Витканаа си ја сакам премногу а и сум многу задоволна,само понекогаш ме нервира затоа што често знае да ми се заплетка
Витканаа си ја сакам премногу а и сум многу задоволна,само понекогаш ме нервира затоа што често знае да ми се заплетка
Ја сакам многу мојата коса, убаво ми стои виткана но полесно ми е да ја испеглам, инаку природна ми е накршена. Но мразам коа после миење ми е некако тешка најветојатно поради сите глупсти што и ги ставам(шампон за права коса,регенератор,спреј за расчешлување,маска,спреј за заштита од топлина,серум за сјај на коса, серум за мазна коса). Кога одам да се шишам и пеам „Једина моја“
не ја мразам на мене само косата си ја мразам кршлива ми е мека,и брзо ми се мрси смрт ми е косата само добро е што не ми е оштетена...
Да! Конечно сум задоволна од должината, од формата, од бојата, од волуменот. Да не ја подречам ама досега најчесто имав жалби и поплаки кон неа, а сега е целосна и комплетна Додуша на оваа нега, греота е да се пожалам Плус и последново фризерување ми беше полн погодок, браво за фризерката
Па не сум баш задоволна од моево слабо косиче. Го средувам го скратувам ама ништо слабо некако ми расте. Едвај ја оживеав косата од триста фарбања и реков ќе ја растам ама ептен ми е слабо косичето и бавно ми расте. Ај, има надеж коса е расте.
Не воопшто. Многу густа ми е,и полувиткана.. неможам да ја испеглам Ме нервира.. секоја ден се пеглам и пак ко непеглана -.-
Во последно време сум задоволна затоа што ја опраив од што ми беше оштетена а и на фризер ми дадоа добра форма па можам да ја носам и фризирана и само исушена со фен
Воглавно сум. Имам проблем околу средувањето, комплицирано е зошто иако немам густа коса, влакното е специфично и тешко се обликува, ама имам ја свои финти.
Прилично сум задоволна , после толку горење со фарбање, шатирање, пеглање, виткање. Сега скороо 3месеца и ставам кна и мислам дека тоа највеке ми ја управи косава, во смисла на мекост и сјај. Со волуменот никогаш не сум имала проблем , бидејќи и онака имам ептен густа коса, ама сега и дека е ладно капата ја ставам на глава и шибам ич не се замарам ни со пеглање ни со ништо.
Па прилично задоволна со оглед на тоа што не е масна ниту сува. Не користам регенератор, тоа дополнително ја масти косата кај мене
Не сум ни малку задоволна бидеќи многу брзо ми се мрси, не ми е сјајна а и во последно време почна и да ми паѓа
Па и не баш. Ми беше многу долга па ја ишишав кратко.Сега ми е некаде до раменици.Добро е што не ми се мрси брзо,добро сега ако не ја измијам 5 дена секако дека ќе ми се измрси но бидејќи ја мијам на 3-4 дена во лето и почесто немам проблеми со мрсењето,но многу ми е сува и поради тоа брзо ми се плетка. Знае ли некој некоја маска за сува коса да ми препорача ?
Јас сум си задоволна од својата коса.Таман е за должина (пред некое време ми беше долга ја ошишав но пак ми се допаѓа ) не ми се мрси се е океј