѓето си наоѓаат слични на себеси.
Сите слични шо сум ги нашол на себе, од сите страдав, дотолку ли сум во потсвеста мегаломанијак или садист да се измачувам самиот себе?! Иначе се согласувам ако немаме бар некоја сличност.. не знам шо би праеле со тотално различна личност.. Пример јас сум спортски тип, ако ми кења вака така... бегај батали, токсична средина instant.
Bidejkji ne postojat potpolno identichni lugje, jas mislam deka slichnosta e taa shto privlekuva pochetno, a sprotivnostite pravat problem ponatamu.
Се привлекуваат и слични со слични и спротивни со спротивни, тоа е неоспорно како одговор на прашањево на темава. Е сега кога прашањето би било кои врски би траеле и би се одржале подолго пак тука нема правила дека слични партнери подобро се надополнуваат од партнери со низа различности. Нема правила пред се затоа што секојдневно сите се менуваме (или би требало да се менуваме) и развиваме што се главни карактеристики на стареењето и созревањето. Ама сметам дека кога партнерите во врска со некои суштински и основни нешта делат исти или многу слични интереси и гледишта во животот дека тоа ги одржува на долги стази. И ако успеат низ годините да задржат слични суштински интереси тоа им нуди загарантиран успех на нивната заедница, колку на почетокот само сличностите или различностите да ги привлекле и поврзале.
Мислам дека скоро секогаш спротивностите се привлекуваат. Како што се привлекуваат - и +. Секогаш различни од мене ме привлекувале или сум им била привлечна на некои поразлични од мене. За карактер мислам дека спротивностите се привлекуваат, а за ставови најчесто сличностите се привлекуваат.
Може да биде интересно за почеток, ама со тек на време сличноста е таа која гради иднина и те одржува во врска со некој