Не сум задоволна затоа што имам густа коса,но воопшто немам волумен,горе ми е сплескана,а подоле бушава Треба се да ја фенирам или тапирам За должината единствено неможам да се пожалам,али би сакала сепак да е мааалкууу подолга
Периодов баш си ја засакав зошто попослушна ми е конечно си ги погодив и шампонот и спрејот и можам без многу маки и перипетии да ја стилизирам
ПРЕЗАДОВОЛНА.Мнооооооооогу ја сакам,не ми се мрси пребрзо,бојата супер,ич не оштетена,долга..Ај да не се урочам
Зависи кога како. Ете баш сега, ми се разлитала, ми се напрчила, утре на школо не знам како ќе се осмелам да се појавам. Нит се фенира, нит се пегла. Дека не се мрси - не се мрси многу. И најубава ми е кога ми е малку мрсна. Тогаш како ја ставам така ќе стои. А за фризурата на матурска ќе ми се погрижи самата коса, со нејзините расположенија. Кога и е ќеф чиниш на фризер сум одела. А кога не и е, епа Хермиона намбр ту. И тоа во прва година Хермиона.
па да си ја сакам..не ми се мрси многу,должината ми е таман не ми расте многу брзо убава ми е долга права...
Па,зависи... Имам долга права тешка коса,ко ќе ја измијам си ја обжавам пошто ми е како свила свети мека е и нежна...И цело то трај едно 2-3 саати пошто мноогу ми се мрси...
на 2 дена одма мие мрсна, и имам многу бели влакна и многу се нервирам заради тоа, а секоја фарба се пере одма ама тоа е да не се жалам.
Да, многу ми е убава мислам сега одкако се шишав и и го сменив долгогодишниот фриз. Не ми е проблематична, малку само што ми се плетка па е потешка за чешлање во друго сум задоволна. Не ми се мрси, немам првут, не ми е сува, не ми се оштетува. Сјајна ми е и здрава
Да После подолг период пак си направив степен и дефинитивно вака ми е поубава.Иако ја пеглам,не ми е изгорена ни расцветана
Да! Пред неколку години ја носев долга, дури до половини луда работа. Сега малце експериментирав и ја шишав прво 2-3 сантима до под рамењата. Па ми порасна околу 10 см. до под рамениците, па пак ја шишав и ја направив околу 4 сантиметри од брадата. Ама за мене тоа беше многу кратко. Па се одлучив дека најдобра е уште 2-3 сантиметри да ми порасне и перфектна ќе е. Еве инаку како ми е сега:
Презадоволна..Бујна виткана коса,бојата одлична (секогаш кога ќе одам на фризер ми викаат да не ја фарбам никогаш)..