Му верувам на вереникот и ќе продолжам се додека не се докаже спротивното . Ја имав привилегијата да се дружам со него доста време пред да бидеме во врска, така да имав време да стекнам доверба во него . Го знам каков човек е и дека секогаш можам да се потпрам на него. Тоа многупати ми го има докажано. Довербата се стекнува и се губи, ние до сега сме немале причина да ја изгубиме еден во друг. Се надевам дека и во иднина ќе остане така
во брак сум скоро 7 години и мислам дека взаемната доверба и редовните разговори т.е.доколку нешто ти смета според мене подобро е да се каже отколку да се преќути и подоцна да стане проблем. и мислам дека бракот во првата година секогаш има недоразбиранја засто друго е да си во врска а друго е да си во брак но како што рекле ако ја сакаш ружата мора да ги истрпиш и трњата
во брак сме 2 гонини и никогаш не се осмелил да направи нешто.. Да не му верував немаше да ми биде сопруг.
Во брак сум 4 години, секако декА имам доверба во него, довербата се стекнува со време , ако немав доверба немаше ни да сум со него, довербата е скоро главен столб во бракот
Vo brak sme 3 ipol godini , i imam doverba vo soprugot , no sekako od 100% okolu 98% mu veruvam , a za tie 2% sekogas so mala doza somnevanje , ne deka nekogas me izneveril ili izlazal krupno , ama ete , zivotot me naucil da ne veruvam na sekoj , pa duri i na sopstvenata senka ne i se veruva celosno . Od strana na soprugot , mislam deka i toj mi veruva kolku i jas nego . Ne sum mu dala pricina da se somneva vo mene , ama , kako sto kazav nitu na sopstvenata senka ne mozes da veruvas 100% denes .
А тука верувањето се спомнува само во контекст на изневерување? Јас му верувам безрезервно, искрен е секогаш и сум 100% сигурна дека не ни помислува на друга камо ли да направи нешто. Но за верување за други работи не му давам 100% Ќе ми вети на пример дека ќе измие садови, па пак ќе останат за мене
Mojov nema vreme za takvo nesto, nema vreme da pomisli, a ne da napravi raboti od 7 do 4, 5, posle toa si e doma, zaedno setame sekogas... Takvo ni e drustvoto, sekogas grupno iskacame A inaku mu veruvam 100%, mnogu se sakame i se pocituvame i sekogas sum mu kazuvala (i vo vrska koga bevme) ako nekogas vo zivotot tolku ti zdosadam, pomislis za druga... bolje kazi mi pa praj sto sakas..
Па ако не му верував немаше да се омажам за него. Имаме доверба еден во друг, почит и разбирање, разговараме за проблемите и ситуациите меѓу нас и општо, разговараме се, први другарчиња си сме. Не ми дал причина да се посомневам во ништо, а не сакам ни да размислувам за нешто такво. Доволно е да почне да ме јаде црвот и од мравка да направам слон.
Во брак сум две години а во врска бевме три години..и за жал откако стапивме во брак дознав многу работи за него а до тогаш ништо се најдобро знаев..е сега за верување ја не му верувам ни 2%а не пак 20% .откако се зедовме тој се смени многу го прашувам што но тој одговара ништо и се на тоа останува...така да ни јас немам доверба во маж ми а мислам дека никогаш повеке нема ни да имам
4 години и неколку месеци во врска и уште еден месец па 4 години и во брак.Љубов благословена со едно ангелче од 1,5 година.Неизмерна,безусловна љубов со мн препреки и забрани за да бидеме заедно.Врската ни беше на далечина од различни градови сме,ама успеавме,го сакам и му верувам безусловно ми покажал и докажал.Кога би можел и ѕвездите би ми ги симнал.Така да ДА му верувам и тоа многу.Заслужил.Се надевам и така ќе остане нема да се смени.
Е после ова .. Јас не можам да разберам каква е вашата "љубов" и се пропатено со истата во вашиот брак. Велиш не можеш да зборуваш, тој не зборува и?! Каков исход/живот ќе имаш ти во еден таков брак време би било да се запрашаш всушност што те држи во тој брак и дали бираш да бидеш среќна и да поставиш некоја граница и заедничко разбирање/јазик или би сакала цел живот вака да се мачиш искажувајки се на икс луѓе и икс форуми а пред него да молчиш. Жено, зборувај, знаеш ли ти што значи збор,разговор, разбирање, компромис, сослушување и взаемна почит?! Време е да се свестиш..
На сопругот му верувам 100% и го сакам повеќе од се. Искрено на сите им посакувам разбирање, љубов , почит и доверба. Најважно за хармоничен брак.
Не гледам поента да бидам со некого на кого нема да му верувам...не ќе изигравам детектив постојано да го проверувам. Пренапорно е тоа за мене.
Kaj mene na rabota znam koleski koi se "verni", rabota od 8;30 do 16:30, posle doma kaj sopruzite.amaaaa za vreme na rabota so kolegi si vrsat rabota. I odi fati gi..site znaat ama e javna tajna.ne deka sakam da ti napravam da se posomnevas vo mt, samo ti kazuvam deka ako se saka se se moze
Raboti vo firma kaj tatko mu, edinstveno zensko e sestra mu + 10 mazi takva pozicija ima sto nemoze bas lesno da iskoci od rabota preku den, sto se vika bremena koga bev ako imav zakazano pred 4h edvaj izleguvase od rabota. A 4ipol e vekje doma, firmata e zatvorena vekje vo 4/4:15 pa site majka mu, tatko mu, sestra mu i on se doma 4:30, zaedno si doagjaat a baska mm e zlaten i mu veruvam 100%... Ako ima nesto kaj lugeto odma se primetuva, imame super odnos, redoven seks Kaj luge vo brak sto se izneveruvaat toa bas go nema..
Ubavo e sto mu veruvas, doverbata e klucna za uspesen brak. No, nemoj da mislis deka ako saka da te izneveri nemoze radi rabotnoto vreme, rabotnata pozicija ili toa sto se vraka na vreme doma. Vtoro, redoven seks i simnuvanje na zvezdi isto taka ne e pokazatel deka e veren. Nekoi mazi go pravat toa za da gi zataskaat rabotite koi gi pravat nadvor od doma.. Ke ima redoven seks i ke se ponasa se naj naj za da ne se posomneva zenata deka ima druga. Jas voopsto ne razmisluvam dali mm ima ili nema ljubovnica. Ako eden den me izneveri, toj, a i jas znam deka ke go fatam... Toj ne moze da me laze....
Не биди толку сигурна во она последното пишано Луѓе што се во брак баш напротив имаат редовен секс дома за да си се прикријат и да не ги посомневаат