Задоволна сум Бидејќи ја бланширам, фарбам и пеглам, а ми остана истата густина и само малку ми е оштетена. А лошо е што брзо се мрси и фаќа првут. Ама со редовно миење на косата со соодветен шампон и фарбање ја одржувам плава и убава.
Си ја обожавам косата, квалитетна е, не се мрси лесно, природно е права и не бара посебно обликување по миење, доволно е да ја исушам, изгледа како фенирана. Понекогаш ми пречи тоа што е многу густа и во лето морам да ја држам високо собрана, а и тешка е за виткање. Да не речам, невозможна.
Задоволна сум од својата коса. Бара многу чешлање и тоа најмногу ми одзема време. Ама само што фарбана сум плава скоро до корен и често ми паѓаат влакна. Ова прв пат ми се случило, а си мислев дека ќе е се во ред. Ја растам долга до половина. Ама за среќа не ми опаѓа претерано она цела коса. При чешлање обавезно паѓаат влакната. А инаку убаво ми стои. И реков последен пат ми е што се фарбам плава. Три пати ја имам шатирано плава до пола. Сега ми е 4ти пат ама цела до корен.
Задоволна сум, според тоа колку пати ја имам фарбано и шатирано, добро е што не сум ќељава. Ама по некое чудо истат густа коса ја имам и по толку горења. Моментално ја имам најлошата можна должина, ни фатена ни пуштена. Кога ми е вака кратка се витка многу како сега, инаку долга е тешка и не се витка самата ако не ја извиткам а и мојата природна не стои никако освен право како праз што би рекла јас, миење на 3-4 дена, маска, чешел и фен. Ја шишам втор пат со намера да ја пораснам мојата, односно го вадам плавото, до декември како што си рачунам би требало целата да биде само мојата боја
Ретко да сум задоволна од косата, за да порасни 1 см и требаат 2 години. Покрај тоа и многу ми е слаба, кршлива, многу ми се кине на врвовите. Кога ке ја испеглам некогаш трае се додека да излезам од дома потоа ми се прави лом
Можам три дена да ја носам пуштена без проблем, четвртиот веќе се познава дека е малку масна. Немам воопшто ама буквално воопшто првут. Јако и квалитетно влакно, после секое бањање ја малтретирам со пегла, (без разлика виткање или исправање), 220 степени се у прашање. Ми издржува до следно бањање како и да ја оформам. Локни без проблем носам и по пет дена, дури и кога ми е врзана. Ја фарбам на месец ипол, расте побрзо него што сакам да расте (мразам да се шишам), али едино шо ми смета е нејзиниот природен после бањање изглед. Ако ја исушам само, нема никаква форма. Нит виткана нит права. У план ми е сеа да направам кератински третман, па можда и ќе помогне.
Пуштена ако ја носам за два дена се мрси. Жими тоа што ме нервира А инаку имам убава коса. Мека, свиленкаста
Од квалитетот да, од бојата не. Поубава, погуста и поцврста ми е откако користам шампони на природна база без силикони и не паѓа многу, само по некое влакно како што е нормално во денот.
Не сум задоволна, премногу ми е текна и ретка. Порано што убава коса имав, сега како минуваат годините се полоша ми е.
Не сум, преубава дива коса имав. Од кога почнав да ја пеглам секојдневно, почнаа да ми пукаат врвовите и ми се уништи сосема.
Не сум... Многу е бушава, ни искршена ни права па мора да ја пеглам често, а не сакам и така си ја носам бушавка понекогаш...