Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сте во брак и колку му верувате на сопругот?

Дискусија во 'Брак' започната од renata76, 3 јануари 2011.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    33.750
    Пол:
    Женски
    Не сум во брак но сум во врска веќе 5год.и од првиот ден мислам дека врската ни е цврста и стабилна па затоа и јас му верувам нему и тој мене дури и повеќе од доволно. Заедно решаваме проблеми и мои и негови, тука е секогаш кога ми е тешко и јас сум секогаш тука за него, значи безусловно сме поврзани и сме заедно нормално за да го доградиме она што сме го почнале, се знае да се зацврсти со брак, а ДОВЕРБАТА е клучот за двајца вљубени. Доколку се нема доверба еден кон друг,врската кога - тогаш ќе се прекине.
     
  2. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Бев во долга врска и сега веќе некое време сум во брак (т.е сеуште верени).За верување сега му вреувам,за понатаму не можам да кажам :(
     
  3. bubili61

    bubili61 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Јас сум во брак 26 години.....Без причина настана голем проблем лани...лјубомора на стари години или машки климакс....јас баратам компјутер а тој поима нема,па мисли којзнае со кој се допишувам(внимавајте,ком.може и проблеми да видонесе)....Од секогаш имав доверба во него бидејќи не дозволи да дознаам никогаш за неговите врски уште од времето кога бевме дечко и девојка,а одевме 5 години.....Сега користам компјутер само на работа,дома никако,несакам да имам проблеми на моја возраст кога очекуваме децата да си ги удомиме....Сеусте му верувам само што љубовта кон него ми се намали поради една тешка увреда од негова страна .....ми ја повреди честа која ја пазев и негував од својата 17 година ......Беше густо ама заради децата се смири ситуацијата......сега се е во ред......Мора да има во животот и такви моменти за да ни биде поинтересно......Сепак му верувам и од мене има преголема слобода..... :hai:
     
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Во брак сме неколку месеци, но предходно имавме заеднички живот 4 години.Му верувам , сметам дека бракот треба да се темели на љубов, толеранција и доверба.Довербата е извор на мирот и хамонијата во едно семејство.Се додека е така може да функционира добро.
     
    На roksen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mama90

    Mama90 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Ние сме во брак скоро 3 години, да ме изневерува, тоа никако за тоа му верувам, но да споделам некоја тајна со него нема шанси, онда не би било тоа тајна затоа што тој не чува тајни.
    На никого не верувам како што си верувам на себе.
     
  6. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Ах многу ми е жал но мислам дека твојот сопруг тебе те навредил со тоа што се посомневал во една банална работа ! ако не е едуциран за ком . зошто вие со децата не се обидовте да го подучите ?!?! ете мојот сопруг никогаш не ми префрлил за користење на ком. иако јас претходно на еден друг форум бев со години и дури контактирав таму со многу форумџии од двата пола .Мојот сопруг дури и подршка ми даваше да се дружам со сите кога бев во можност. Ете и ние сме 18 год. во брак мислам дека сме на слична возрас со вас ! Ако сопругот те сака и беспрекорно ти верува и се почитувате меѓу себе и не се изневерувате во секаква смисла на зборот НЕГОВИОТ СОМНЕЖ Е НАВРЕДА !
     
  7. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Јас сеуште го немам начекано да ме излаже или такво нешто не викам дека му верувам дали од страв или незнам што секој пат го проверувам и секој пат очекувам некоја глупост која самата си ја создавам во главава.Имам искуство со еден дечко кој што одев видов се и што треба и што не треба па ми остана тоа како поука дека во маж не треба да се верува.
     
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    во овие 8 год и 4 месеци не сум имала причина да се посомневам во мм.едноставно сме многу блиски,како другари сме и за се и сешто разговараме отворено.од утре па натаму неможам да гарантирам,ама сега за сега да,му верувам нај искрено а и тој мене
    јас мислам дека е обратно,на пијанството не се размислува многу и се кажува вистината,а на нервоза мислам дека само навредува и не е вистина тоа што го зборува

    Mодератор:Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.506
    Допаѓања:
    173.613
    Доверба-многу тешко се стекнува,а за час се губи.Тешко е кога нема доверба меѓу брачните другари.
    Еднаш ќе се изгориш,а потоа ќе дуваш и во матеница.

    Еее,бабичката моја покојна,кога стануваше збор за доверба само едно знаеше да каже:

    „Јас во мојот газ немам 100%доверба-незнам кога ќе прдне и ќе ме посрамоти,а не пак во некој друг да имам 100% доверба“

    Така да верувајте си еден на друг,ама секогаш нека има и малку резерва,барем по некои прашања.
     
    На Thallia, Dennings, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Добро кажано.
     
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    не сум во брак,скоро ке стапам во брак..
    на вереникот не му верувам а не му ни неверувам,онака сум си на средина :)

    златна средина ;)
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Довербата е онолку колку е потребна понекогаш кога ќе речеш или сториш нешто ќе се зачудиш како јас го можев ова,тотална доверба кон никого тоа ми е еден вид на штит за себеси :lol:
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Наскоро ќе започне и нашата “брачна идила“. Во однос на довербата, можам да кажам ДА, му верувам, меѓутоа онаа резерва секогаш постои и ќе постои. Не сакам целосно да се оддадам , а потоа да бидам разочарана. Така помаку очекувам, а се што ќе добијам повеќе ќе биде + и добредојдено.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Не се замарам многу. Ако има нешто самото ќе искочи или јас многу лесно и брзо ќе осетам, така што нит му проверувам нешто нит размислувам на тема „му верувам-не му верувам“.
     
    На K-8 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Во брак сум веќе неколку години и му верувам на сопругот онолку колку што треба за да не бидам некоја стално сомничава и исфрустрирана жена и самата да не се живцирам за без потреба. Не мал број пати ја има оправдано мојата доверба во него, но сепак, јас сум личност која се надева на најдоброто а го очекува најлошото, така што, целосно и безрезервно никому не можам да верувам.
     
    На julie77, Agrona, Palchica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Едното око на другото не му верува па еден на друг чопвек. Не дека не му верувам воопшто туку на денешницава на никој не му се верува 100% па макар ти бил сопруг , убаво ја кријам мојата недоверба кон него со оглед на тоа што не се јавувам по 100 пати да прашам каде е , не го следам (чувај боже) ..... додуша многу пати ми докажал дека треба да му верувам (последно што направи е тетоважата со моето име) но..... јас ни му верувам ниту се сомневам :D :D :D чиста работа
     
  17. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    во брак сум веќе 4 години. не сум љубоморна и сомничава сопруга, ниту пак е маж ми. имаме голема меѓусебна доверба.
     
  18. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    jас на моиве очи не им верувам не пак на маж ми хаххахаххаха
    зафканцијата на страна му верувам но никогаш 100% до крај секогаш гледам на работите со некоја доза на резерва незнам може не треба така ама несакам да верувам до крај за после да испаднам разочарана
     
  19. jasna8

    jasna8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Лаги,
    Големи,знајни и незнајни.Колку само го трујат срцето.Умот и онака е затруен.Верување во сопствените лаги.Кој ли го може сето тоа.Луѓе кои не се загрижени,без чуства на емпатија или било што што е подалеку од нивната егоцентричност.
    Знам таков човек,го познавам,го делам животот со него.
    Со сила,закани и ниски удари,кои не се вредни за спомнување,си го брише обарзот.

    А почна уште на самиот почеток.Зошто не видов тогаш?Гледав ,а не сакав да видам.Сега се повеќе се прашувам самата себеси,дали почнав да верувам и јас во нив.
     
  20. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски