Да, многу сум задоволна и од бојата и од κвалитетот, густа ми е и бρановидна и бρзо ми ρасте и не ми се мρси бρзо, дајбоже и во иднина да е таκа.
Не.Затоа што ми е премногу бујна и ми е брановидна, па затоа ја пеглам.Кога ми е пеглана ако врни одма ми збувнува иако носам шатор или пак само ветер да дува повторно одма ми збувнува. Нема решение за мојава коса.
Задоволна сум, имам виткана густа коса прилично долга, но не сум задоволна од тоа како ме шишаат на фризер, секој пат кога одам дома се враќам унаказена..никогаш не ме ишишале онака јас како што сакам
Да задоволна сум и правам се за да имам убава коса вложувам труд .. само уште малко да ми порасне и се ке биде во ред
Косата ми е една од ретките делови од телото што многу си ги сакам, кафена и долга ми е, малку виткана, и два пати неделно миење ми се повеке од доволни за да ми изгледа убаво
Јас сум задоволна од мојата коса, долга е, густа, уабава,....така да нема потреба да менувам ништо на неа
Јас сум многу задоволна. Не се фарбам, пеглам, виткам,... Природна ми е најубава. Само шампон, регенератор и фен. И‘ треба понекогаш почесто миење, ама пак си ја сакам.
Порано мислев дека ја имам најгрдата коса на светот.. Заради тоа ја носев нон-стоп врзана.. детски глупости! Така мнгоу ја оштетив (се работи за добри 10 години врзана коса), и кога почна многу да ми паѓа (пред година, две) едвај ме натераа да ја пуштам. Долго време ми требаше да се навикнам, ама сега сум си среќна со косата. Иначе, порано ми беше многу бујна и виткана од врвовите, а сега ми е само од пола надолу Никако нема да си простам што си ја запустив со претераното врзување, ама тоа е. Ми се чини дека никој на светот не можеше да ми објасни дека не сум во право.. Ама добро е, сега веќе личи на нешто
Кај мене е тенко влакното а густа косата(барем фризерот така ми кажа).Брзо се мрсе и се лизга.Ама многу е мека и има сјај Така да, ќе кажам задоволна сум.
Паааа, да задоволна сум . Ми беше светло кафеава и си ја фарбав темно кафеава од далеку личи на црна (Така и сакав) Кадрава ми е, долга, лесна за одржување, не ми се мрси а кога се мрси не се познава ... дури на четвртиот ден После миење само брилијантин и НИКОГАШ НЕ КОРИСТАМ ЧЕШЕЛ! (освен кога се пеглам п.с. пет пати во годината)