Бев. Се додека не ми текна да ја скратам бидејќи ми беше малку оштетена и отиде малку повеќе и... сега не ја сакам . И плус и се лутам затоа што бавно ми расте.
Па си ја сакам косата затоа што ми е долга,обожавам долга коса.Ама многу ми е оштетена од фарбање. Значи-не сум задоволна,ама ја сакам.
Должината ми е таман,ама веќе ја изгуби формата и не ми личи на ништо а имам фобија од фризери. Еднаш ме зезнаа,од тоаш не сум појавена на фризер. НЕ не сум задоволна.
не. би сакала да ми е подолга, да расте побрзо и да е скроз права да не морам да ја горам со пегли и 300 глупости за исправување и да не морам да седам дома секој пат кога надвор ќе заврне малку дожд или да е малку влажно времето, веднаш станува грмушка и неможам никако да ја скротам. -.-
си ја сакам косата ама не сум задоволна баш.. да престане да паѓа веќе редно време е, да беше малку подолга и тоа е тоа!
Бев премногу задоволна од косата и многу си ја сакав ама...ја оштетив начисто.Последната година многу ми капе,влакното ми е многу тенко и многу брзо ми се мрси.Да не ја измаијам косата 2 дена...Нема шанси!!!Веднаш се познава.Пред тоа имав многу густа,убава и долга коса ама јас сум си крива....Летото ја миев по 2-3 пати на ден,нон стоп ја пеглав и ја расипав
Од бојата да, баш си ја сакам ваква црвена а и убаво ми стои и не планирам да ја менувам во скоро време. Сакам да порасне уште некои 10-тина цм и ќе биде супер.
Делумно сум, ама не можам да кажам дека и целосно, затоа што некогаш ни се води - ни се тера. Никогаш ја немам фарбано или експериментирано со фарби на неа, така да ја имам природната боја, костенлива. Јас не сум некој голем љубител на бојава, ама што е тука е, ќе помине некако. Имам природно виткана коса, жбун, гнездо и не знам веќе како да ја наречам. Е, од овој апспект, не сум уопште задоволна од она што ми го нуди. Не можам ред и крај да и најдам, ниту еден препарат за коса не ми помага, него само ја ,,ублажува'' состојбата на косата. И заради тоа, секој ден порано ја пеглав, а сега ја фенирам. Полесно ми е и поубава форма и давам. Само се уште ја немам најдено совршената четка за фенирање . Со должината постојано експериментирам, од екстремно долга - до екстремно кратка одам. Шишање на само сантиметар,два ми е исто како ништо да не сум и правела и не ми е интересно , така да одам од крајност во крајност.
Па да, иако мислам дека ако ми беше за нијанса погуста ќе бев уште позадоволна. Инаку имам долга права костенлива коса. Нема потреба ни од пегла, а ни од фен иако сега во зима ја сушам а воедно и ја фенирам поради ладното време. Исто така го има оној здрав сјај што значи задоволна сум и од нејзиниот квалитет. Единствено можеби не ми се допаѓа тоа што брзо се мрси, но што е тука е.
Задоволна сум од бојата. Некако е помеѓу црно и кафено,некоја недефинирана нијанса. Од должината сум задоволна така,така. Да беше подолга некои 5 сантими ,ќе бев пресреќна. Формата ми е ептен погодена,и највеќе ми се допаѓа ваква. А нешто што многу ме нервира е,што многу ми е густа,и кога и да се извиткам,испеглам,исфенирам,повеќе од 2-3 саати не ми стои Исто така многу ми се мрси,ама тоа е повеќе ради мрсната кожа на главата отколку ради пречестото миење.
Искрено да,задоволна сум.Иако многу брзо ми распукуваат врвовите,ама задоволна сум од густината и од должината.Ретко ми се мрси,а и фриезерката ми вика дека сум имала доста квалитетна коса.Иако понекогаш се нервирам што ми е како гнездо кога ќе ја исмијам.Инаку природна ми е малку навиктана,ама никогаш не е носам таква,затоа што сум како подвижна грмушка И секогаш е носам фенирана права или пак пеглана,а со тоа многу ми се оштетува косата...и ми распукуваат врвовите.
Косата ми е долга густа права и кафена.. Можам да си ги правам сите фризурчиња така да многу задоволна
Да , презадоволна сум . Голема ми е си ја сакам си ја врзувам во репче,си ја фенирам премногу ја сакам. Но треба малку сега да ја скратам да се обнови