Последнава ја нарачав од тему, инаку има на инста продаваат: silk22, elevenpm Можно е да има и во стружанка
Пишав во темата, таму никој не враќа. Дали има некоја шо се соочува со паѓање на косата? Да прашам конкретно нешто
Досега најмногу сум задоволна. После години ја доведов во ред ја мијам 2 до 3 пати неделно. Конечно на 3 ден да можам пуштена да ја носам. Ја носев само прв ден миена пуштена, втор врзана, трет пак на миење. И сфатив дека влакното ми стануваше се потенко, а косата се помрсна ми изгледаше. Врвовите ми беа благо кажано ужас, на 3 месеци јас имав метил, како никогаш да не се шишам. Сега дури и локните повеќе ми се задржуваат. Секако не е како првите два дена, ама јас сум задоволна.
Презадоволна сум. Многу време си посветувам на нега. Секоја фризерка досега е била воодушевена од мојата коса.
@lorenn Па не баш Не само косата, туку и сите влакна по тело ми растат екстремно брзо. Се си има свое.
Општо земено ретко кој е задоволен од својата коса, ако имаш тенка сакаш погуста, ако ти е густа сакаш потенка, ако е кадрава сакаш права, ако е права сакаш кадрава и така натаму. ( без навреда на никој ова е општо кажано)
Да, презадоволна. Многу време за нега посветувам, сакам косата да ми е секогаш чиста и средена, секако и убаво да мириса.
Да. Многу позадоволна од порано, и од должина и од густина, а и многу поздрава и поквалитетна ми е сега. Се опседнав со косата, многу повеќе нега ѝ посветувам и ја тинтрам. Според мене, здрава и негувана коса е најубаво нешто. Уживам во рутините и обожавам да испробувам нови препарати за коса, многу ме исполнува тоа. Да бев вака упорна и за други работи како за косата, далеку ќе стигнев.