Задоволна сум. Има волумен за должината воопшто не се секирам зошто брзо ми расти па така менувам форми и фризури на краток период. Можеби малку би сакала да ми е помека и не толку сува но редовно после миење и ставам арганово масло и проблемот е решен.
Прилично. Порано имав мака, влакното ми беше послабо, ама се среди самата од себе, не знам на што е резултат.
Воопшто не сум задоволна. Фарбана ми е, изгорена - лом. Малце офф ама дали некоја имала исто така оштетена коса од фарбање па со тек на време некако и се средила? Ама тоа да не биде со шишање лустер.
Не сум задоволна, имам тенко влакно, ретка ми е, кратка ми е, врвовите ми испукуваат,плус ми опаѓаше едно време баагишуто се осеќам со новиот фриз сакам побрзо да ми порасне.
Би сакала да ми е влакното поцврсто и косата погуста. Иначе вака ми е добра, мека, свиленкаста ама многу брзо ми се мрси. За помалце од ден и пол ќе ми стане лом ако не ставам сув шампон
Сите се задоволни од мојата коса освен јас @Hellobeautiful мене ми беше многу оштетена од фарбање, локните суканици ми биднаа, баталив фарби, секој месец шишање се обновува
Презадоволна. Долга, густа и со цврсто влакно иако секој месец ја фарбам. Немам ниеден испукан врв, а речиси година дена има како не сум ја потстрижала. Не користам никакви продукти освен шампон и повремено регенератор.
Задоволна сум. Права ми е косата, по потреба можам да си ја навиткам ако сакам, ама вака ми е полесно со права.
презадоволна, густа, долга, расти со брзина на светлината , додека сум ја исшишала таа израснала....сакам права, сакам виткана, како сакам така ми стои
Мојата е долга и најважно - здрава, косата ми е приоритет и секогаш средена но имам и многу производи за нега. сметам дека косата е круна на изгледот
Јас лично сум задоволна од мојата коса бидејќи многу ја одржувам често ги кратам врвовите и многу е здрава. Мислам дека здравата коса зависи и од негата но и од исхраната.
Задоволна сум од типот на коса кој го имам. Имам јако и дебело влакно. Тешка коса која држи локни дури 4 дена ако се направени професионално. Ако е виткана со пегла не трае ни 2 часа. Но откако ја бланширав два пати во една година и е*ав матер и сега ја чекам да порасне и да заличи на коса повторно. Сепак не е толку лоша со оглед на тоа што е оштетена, а сепак не е слабо влакното.
Косата ми се мрси на два дена ко прво. Како второ имам тенко влакно кое лесно се плетка ама тешко стои. Да ја навиткам косата (со било што) за саат/два ќе ми се пушти. Највеќе ми држи ако сум спиела со плетенки/пунџа/смоки. Моментално ми е ишишана до рамења и ја носам пуштена и пеглана.Али после некое време кај врвовите се извиткува и не личи на ништо па ја собирам. Инаку здрава коса имам во принцип